Анџела Картер
Анџела Картер (англиски: Angela Carter, 1940-1992) - англиска писателка.
Анџела Картер Angela Carter | |
---|---|
Роден/а | Анџела Олива Сталкер 7 мај 1940 Истборн, Англија |
Починат/а | 16 февруари 1992 Лондон, Англија | (возр. 51)
Занимање | Романописец, раскажувач, поет, новинар |
Националност | Британска |
Апсолвент на | Универзитетот во Бристолl |
Сопруг/а | Пол Картер |
Деца | 1 |
мрежно место | |
angelacarter.co.uk |
Животопис
уредиКартер го поминала раното детство со бабата и во тој период се борела со анорексијата. Подоцна, успешно студирала англиска книжевност на Универзитетот во Бристол.[1][2]
Творештво
уредиТворештвото на Картер се состои од повеќе романи, неколку збирки со кратки раскази и со есеи, преводи на бајките на Шарл Перо, како и многу песни и статии. Во 1965 година го објавила првиот роман „Танц на сенките“ (Shadow Dance) кој бил позитивно оценет од критичарите, кои ја прогласиле во редот на најоригиналните британски млади писатели.[2] Таа е позната по своите феминистички ставови, магискиот реализам и живописниот стил на нејзините романи и раскази.[1] Картер е добитничка на неколку награди меѓу кои се издвојуваат наградата „Сомерсет Мом“ и Челтенехемовата награда за збирката „Крвава соба“.[2] Нејзини поважни дела се:[1]