Д Џон
Д Џон (The John)[1] — македонски музички рок состав од Скопје, активен од 2006 година.
Д Џон (The John) | |
---|---|
Потекло | Скопје, Македонија |
Жанрови | сурф-диско-панк, алтернативен рок, панк, психоделичен рок |
Период на активност | 2006 година - денес |
Издавачи | PMG Recordings, Jesus Pill & Balam, Балкан Велики |
Членови | |
Прв состав:
Љупа Ангелов - гитара, усна хармоника, вокал... Втор состав: Љупа Ангелов - гитара, усна хармоника, вокал...Филип Пајдаков-Фец - бас-гитара Георги Божиков-Жоро -тапани Дарко Тасевски - гитара |
Овој сурф-диско-панк бенд е сублимат на целото животно и музичко искуство на еден од најталентираните автори на поновата генерација македонски рокери, Љубомир Ангелов-Љупа.
Љупа се претставува и под името Lepi Xhoni, The John & Space Rebel Gang, Љупа Ангелов
Почетоци
уредиУште како млад адолесцент, Љупа настапувал како гитарист во бендови како Бла Бла Бла... , Беи Д Фиш, ПМГ колектив, учејќи на тој начин најдиректно од повозрасните за комплетниот процес на создавање квалитетна музика. Некаде во 2006 година иако бил сè уште формално член на ПМГ колектив, паралелно го создавал и својот дебитантски материјал, потполно сам, во свое домашно импровизирано студио, во најголем дел на компјутер.
Неколку месеци по концертната промоција на деби-албумот на ПМГ Колектив, Резонатор, во март 2007 година, „ПМГ Рекордингс“ го објавиле неговиот прв студиски материјал, Happilysad. На ова EP со шест теми, Љупа има само една песна на македонски јазик, Mr. Komplex, обработка на тема од Бастион. Во иднина, во најголем процент од изданијата што следувале, тој во целост застанал зад идејата да се пее на македонски јазик, инспириран најмногу од Бернајс Пропаганда. Негова главна инспирација биле улиците и животот во Скопје.
Љупа не ја напуштил идејата за сопствен бенд, па за потребите за неговото концертно промовирање, на 13.3.2007 во клубот „Кристијан“, му помогнале Антонио Дојчиновски-Дојчин (Мугерфугер) на бас-гитара и Димитар Петров (Бла Бла Бла...) на тапани. Настапите со овој материјал траеле повеќе од една година, најчесто во Скопје, но поретко и надвор од Скопје.
да додадам цитат од интервјутооо
Историја
уредиПрвото позначајно фестивалско појавување ова трио го имале на 1 септември 2007 година, кога биле дел од второто издание на Музичкиот фестивал „plagij. at turns 2“, организиран од истоимената музичка веб-страница, која од самите почетоци го популаризирала творештвото на Д Џон. Паралелно со настапите, Љупа во континуитет создавал и снимал нов материјал, како вистински хроничар на случувањата во градот. Две години по деби-изданието, се огласил како гитарист на LP-то на Марија Каева, 4Incidents, а речиси во истиот период, стариот поддржувач „ПМГ Рекордингс“, го обзнанил и новиот материјал, целосното изданието, Ти И Јас И Градот Наш. Албумот е мозаик од десет прилично искрени, непретенциозни и куси теми, раскажани од перспективата на еден млад човек, кој живее во главниот град на една „откачена“ мала држава. Носечката, Ние сме од Скопје, е тема на Мирко Попов (ПМГ колектив), но во изведба на Љупа, претставува извонредно мало ремек-дело што подоцна е употребено и во филмот „Skopje Remixed“, a физички било објавено и на истоименото издание, Ние Сме Од Скопје на ПМГ Колектив. (Илузија, исто така е тема на The John застапена во филмот.)
Љупа собрал нова постава Филип Пајдаков-Фец на бас-гитара, а Георги Божиков-Жоро (Меморија, Леб и Сол) на тапани и како трио, бендот бил поканет и настапил за првпат надвор од Македонија, во КЦ „Град“ во Белград (Србија), а набргу по овој настап му се придружиле и Дарко Тасевски (Undone) на втора гитара. Ова е поставата која го изградила и го популаризирала тој препознатлив „гараж психоделик звук од шеесетите“ на Д Џон.
Енергичноста на квартетот први ја почувствувале посетителите на Филмскиот фестивал „Cinedays“, на 23.11.2009. По кратко учество во ПМГ Колектив во 2010 година, истата година во јуни со својот бенд го издава EP-то Self Titled во дигитална форма, и освен ремикс на Ние сме од Скопје, содржи и неколку постари песни на Љупа и само една потполно нова, Досада. Таа, во спејс-фолк верзија, била поместена и на второто EP (Azdis), кое го објавил многу подоцна, во ноември 2011 година, заедно со преработката на Пушти струја низ мене, од Партибрејкерс, и само две нови теми. Последното EP од оваа трилогија е објавено само еден месец по Azdis, именувано како Quite Noise For Export. Највпечатлив бил каверот на ХаХаХа, Indie in the city.
