Дух (призрак)
Според традиционално верување дух претставува душа или дух на починато лице или животно кое може да се пројави во видлива или друга форма, пред живите луѓе. Има разни описи за пројава на духовите: Начинот на пројавувањето може да варира од едно невидливо присуство, проѕирна или шумовидна форма, па сè до реални луѓе прикажани како визии. Обидот да се повика дух на почината личност е познат како црна магија, или во спиритизмот како „сеанса“.
Верувањето во пројава на духовите на умрените е широко распространето, и датира од анимизмот или од обожувањето на предците опишано во постарите книжевни култури.Одредени религиозни ритуали — погребни обреди, егзорцизми,одредени ритуали на спиритизмот и обредната магија се специјално смислени за да се смириат духовите на мртвите. Духовите се обично опишани како осамени суштества кои прогонуваат одредени места, предмети или луѓе кои биле дел од нивниот живот, преку приказни за армии од духови, возови со духовен облик, бродови со духовен облик, па дури сеспомнуваат и духовни животни и броеви.
Типологија
уредиАнтрополошка содржина
уредиИдејата на возвишено, натприродно или духовно, обично вклучувајќи суштества како духови демони или божества, е културно универзална. Во постарите писмени народни религии, овие верувања, се често сумирани под поимот анимизам и обожување на предците. Во многу културни злоќудни , немирните духови се разликуваат од пријатните духови кои се вклучени во обожавање на предците.
Обожавањето на предците обично вклучува ритуали со цел да се спречи одмазда на духот.Одмаздничките духови на умрените, се најчесто замислувани како гладни и завидливи на живите луѓе.Стратегиите за спречување на одмазда можат да вклучат жртви,односно давање храна и пијалак на покојните за да ги смират, или ги протераат со магија со цел тие да ги прогонат од тоа место. Ритуалот на хранење на мртвите се врши преку традиции како што е кинескиот фестивал на духови или Ден на сите души на Западот. Протерувањето на мртвите со магија е присутно во многу обичаи на погребување во светот. Повеќето тела пронајдени во гробовите според ритуалот биле врзани за раце и нозе пред погребот. Подоцна овој обичај на погребување на мртвите продолжил да се негува во руралниот дел на Анадолија.Антропологот од XIX век Џејмс Фрејзер во своето класично дело Златната гранка ,изјавил дека душите се гледале како суштества без визуелен приказ на телото.
Дополнително
уредиДухови и задгробен живот
уредиИако човечката душа била симболично или понекогаш буквално прикажана во античките култури како птица или друго животно, било широко распространето дека духот е чиста репродукција на телото во секој поглед, дури сведувајќи се и дека ја има истата облека. Ова е прикажано во уметнички дела од различни култури, вклучувајќи и работи како египетската книга на мртвите, која прикажува починати лица во задгробниот живот кои се појавувале како што биле пред смртта, вклучувајќи го и истиот стил на облека.
Заеднички одлики
уредиДруго широко распространето верување во врска со духовите е дека тие се составени од маглив, воздушест, или суптилен материјал. Антрополозите ја поврзуваат оваа идеја со поранешните верувања дека духовите биле лица во состав на други лица (духот на човекот), што во античките култури е најпознато како здив на една личност, кој по воздивнување во постудена клима се појавува видливо во вид на бела магла. Ова верување исто така може, да го прошири метафоричното значење на "здив" во некои јазици, како што се латинскиот spiritus и грчкиот pneuma, кои по аналогија се прошириле во врска со значењето на терминот душа. Во Библијата, Бог е претставен како видлив приказ на Адам во вид на здив.
Во многу традиционални верувања, често се мислело дека духовите се починати луѓе кои бараат одмазда, или затвореници на земјата за лошите работи што ги правеле за време на животот. Изгледот на духот често се сметал како знак за предскажување на смртта. Гледајќи свој двојник во вид на дух или "fetch" е предзнак поврзан со смрт.
Белите дами биле опишани како честа појава во рурални области, и се верувало дека имале трагична смрт или доживеале траума во текот на животот. Легенди за Белата Дама се пронајдени низ целиот свет. Заедничко за многу од нив е и темата на губење на драга личност или пак предавство од страна на мажот или свршеникот. Тие често се поврзуваат со поединечна семејна лоза, како предзнак на смртта . Кога ќе се види еден од овие духови тоа е знак дека некој во семејството ќе умре.
