Џајв е меѓународно признат назив за сите негови предци, а всушност комбинација од сите нив: во 30-тите - Линди хоп, Блуз, Свинг;од 40-тите Буги-Вуги, Бибоп и од 50-тите Рокенролот. Овие танци, кои тогаш биле популарни во САД, американските војници ги пренеле во Европа, поточно во Англија за време на Втората светска војна. Овие танци брзо станале познати, бидејќи нивната музика е таква што покренува и ги повикува на танц и младите и старите. По војната, Буги го презел приматот во музиката.

Џајв

За Џајвот

уреди

Во март 1926 година, Савој салата ги отворила своите вратите во Њујорк. Таа сала постигнала моментален успех со својот голем подиум за танцување. Ноќното танцување ги привлекло повеќето од најдобрите танчери во областа Њујорк. Поттикнати од присуството на најдобрите танчери и прекрасна музика, музиката во Савој била воглавно Свинг Џез.

Една вечер во 1927 година локален танцов ентузијаст наречен „краток Џорџ“, ги набљудувал некои парови како танцуваат. Кога еден новинар го прашал на кој танц танцуваат, случајно се случило до него да се нашол весник со статија и тој само одговорил Линди Хоп. И токму тој танц се смета за еден од предците на Џајвот.

Англиските учители го обликувале овој елегантен, но и понатаму жив танц - Џајв. Со малку побавна музика, во 1968 година го добил своето место меѓу латиноамериканските танци и значително го променил имиџот на танцот, правејќи го повозбудлив и побезгрижен.

Музика: брза, подвижна, темпераментна, безгрижна, освојувачка, полна со животна енергија, весела, младешка. Такт: 4/4.

Како натпреварувачки танц се игра последен, односно петтиот танц во латиноамериканските танци. Тој е многу атрактивен како натпреварувачки танц, но и физички и технички бара да се учи.

Како танц се изучува во училиштата и се игра на танцови вечери, но изгледот и карактерот на тој танц е доста далеку од оној што го изведуваат врвни спортски танчери.

При учењето најважно е добро да се совлада основниот чекор, за да се Џајвот се игра без промена на висината, односно без „скокање“.

Наводи

уреди