Ԓ
Ԓ (Ԓ ԓ; ракописно: Ԓ ԓ) — буква од кирилицата. Обликот е добиен од кириличната буква Л (Л л) со додавање на ченгелче на крајот од десната нога.
Ԓ буквата се користи во чукчискиот јазик читанка објавена во 1996 година (Ԓыгъоравэтԓьэн йиԓыйиԓ), заменувајќи ја кириличната буква ⟨Л⟩ за да не настане забуна во изговорот на руската буква со истиот облик. Исто така се користи и во ителменскиот и хантискиот јазик.
Оваа буква го претставува безвучната венечна странична струјна согласка /ɬ/, како при изговорот на ⟨ll⟩ во велшкиот јазик.
Сметачки кодови
уредиЗнак | Ԓ | ԓ | ||
---|---|---|---|---|
Уникоден назив | КИРИЛИЧНА ГОЛЕМА БУКВА Ԓ |
КИРИЛИЧНА МАЛА БУКВА Ԓ | ||
Бр. систем | дец. | хекс. | дец. | хекс. |
Уникод | 1298 | U+0512 | 1299 | U+0513 |
UTF-8 | 212 146 | D4 92 | 212 147 | D4 93 |
Бројчена ознака | Ԓ | Ԓ | ԓ | ԓ |
Поврзано
уреди- Ԯ ԯ : кирилично Ԯ
- Ӆ ӆ : кирилично Ӆ
- Ԡ ԡ : кирилично Ԡ
- кирилични букви во Уникод