Легенди за бродови во духовен облик постоеле уште од 18 век; најзначајна од нив е „Летечки Холанѓанец“.Оваа тема била применета во литературата во „Поемата на Стариот морнар“ од Колриџ.
Локализација
уредиМестото каде што се појавиле духовите, често се гледа како опседнато место, кое често било населено од духови на починатите кои можеби биле поранешни жители или некако запознаени со тој имот.За натприродната активност во домовите се вели дека е главно поврзана со насилство или трагични настани во местата каде што имало убиство, случајна смрт или самоубиство — понекогаш во блиско, понекогаш во подалечно минато. Но, не сите опседнувања се на место каде што имало насилна смрт, па дури и насилна основа. Многу култури и религии веруваат дека суштината на битието, како на пример 'душата',продолжува да постои. Некои филозофски и религиозни погледи тврдат дека 'духовите на оние кои умреле “се присутни” и заробени во внатрешноста на имотот, каде што нивните сеќавања и енергија се силни.
Историја
уредиАнтиквитети
уредиМесопотамија
уредиПостојат многу знакови за духовите во месопотамските религии - религиите на Сумер, Вавилон, Асирија и други облици на рани држави во Месопотамија.Траги од овие верувања останале во подоцнежните Аврамски вери кои се прошириле за да доминираат во регионот. За духовите се мислело дека се создаваат во времето на смртта, земајќи ги меморијата и личноста на мртвиот човек. Тие патувале на некое посебно место, кое им било доделено, и опстојувале на сличен начин како живите луѓе. Се очекувало од роднините на загинатите да им понудат храна и пијалак за да им ги олеснат нивните услови. Ако тие не го направеле тоа, духовите можело да предизвикаат несреќа и болест на живите. Традиционалните практики на лекување им припишуваат разни болести на луѓето како резултат на активноста на духовите, додека други биле предизвикани од богови или демони.
Стар Египет
уредиИмало широко-распространето верување во духовите во египетската култура во смисла на натамошното постоење на душата и духот по смртта, со способност да помогне или да наштети на живите,и можност за втора смрт. Во период од повеќе од 2.500 години, се јавуваат египетски верувања за природата на задгробниот живот кои постојано се менувале. Многу од овие верувања се запишани во натписи и надгробни слики. Египетската книга на мртвите се повикува на некои од верувањата од различни периоди на египетската историја. Во модерните времиња, нереалниот концепт на мумија која се враќа во живот и одмаздата кога е вознемирена доведе до создавање на цел жанр на хорор приказни и филмови.
Библиски наводи и Јудео-христијанско верување
уредиХебрејската тората и Библијата содржиат неколку повикувања за духови, здружувајќи го спиритизмот со забранетите окултни активности во Второзаконие 18:11. Најзначајните повикувања во Првата книга на пророкот Самоил, во која маскираниот крал Саул во вештерка од Ендор се повикаува на дух/сениште на Самоил. Во Новиот завет, Исус мора да ги убеди учениците дека тој не е дух, по воскресението, Лука 24,37-39 (забележете дека некои верзии на Библијата го користат поимот "дух"). Слично на тоа, следбениците на Исус, најпрво верувале дека тој е дух кога го виделе како оди по вода.
Како таква, поголемиот дел од христијанските цркви ги смета духовите како суштества кои додека се врзани за земјата, не живееат материјално. Исто така,некои христијански деноминации учат дека духовите се суштества кои се наоѓаат во состојба на воскреснување пред да го продолжат своето патување кон небесата. По тој повод, Бог ќе им овозможи на душите во оваа состојба да се вратат на земјата за да ги предупредат живите на потребата од покајание. Сепак, Евреите и христијаните се учат на тоа дека е грешно да се обиде да се контролира духот, во согласност со Второзаконието: 9-12
Кога ќе преминат над оваа позиција, за некои духови всушност вели дека се демони како што учи Црквата, во согласност со 1 Тимотеј 4,1, дека „... во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења ...“ Како резултат на тоа, обидите да се контактираат мртвите може да доведат до несакан контакт со демон или нечист дух, како што било случај со Роби Манхајм, четиринаесет годишен младич од Мериленд. Според еден христијански извор, појавата на небесно тело на светлината, е заеднички паранормалнна појава кој се припишува на духовите, и може да се објасни од 2 Коринтјани 11,14, во кој се наведува дека "дури и сатаната се маскира себеси како ангел на светлината".
