А (кирилица)
А или во мала форма а (стара кирилица: , глаголица: Ⰰⰰ) — првата буква во старата кирилицата и во скоро сите денешни кирилски азбуки. Формата на буквата потекнува од формата на грчката буква алфа. Во старословенскиот јазик оваа буква се нарекувала аз () и имала бројна вредност 1. Кирилската буква има иста вредност, име и значење со глаголската буква ⰰ. Буквата се користи во сите кирилски азбуки, како на пример во македонската азбука, руската азбука, српската азбука, украинската азбука, белоруската азбука и монголската азбука. Според МФА, буквата има фонетска вредност /a/, додека кај некои несловенски јазици кои користат кирилица, буквата има вредност /ɑ/ (отворена а) или /ə/ (темен глас). Низ вековите можела да се сретне во повеќе форми сè додека не го добила денешниот изглед кој е ист со латинската буква A.
Аа | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бројна вредност: | 1 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Кирилица | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Словенски букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Несловенски букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Словенски букви вон употреба | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Буквата А во македонскиот јазик
уредиБуквата А е првата буква од македонската азбука. Самогласката а се пишува во оние зборови што во некои наши говори се изговараат со темна самогласка, о или у, на пример: маж, рака (не: мож, рока, муж, рука и сл.). Така, со а се изговараат и пишуваат и:
- внатре, газер, гасеница, гнаса, гнасен, гради, гулаб, даб, длабок, длабочина, драг, желад, заб, забец и слично.
Покрај овие зборови, со букавата а се пишуваат и:
- јагне, јаганца, јајце, јаловица, јаготка, јаре, јарем, јасен, пријател, појас, обичај, случај, кочан, началник, печали, чаша, кошара, грамада (не грмада), страна и слично.
Во нашите дијалекти различно се изговараат придавките со наставка - ар, па така имаме итар, итор или итер. Во литературниот јазик се употребува само формата - ар.[1]
Кодна положба
уредиКод на знакот | Големина | Децинала | Хексидецимала | Октална | Бинарна |
---|---|---|---|---|---|
Уникод | Голема | 1040 | 0410 | 002020 | 0000010000010000 |
Мала | 1072 | 0430 | 002060 | 0000010000110000 | |
ISO 8859-5 | Голема | 176 | b0 | 260 | 0010110000 |
Мала | 208 | d0 | 320 | 0011010000 | |
KOI 8 | Голема | 225 | e1 | 341 | 0011100001 |
Мала | 193 | c1 | 301 | 0011000001 | |
Windows 1251 | Голема | 192 | c0 | 300 | 0011000000 |
Мала | 224 | e0 | 340 | 0011100000 |
Наводи
уреди- ↑ Правопис на македонскиот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, трето издание на Просветно дело - Скопје, 1986, Редакциски одбор: Божо Видоевски, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев, Рада Угринова-Скаловска
Поврзано
уреди
Македонска азбука | |||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
А | а | Б | б | В | в | Г | г | Д | д | Ѓ | ѓ | Е | е | Ж | ж | З | з | Ѕ | ѕ | И | и | Ј | ј | К | к | Л | л | Љ | љ |
М | м | Н | н | Њ | њ | О | о | П | п | Р | р | С | с | Т | т | Ќ | ќ | У | у | Ф | ф | Х | х | Ц | ц | Ч | ч | Џ | џ |
Ш | ш |