Куп на шампиони 1974/75

Куп на шампиони 1974/75 — 20-то издание на Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување.

Куп на шампиони 1974/75
Податоци за купот
Датуми18 септември 1974 - 28 мај 1975
Екипи31
Финале
ШампиониЗападна Германија Баерн Минхен
(2. титула)
Вице-шампионАнглија Лидс Јунајтед
Статистики за купот
Одиграни натпревари55
Постигнати голови173 (3.15 по натпревар)
Најдобар стрелец(и)Западна Германија Герд Милер
Советскиот Сојуз Едвард Маркаров (5 гола)

Финалето е одиграно на 28 мај 1975 на стадионот Паркот на принцовите во Париз, каде што Баерн Минхен со резултат 2-0 го победил Лидс Јунајтед, со тоа успевајќи да ја одбрани титулата од претходната сезона.

За првпат Купот на шампионите бил одигран без италијански клубови, поради тоа што Лацио, првак на Италија од претходната сезона, бил дисквалификуван од натпреварите организирани од УЕФА на една година поради инцидентот со навивачите на натпреварот во сезоната 1973/74 од УЕФА Купот против Ипсвич Таун.

Прво коло

уреди
Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Видовре   1-2   Рух Хожов 0-0 1-2
Женес Еш   2-5   Фенербахче 2-3 0-2
Хајдук Сплит   9-1   Кеплавик 7-1 2-0
Сент Етјен   3-1   Спортинг Лисабон 2-0 1-1
Корк Селтик   -1   Омонија
Викинг   2-6   Арарат Ереван 0-2 2-4
Левски-Спартак   1-7   Ујпешт Дожа 0-3 1-4
Лидс Јунајтед   5-3   Цирих 4-1 1-2
Слован Братислава   5-52   Андерлехт 4-2 1-3
Селтик   1-3   Олимпијакос 1-1 0-2
Фејенорд   11-1   Колрејн 7-0 4-1
ВЕСТ Линц   0-5   Барселона 0-0 0-5
Валета   2-4   Хелсинки 1-0 1-4
Университатеја Крајова   3-4   Отвидаберг 2-1 1-3

Забелешка: Баерн Минхен како бранител на титулата директно се пласирал во осминафиналето, додека Магдебург директно се пласирал во осминафиналето преку ждрепка.

1 Корк Селтик се пласирал во осминафиналето по повлекувањето на Омонија од натпреварувањето поради политичката ситуација во Кипар.

2 Андерлехт се пласирал во осминафиналето поради правилото за повеќе постигнати голови на гости.

Осминафинале

уреди
Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Рух Хожов   4-1   Фенербахче 2-1 2-0
Хајдук Сплит   5-6   Сент Етјен 4-1 1-5
Баерн Минхен   5-3   Магдебург 3-2 2-1
Корк Селтик   1-7   Арарат Ереван 1-2 0-5
Ујпешт Дожа   1-5   Лидс Јунајтед 1-2 0-3
Андерлехт   5-4   Олимпијакос 5-1 0-3
Фејенорд   0-3   Барселона 0-0 0-3
Хелсинки   0-4   Отвидаберг 0-3 0-1

Четвртфинале

уреди
Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Рух Хожов   3-4   Сент Етјен 3-2 0-2
Баерн Минхен   2-1   Арарат Ереван 2-0 0-1
Лидс Јунајтед   4-0   Андерлехт 3-0 1-0
Барселона   5-0   Отвидаберг 2-0 3-0

Полуфинале

уреди
Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Сент Етјен   0-2   Баерн Минхен 0-0 0-2
Лидс Јунајтед   3-2   Барселона 2-1 1-1

Финале

уреди
28 May 1975
Баерн Минхен   2–0   Лидс Јунајтед Парк на Принцовите, Париз
Гледачи: 50,000
Судија: Мишел Китабџијан (Франција)
Рот   71'
Милер   81'
Извештај

Список на стрелци

уреди

[1]

Гол Играч Клуб
5   Едуард Маркаров   Арарат Ереван
5   Герд Милер   Бајерн Минхен
4   Рене Алмквист   Отвидаберг
4   Мануел Кларес   Барселона
4   Карлес Решак   Барселона
4   Алан Кларк   Лидс Јунајтед
4   Питер Лоример   Лидс Јунајтед
4   Јурица Јерковиќ   Хајдук Сплит
4   Вилхелм Кројц   Фејенорд
4   Лекс Схунмакер   Фејенорд
4   Ерве Ревели   Сент Етјен

Случај Бајерн Минхен-Лидс Јунајтед (1975)

уреди

Исходот од финалето помеѓу Бајерн Минхен и Лидс Јунајтед, бил вклучен во истрага за европскиот фудбал спроведена од англискиот новинар Брајан Гранвил, која била широко критикувана од европските медиуми, главно британски, кој верувале дека францускиот судија Мишел Китабџијан намерно го фаворизирал германскиот тим со еднострани одлуки и покрај супериорноста изразена на теренот од англискиот тим.[2] Францускиот судија наводно не досудил два пенали и поништил "чист" гол - при кој одлучувачка била жалбата што Франц Бекенбауер му ја упатил на Китабџијан - во корист на англичаните.[3] Инцидентите предизвикани од приврзаниците на двата тима довеле до тоа УЕФА да му забрани на Лидс да игра натпревари од кое било натпреварување управувано од конфедерацијата за четири сезони до 1980 година.[2] кои последователно биле сведени на две, сепак, означувајќи го крајот на континенталниот циклус на белите, кој започнал кон крајот на 1960-тите.[4] Лидс Јунајтед се вратил во главното конфедерациско натпреварување во сезоната 1992-1993.

Наводи

уреди
  1. European Champions' Cup 1974-75 - Details su rsssf.com
  2. 2,0 2,1 "Welcome To Elland Road", Les Rowley & James Brown (1999), IFG Publishing, ISBN 0-9536338-0-2
  3. „Unlucky Paris match for Leeds“.
  4. England told: more rioting and you're out

Надивоворешни врски

уреди