Класична Грција
уредиДухови се појавија и во Хомеровата Одисеја и Илијада, во кои се опишани како исчезнуваат "во вид на пареа", и испуштаат гласови на земјата. " Духовите на Хомер имале мала комуникација со светот на живите.Тие биле периодично повикуваани да дадат совети или пророштво, но особено не за да се плашат луѓето од нив. Духовите во класичниот свет често се појавуваат во вид на пареа или чад, но во други времиња биле опишувани како суштински, појавувајќи се како што изгледале во времето на смртта, со истите рани коишто ги имале за време на нивната смрт.
Од 5 век п.н.е, класичните грчки духови станале прогонувачки ,застрашувачки суштества, кои можеле да имаат добри или зли намери. За духот на мртвите се верувало дека лебди во близина на местото каде е погребан трупот, затоа гробиштата биле места кои ги избегнувале живите луѓе. Им се одавало почит и жалење на мртвите преку јавна церемонија, жртва и вино, ако не го напреавеле тоа во спротивно тие можело да се вратат да ги прогонуваат нивните семејства. Старите Грци одржувале годишни празници во чест на духовите на умрените, со цел да го задоволат нивниот вкус. На овие манифестации се поканувале духовите на семејствата кои го служат јадењето, по што биле " љубезно поканети да го остават јадењето и пиењето до истото време следната година”.
Во претставата од 5 век п.н.е Орестеја се појавува еден од првите духови во областа на фантастиката.
Римското Царство
уредиСтарите Римјани верувале дека духот може да се искористи како одмазда на непријателот со гребење на парче олово или керамика и ставајќи го во гробот на мртвиот.
Плутарх, во 1 век од н.е., го опишал прогонувањето на бањите во Херонеја од дух на убиениот маж. Духот, со гласно и пострашно завивање предизвикал луѓето да ги заклучат вратите во домовите. Друг пример за опседната куќа од античкиот класичен свет е даден од страна на Помладиот Плиниј (околу 50 н.е.). Плиниј опишува прогонување на една куќа во Атина од страна на дух врзан во синџири. Прогонувањето престанало кога бил откопан окован скелет на духот,и повторно бил соодветно погребан. Писателите Плавт и Лукијан , исто така, пишувале приказни за куќи опседнати од духови.
Еден од првите лица кои искажале недоверба во духови бил Лукијан од Самосата во 2 век од нашата ера. Во неговиот расказ "Сомничавецот" (околу 150 н.е) тој се однесува како Демокрит "учениот човек од Абдера во Тракија" кој живеел во гробница надвор од градските порти за да докаже дека гробиштата не биле опседнати од страна на духовите на упокоените. Лукијан кажува за тоа како тој бил цврсто убеден во своето неверување и покрај направените шеги од "некои млади луѓе од Абдера" кои облечени во црни облеки, со маски на главите сакале да го исплашат. Со овој податок од Лукијан се споменува нешто во врска со популарното класично очекување за тоа како треба да изгледа дух.
Во 5 век од н.е.,христијанскиот свештеник Констанс од Лион снимил примерок од тема за неправилно погребани лица кои се враќале и ги прогонувле живите, и единственото нешто што го прекинало прогонувањето е кога нивните коски биле откриени и соодветно закопани.
Средниот век во Европа
уредиДуховите кои биле присутни во средновековна Европа биле поделени во две категории: души на мртвите и демони. Душите на мртвите се враќале за одредена цел, додека демонските духови постоеле само да ги мачат или примамат живите. Живите луѓе можеле да ги препознаат според тоа што ќе побарале од духот да ја каже неговата цел, во името на Исус Христос. Душата на умрениот ја открвал својата мисија, додека демонскиот дух се прогонувал на кажувањето на името на Исус(Светиот дух).
Повеќето духови биле души на Чистилиштето, осудени на определен период за да се искупат за своите престапи во животот. Нивното посветување генерално се однесува на нивниот грев. На пример, духот на еден човек кој бил навредлив за неговите слуги се осудувал така да си откине и проголта делови од својот јазик, духот на друг човек, кој имал занемарено да ја даде својата наметка на сиромасите ,бил осуден да ја носи наметката, сега "тешка како камбанарија на црква". Овие духови се јавувале на живите за да им побараат молитва и да стават крај на нивните маки.Други мртви души се враќале за да ги натераат живите да ги признаат своите гревови пред својата смрт.
Духовите од средновековна европа се позначајни од оние опишани во времето на Викторија, а има и многу духови кои се спротивставувале физички и биле психички растргнати сè додека свештеникот ќе ги натерал да ја слушнат нивната исповед пред господ. Некои биле помалку цврсти, и можле да се движат низ ѕидови. Честопати тие се опишани како побледи и потажни верзии на луѓето додека тие биле живи, и облечени во свиниски партали. Најголемиот дел од пријавените видувања се за духови од машкиот пол.
Имало некои случаи во кои се пријавени армии од духови кои во текот на ноќта воделе борби низ шумите, или во остатоците на железното време, како во Венделбури,во близина на Кембриџ, Англија. Понекогаш во англија витезите биле предизвикувани на борба од витези со духовно тело кои кога биле поразени исчезнувале.
Од средновековниот период пројава на дух е забележана во 1211 година, во времето на Албигестианската крстоносна војна. Маршалот на Арл, напишал дека сликата на Гилем, едно момче неодамна убиено во шума, се појавило во домот на неговата братучетка во Бокер, во близина на Авињон ,така да имало многу посети од луѓе на домот тоа лето. Преку неговиот братучед, кој зборувал за него, момчето, наводно, разговорало со секој со кој посака, сè додека локалниот свештеник не побарал духот да зборува директно без да зазема друго тело, што доведува до проширена дисквизиција на теологијата. Момчето раскажувало за траумата на смртта и на несреќата на неговите колеги, души во чистилиштето, и изјавил дека Бог бил најмногу задоволен со текот на крстоносна војна против Катарските кривоверци, отпочната три години порано.За време на Албигеинсанската крстоносна војна во јужниот дел на Франција, интензивното војување, постојаното крвопролевање и иселување на населението се во контекст на овие зборови пренесени од страна на убиеното момче.
Арапски вечери
уредиОпседнати куќи се јавуваат и за време на Илјада и една ноќ од 9 век (како што е приказната за Али Кариен и опседнатата куќа во Багдад ).
Европската ренесанса на романтизмот
уредиРенесансната магија зеде поттик на интересот за окултното, вклучувајќи ја и црната магија. Во времето на реформацијата и контра-реформацијата,често имало реакција против интересот за темните (мрачни) уметности, пишувани од писатели како што се Томас Ераст Швајцарскиот реформиран свештеник Лудвиг Лаватер кој ја напишал една од најпрепечатените книги од тој период “Одење на духови и призраци во ноќта”.
Детската балада , Духот на слаткиот Вилијам од 1868 година раскажува приказна за еден дух како се враќа да ја моли жената да го ослободи од своето ветување дека ќе се ожени со неа, како тој би поминал во мртвите. Нејзиното одбивање би значело неговото проклетство. Ова се одразува на популарното британскато верување дека мртвите ги гонат нивните љубовници, ако тие најдат нова љубов без некое формално ослободување од ветеното . Гробот Анквает дава дури и пораспространето верување,кое е забележано на различни локации низ Европа: духовите можат да се запрат со прекумерната тага на живите за нив, чија жалост интерферира со мирен одмор на мртвите. Во многу народни бајки од целиот свет, јунакот го организира погребот на мртовецот. Набргу потоа, тој добива придружник, кој му помага ,и на крајот, придружникот на херојот открива дека тој е всушност мртовиот човек. Пример за ова вклучуваат италијанската народна приказна Чесен човек и шведската Птичји канџи.
Модерен период на западната култура
уредиспиритистичко движење
уредиСпиритизмот е монотеистички систем на верување или религија, пропишан со верување во Бог, но со карактеристична црта на верување дека духовите на мртвите живеат во духовен свет и дека може да се контактира со нив преку "духовен ритуал," кој потоа може да им обезбеди информации за задгробниот живот Спиритизмот е развиен во САД и го достигнал својот врвен раст во членството од 1840 до 1920 година, особено во земјите во кои се користел англискиот јазик. Од 1897 година, било кажано дека спиритизмот има повеќе од осум милиони следбеници во САД и Европа, од кои повеќето се од средната и повисока класа, додека соодветното движење во континентална Европа и Латинска Америка е познато како Спиритизам.
Религијата цветала половина век без канонски текстови или формална организација, постигнување единство со списанија, патувања со предавачи, состаноци, и мисионерски активности. Многу од истакнатите духовници биле жени. Повеќето следбеници поддржале постапки како на пример укинување на ропството и право на глас на жените. До крајот на 1880-тите, кредибилитетот на неформалното движење ослабнало, поради обвинувања за измама меѓу медиумите, и почнало да се појавуваат формалните духовни организации. Во моментов спиритизмот се практикува првенствено преку разни деномиционални спиритуалистички Цркви во САД и Велика Британија.
Спиритизам
уредиСпиритизот,или на француски спиритуализам, е заснован на пет книги од спиритистчката кодификација напишани од францускиот учител Хајполит Леон Денизард Соперник под псевдонимот Алан Кардек кој пишувал за сеансите во кој тој забележал серија на феномени кои тој ги припишал на бестелесната интелигенција (духовите). Неговата претпоставка за духовите била поддржана од многумина негови современици, меѓу кои научници и филозофи, кои присуствувале на сеансите и комуникациите со овој феномен. Неговата работа подоцна била продолжена од страна на писатели како Леон Денис, Артур Конан Дојл, Камил Фламарион, Ернесто Бозано, Чико Ксавиер, Дивалдо Переира Франко, Валдо Виера, Јоханес Гребер и други.
Спиритизмот има следбеници во многу земји ширум светот, вклучувајќи ги Шпанија, САД, Канада, Јапонија, Германија,Франција, Англија, Аргентина, Португалија и посебно Бразил, кој има најголем процент и најголем број на следбеници.
Научен скептицизам
уредиЏо Никел од Комитетот за скептична истрага, пишува дека нема веродостојни научни докази дека било која локација била опседната од страна на духовите на умрените. Ограничувањата на човечката перцепција и обичните физички објаснувања може да доведат до видувања на дух. На пример притисокот на воздухот може да предизвика силен удар на вратите од домовите, или светла од кола во состојба на возење да продрат низ прозорците во текот на ноќта. Пареидолиа, вродена тенденција да се препознаат случајни перцепции, е она што некои скептици веруваат дека кај луѓето предизвикува да веруваат дека виделе духови. Описите на духови "видени со префиферниот дел на окото" можат да се препишат на чувствителноста на човековата периферна визија. Според Никел, периферниот вид може лесно да не прелаже, особено доцна навечер кога мозокот е уморен и има поголема веројатност погрешно да протолкуваме некои погледи и звуци. Некои истражувачи, како Мајкл Персинџер на Лаврентијскиот универзитет, Канада, шпекулирал за промените во геомагнетните полиња (кои предизвикуваат, на пример, тектонски нарушувања на Земјината кора или сончевата активност)на Земјата со што може да се стимулира привремено губење на сетилата и да дојде до реагирање на претходни искуства поврзани со опеднатоста .Се мисли дека звукот е уште една причина за видувања на духови. Ричард Лорд и Ричард Вајсмен заклучуваат дека инфразвукот може да предизвика луѓето да доживеат лоши чувства во една просторија, како што се вознемиреност, екстремна тага, чувство дека некој ги набљудува, па дури и морници. Труењето со јаглерод моноксид,што може да предизвика промени во перцепцијата на визуелни и аудитивни системи, беше шпекулирано како можно објаснување за опседнати куќи уште во 1921 година.
Култура
уредиАвстронезија
уредиПостојат многу малајски митови за духови , остатоци од старите анимистички верувања, кои подоцна се променети со влијанија од страна на хиндусите, будистистите и муслиманите. Некои претпоставки за духовите на женските вампири , Понтианак и Пенангалан се распространети низ целиот регион. Духовите се популарна тема во модернаите филмови во Малезија и Индонезија. Исто така, постојат многу приказни за духови во филипинската култура, почнувајќи од некогашните легендарни суштества како што се Мананангал и Тианак па сè до помодерните урбани легенди и хорор филмови. Верувањата, легендите и приказните се разликуваат според кажувањата на луѓето на Филипините.
Имало широко-распространето верување во духови во полинезиската култура, од кои некои постојат и денес. По смртта, духот на починатото лице нормално патувало кон небото или на подземниот свет, но некои од нив можеле да останат на земјата. Во голем број Полинезиски легенди, духовите често биле активно вклучени во тековниот живот на живите. Духовите, исто така можеле да предизвикаат болести па дури и го нападнат телото на обичните луѓе, и да доведат до тоа тие да бидат подложни на силни лекови.
Кина
уредиПостојат многу податоци за духовите во кинеската култура. Дури Конфуциј вели: "Почитувај ги духовите и боговите, но држи се подалеку од нив" Духовите презимаат многу форми, во зависност од тоа како загинало лицето, но почесто нанесуваат штета. Многу кинески верувања за духови биле прифатени од соседните култури, особено Јапонија и југоисточна Азија. Верувањата во духови се тесно поврзани со традиционалната кинеска религија заснована на обожавање на предците, од кои многу биле вклучени во таоизмот. Подоцнежните верувања биле под влијание на Будизмот, и со таквото влијание се создале уникатни кинеско-будистички верувања.
Многу кинези денес веруваат дека е можно да се комуницира со духовите на нивните предци низ духовен ритуал, и дека може да се помогне на предците потомци. Годишниот фестивал на духот се слави од кинезите низ целиот свет. На овој ден, духовите и призраците, вклучувајќи ги и оние на починатите предци,излегуваат од гробовите. Духовите се опишани во класичните кинески текстови, како и модерната литература и филмови.
Европски фолклор
уредиВерувањето во духови во европскиот фолклор се одликува со стравот од "враќање" на покојните кои можат да наштетат на живите луѓе. Ова ги вклучува и скандинавскиотgjenganger,романскиот strigoi, српскиот vampir, грчкиот vrykolakas,итн. Британскиот фолклор е особено забележлив по своите многубројни проколнати места.
Популарниот фолклор отсекогаш бил отфрлен како суеверие од страна на образованата класа,но верувањето во душата и во задгробниот живот останало како широко распространето сè до појавата на атеизмот во 18 век. Во 19 век спиритизмот го вратил "верувањето во духови" како предмет на систематско истражување, и со тоа јавното мислење за духот во западната култура останало поделено мегу народот.
Индија
уредиbhoot или bhut (भूत, ભૂત, or بهوت) е натприродно суштество, обично дух на покоен човек , во популарната култура, литература, и некои древни ракописи на индискиот потконтинент. Толкувањата за тоа како овоие духови отпочнале со постоење се разликуваат во секој регион и заедница, но тие се обично се сметаат за тажни и немирни што се должи на некој фактор што ги спречува да се преселат односно( трансмигрираат, во нетелесно суштество, нирвана, рај или пекол, зависно од традицијата).Ова може да биде насилна смрт, неизвесно важна во нивните животи, или едноставно поради неуспехот на преживеаните да извршат правилнен погреб.
Во Централна и Северна Азија, духот Шаман игра централна улога. Другите видови на духови во митологијата на хиндусите се Баитал, зол дух кој ги прогонува гробиштата и зазема демонски лешеви на покојни луѓе, и Пишача, еден вид демон кој јаде живо месо.
Мексико
уредиИма широкораспространето верување во духовите од мексиканската култура. Модерната држава Мексико пред доаѓањето на шпанските конквистадори била населена од различни народи како што се Маите и Ацтеките,а нивните верувања преживеале и еволуирале, во комбинација со верувањата на шпанските колонисти. Денот на мртвите вклучува верувања од пред времето на Колумбо со елементи од христијанството. Мексиканската литература и филмови вклучуваат голем број приказни за духови во кои тие комуницираат со живите.
Тибет
уредиПостои широко распространето верување во духови во тибетско-будистичката култура. Духовите се признавале во тибетската будистичка религија исто како што и во Индискиот будизам, живеејќи во различни средини кои се преклопуваат со светот во кој живее човекот, што е одлика во многу традиционални легенди. Кога човек умира, по период на неизвесност, тој може да влезе во духовниот свет. Гладниот дух (тибетски: yidag, yi-dvags; Sanskrit: preta, प्रेत) имал тесно грло и огромен стомак,така што никогаш не можел да биде задоволен. Духовите можеле да бидат убиени со ритуал или да бидат фатени во духовна замка со што духот се ослободувал со тоа како би се преродил. Духовите, исто така, можат да се истеруваат со егзорцизам, и за таа цел се одржува годишен фестивал низ Тибет. Некои велат дека Дорје Шугден, духот на еден моќен монах од 17 век, е божество, но далај-ламата тврди дека тој е зол дух, кој предизвикал поделба на тибетската заедница.
САД
уредиСпоред анкетата на Галуп, верувањето во опседнати куќи, духови, комуникација со мртвите, и вештерки имало нагло зголемување во текот на 1990-тите години .Анкетата на Галуп од 2005 година покажла дека околу 32 проценти од Американците веруваат во духови.
Духовите како тема во уметност и во популарната култура
уредиДуховите се јавуваат како честа тема во уметноста и во популарната култура.
Духовите како тема во книжевноста
уредиЕден од повеќе препознатливите духови во англиската литература е сенката на убиениот татко на Хамлет во Шекспировата трагична историја на Хамлет, принцот на Данска. Во „Хамлет“, се зборува за дух кој бара принцот Хамлет да го испита неговото „нечисто убиство“ и бара да му се одмазди на неговиот узурпиран чичко, кралот Клавдиј. Во Шекспировиот „Магбет“ , убиениот Банкво се враќа како дух, на големо разочарување на насловниот лик. Во англискиот ренесансен театар, духовите се често претставени во облека на живите луѓе, па дури и во оклоп, како што е случај со духот на Хамлетовиот татко. Оклопот, бил застарен за времето на ренесансата, и му давал на духот чувство на древност. Но, на сцената во 19 век почнале да се појавуваат ликови покриени со чаршави со кои изгледале како духови, бидејќи со оклопнте духови не можело да се пренесат на задоволително ниво потребните говорни искази. Овие „тропачки“ духови поставени околу сцената станале предмет на потсмев.
Во тој поглед, една интересна забелешка од Џонс и Стелибрас вели:
... во историскиот момент духовите самите стануваат се понеуверливи, барем на образованата елита, за да веруваат во нив се чини дека е неопходно да се заштити нивнита нематеријалност, нивната невидливост. Духовите покриени со чаршав сега мора, навистина, да го имаат она духовно во себе како и оние реални духови. Тоа е причина за впечатливото заминување на духовите од Ренесансната сцена и на грчките и римските театарални духови според кои на сцената се доживуваше атракција. Најистакнатата одлика на ренасансните духови е токму нивната бруто материјалност,бидејќи изгледаат препознатливи по нивната облека.
Духовите се видливо присутни и во традиционалните британски балади од 16 и 17 век, особено во „Граничните балади“ на турбулентната граница помеѓу Англија и Шкотска. Балади од овој тип се „Бучна Гробница“ , „Сопругата на Ашер“, и „Слаткиот дух на Вилијам“, кои се одликуваат со периодична тема на враќање на мртви љубовници или деца. Во баладата „Кралот Хенри“, разгневен дух го голта коњот и песовите на кралот, пред да го доведе болен во постела. Тогаш кралот се буди и го наоѓа духот трансформиран во една убава жена. Едно од клучните рани појавувања на духови, била готскиот роман „Отрантскиот замок“ од Хорас Волпол, објавен во 1764 година.
Воопшто, духовите се честа тема во книжевноста и во тој поглед може да се набројат повеќе дела, како:
- „Духови“ — краток расказ на македонскиот писател Стефан Алијевиќ.[1]
- „Кантервилскиот дух“ - дело на Оскар Вајлд.[2]
- „Новиот дух“ - краток расказ на Андре Бретон од 1924 година.[3]
- „Пеењето на духовите над водите“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[4]
- „Легендата на заспаната долина“ расказ на Вашингтон Ирвинг од 1820 година.
- „Селски духови“ - расказ на Вилијам Батлер Јејтс.[5]
- „Приговор кон Шкотите оти им го расипале наравот на нивите духови и самовили“ - расказ на Вилијам Батлер Јејтс.[6]
- „Диско за духови“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.[7]
- „Духови во август“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес [8]
- „Лошиот дух“ - расказ на италијанскиот писател Лујџи Пирандело.[9]
- „Духовите на балетот“ - роман на руско-турската писателка Јана Темиз.[10]
- „Куќи на духовите“ – книга на Лин Тилман.
Духовите како тема во филмот
уредиВо 1999 година бил снимен филмот „Заспаната долина“, заснован врз расказот на Вашингтон Ирвинг, „Легендата за заспаната долина“. Постојат и добронамерните духовни, како ликот пријателскиот дух Каспер, создаден во 1930 година, кој се појавува во стрип, анимирани цртани филмови, и на крајот од 1995 година како игран филм. Претставата на Ноел Каворд, „Весел Дух“ (Blithe Spirit), подоцна преточена во филм, дава хумористичен приказ на оваа тема. Во 1990 година бил снимен филмот „Дух“ - романтична драма, во режија на Џери Цукер, а со Патрик Свејзи, Деми Мур и Вупи Голдберг во главните улоги. Во 2008 година се појавил филмот „Дух“, во режија на Френк Милер, во кој главните улоги ги толкуваат Ева Мендез и Семјуел Л. Џексон.[11]
Духовите како тема во музиката
уреди- „Мојот живот во грмушката на духовите“ (англиски: My Life In The Bush Of Ghosts) - музички албум на Брајан Ено и Дејвид Брн од 1981 година.[12]
- „Приказна за духовите“ (англиски: Ghost Story) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1970 година.[13]
- „Ти си дух“ (англиски: You're a Ghost) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale).[14]
- „Разговор со духовите“ (англиски: Talking To The Spirits) — песна на американските хип-хоп музичари MC 900 Ft и DJ Zero) од 1989 година.[15]
- „Дух“ (англиски: The Ghost) - песна на реге-групата Burning Spear од 1975 година.[16]
- „Духот на Џо Макарти“ (англиски: Joe McCarthy's Ghost) — песна на американската хард-кор група Минитмен Minutemen од 1980 година.[17]
- „Дух“ (англиски: Ghost) - песна на американска рок-група Neutral Milk Hotel од 1998 година.[18]
- „Роден како дух“ (англиски: Born as Ghost) - песна на американската рок-група Rage Against the Machine од 1999 година.[19]
- „Рокенрол дух“ (англиски: Rock 'N' Roll Ghost) — песна на американската рок-група Риплејсментс (The Replacements) од 1989 година.[20]
- „Духот во тебе“ (англиски: The Ghost In You) - песна на британската рок-група The Psychedelic Furs од 1984 година.[21]
- „Истреси ги духовите“ (англиски: Shake Off The Ghosts) — песна на шкотската рок-група Симпл мајндс (Simple Minds) од 1984 година.[22]
- „Дух во црно“ (англиски: Spirit In Black) - песна на американската хеви-метал група Слеер (Slayer).[23]
- „Кучка-дух“ (англиски: Ghost Bitch) - песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1985 година.[24]
- „Дух на годината“ (англиски: Ghost of the Year) - песна на австралискиот поп-пејач Мајкл Хачинс (Michael Hutchence) од 1989 година.[25]
- „Духови“ - песна на хрватската рок-група Хаустор.[26][27]
- „Твојот дух“ (англиски: Your Ghosts) - песна на американската рок-музичарка Кристин Херш (Kristin Hersh) од 1994 година.[28]
- „Духови“ (англиски: Ghosts) - песна на англиската рок-група The Jam од 1982 година.[29]
Поврзано
уреди- Сродни статии
Наводи
уреди- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 342.
- ↑ Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016.
- ↑ Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 29-30.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 54-55.
- ↑ Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 22-28.
- ↑ Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 123-126.
- ↑ Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 27.
- ↑ Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008.
- ↑ Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 53-60.
- ↑ Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 22.
- ↑ „Дух“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 20.
- ↑ Discogs, Brian Eno - David Byrne – My Life In The Bush Of Ghosts (пристапено на 8.10.2020)
- ↑ YouTube, John Cale - Ghost Story (пристапено на 13.2.2018)
- ↑ YouTube, You're a Ghost (пристапено на 13.2.2018)
- ↑ MC 900 Ft Jesus With DJ Zero – Hell With The Lid Off (пристапено на 3.3.2023)
- ↑ YouTube, burning spear - the ghost.wmv (пристапено на 17.4.2018)
- ↑ Minutemen – Paranoid Time (пристапено на 9.4.2023)
- ↑ Neutral Milk Hotel - In The Aeroplane Over The Sea (пристапено на 3.5.2017)
- ↑ YouTube, Rage Against the Machine The Battle Of Los Angeles Full Album (пристапено на 15.5.2017)
- ↑ The Replacements – Don't Tell A Soul (пристапено на 8.7.2023)
- ↑ Discogs, The Psychedelic Furs – All Of This And Nothing (пристапено на 9.8.2019)
- ↑ Simple Minds – Sparkle In The Rain (пристапено на 8.3.2024)
- ↑ Discogs, Slayer – Decade Of Aggression Live (пристапено на 6.10.2019)
- ↑ DISCOGS, Sonic Youth – Bad Moon Rising (пристапено на 26.7.2019)
- ↑ YouTube, Max Q (Full Album) 1989 Michael Hutchence (пристапено на 16.12.2017)
- ↑ [Haustor 1981. 1984. 1985. 1988. City Records, 2006.
- ↑ Discogs, Haustor – Haustor (пристапено на 24.12.2022)
- ↑ DISCOGS, Kristin Hersh – Hips And Makers (пристапено на 2.9.2020)
- ↑ DISCOGS, The Jam – The Gift (пристапено на 17.6.2020)
Надворешни врски
уреди„Ghosts“ на Ризницата ? |
- Ghost Hunters Архивирано на 15 ноември 2008 г. Investigations by the Sci-Fi Channel
- How Stuff Works - Ghosts