Во август 2012 година, бендот заминал на својата прва мини-турнеја низ Хрватска и Италија, на враќање поминувајќи и во Подгорица на 12 август, и во Тирана на 23 август, за да на 1 септември, испорача квалитетен настап и пред фановите во Виница, настапувајќи на Фестивалот „Слободна Зона 3“. Во 2012 година Љупа работел на наменска музика креирајќи ја звучната слика за „Lost Fait“, модерната балетска претстава на Сташа Ефтимова. Во октомври, „ПМГ Рекордингс“ го објавува албулот на The John, Waufvw!!!. За првпат на некои од песните се појавуваат и гости – Krist Krst, LD Pistolero, Огнен Анастасовски-Окац (Bei The Fish), а традицијата со посвети на македонски бендови ја продолжил со омажот на Ласт Експедишн, За нас нема крај. Концертно, бендот пред скопските фанови го презентирал материјалот на 8 ноември, во просторот зад киното „Фросина“, по што следувала и кратка клупска промотивна турнеја низ Македонија (Куманово, Битола). На 29 декември учествувале на првото издание на Фестивалот на независна музика „Земјотрес“.
На 13.1.2013, со својот прв настап во „Канал 103“, во емисијата „Ако никој не свири“, бендот работел на нов проект, Space Rebel Gang. Во годишниот избор на „Канал 103“, за 2013 година, албумот Waufvw!!! бил прогласен за албум на годината, а се нашол и на деветтото место според списанието „Rolling Stone“, во изборот за албум на годината во регионот.На 9 мај, бендот ја започнал „Waufvw!!! Balkan Tour“, со завршен концерт на 17 мај, на третото издание на Фестивалот „Здраво млади“ во Скопје. Бендот учествувал и на фестивалите: „Скопје се сеќава – 50 години од скопскиот земјотрес“, на 26 јули; „Аларм за природата“, на 7 август; на 9 август, во Битола, на Фестивалот за современи уметности „АКТО“, на неговото 8. издание, а на 25 август во Гевгелија, на 5. издание на БОШ, „Мултимедијален Арт Фестивал“. Поддржани и од и од Министерството за Култура на 10 септември, Д Џон како претставници од Македонија настапиле во Ница (Франција) на 7. издание на манифестацијата „Франкофонски игри“. Љупа, на 9.10.2013 организирал слушачка промоција на материјалот (EP со пет песни) на својот прв соло проект, Lepi Xhoni, во клубот „Менада“. Pesni, како прво издание на неговата издавачка куќа, „Jesus Pill & Balam“, ја дал какофоничната слика на битисувањето артикулирана преку алтер-егото на „урбаниот херој“, Lepi Xhoni. Концертното промовирање се одржало на 18 октомври 2013 година во МКЦ, на „PMG Recordings Festival #4“.
Во 2014тата Љупа се претставувал со својот паралелен лик, Lepi Xhoni.
На 4 април го обзнанил и конкретниот производ од проектот The John Vs. Space Rebel Gang, односно бендот Д Џон, засилен со Џано Куч на тапани. Хитот Слобода од истоимениот албум е концертниот фаворит.
На иницијатива од словенечки промотори, The John & Space Rebel Gang како македонски претставници учествувале во проектот „Од Вардар до Триглав“, кој предвидувал заеднички концерти во регионот, и тоа, на 23 октомври во Љубљана, 24-ти, Мурска Собота, 29-ти во Белград, и на 30 октомври во Скопје.
Во декември 2014 година, на онлајн-дигиталната компилација на „ПМГ Рекордингс“, Skopje 2014 – The End Game, се појавила прекрасната обработка (ремикс) Ми вети, на темата на Драган Ѓаконовски-Шпато, Девојка, потпишана од Lepi Xhoni.
На 7.2.2015, во МКЦ,членовите на The John ќе настапат во рамките на Фестивалот на независна музика, „Земјотрес 3“.
На 13.2.2016 во Радио Слободна Македонија, како Lepi Xhoni, па ќе ги воскресне The John & Space Rebel Gang за прво гостување во Бугарија, на „Rocket Psyence Fest“, на 13 мај, и ќе му се наврати пак на The John, на 11.6.2016, во Градски парк, како дел од Фестивалот „Skopje Street Festival Vol. 4“, односно, на 26.6.2016, во Кино „Култура“, во рамките на „Skopje Pride Weekend 2016“. Циклично, ќе следува настап како Lepi Xhoni (15 – 17 јули, „Д Фестивал“во Дојран) и на крај, кога сите ликови ќе му се испомешаат, на 1 декември во МКЦ, во рамките на програмата на фестивалот „Таксират“, ќе се најави како Lepii X Xhoni.
2017тата година ја започнал како дел од проектот на Саша Павловиќ-Фрешко, Демек, со настап во Бугарија, а во јули истата година изработил две нови песни, Само еднаш и Другар, достапни за слободно симнување, во издание на „Балкан Велики“, објавен едноставно под името Љупа Ангелов. Синглот го промовирал настапувајќи во дует со Васко Атанасоски (Бернајс Пропаганда) во клубот „Бла Бла“.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Изданија на „Бернајс Пропаганда“ Архивирано на 29 мај 2016 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар.