T. Rex
T. Rex (транскрипција: Ти Рекс; основан под името Tyrannosaurus Rex) ― англиска рок-група основана во Лондон во 1967 од кантавторот и гитарист Марк Болан, кој бил нејзин водач, фронтмен и единствен постојан член. На почетокот групата се поврзувала со психоделична фолк-музика, но во 1969 година Болан почнал да го менува стилот на групата во електричен рок и следната година го скратил името во T. Rex. Во 1970 година го имале првиот значаен хит-сингл „Ride a White Swan“, а набрзо групата станала пионер на глам-рок движењето.
T. Rex | |
---|---|
T. Rex за време на врвот на популарноста (од лево на десно): Бил Леџенд, Мики Фин, Марк Болан, Стив Кари | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Лондон, Англија |
Жанрови |
|
Период на активност | 1967–1977 |
Издавачи |
Од 1970 до 1973 година, T. Rex биле исклучително популарни во Обединетото Кралство каде што имале низа од единаесет синглови кои се пласирале во топ-10, а четири од нив се искачиле на прво место: „Hot Love“, „Get It On“, „Telegram Sam“ и „Metal Guru“. Албумот „Electric Warrior“ (1971) бил пофален од критиката, стигнал до прво место во Обединетото Кралство и станал значаен албум во глам-рок жанрот. Следниот албум, The Slider (1972), се пласирал во топ-20 во САД. Во 1973 година групата го издала албумот Tanx кој содржел елементи на соул, фанк и госпел-музика. Албумот стигнал до топ-5 во неколку земји. Од 1974 година, популарноста на T. Rex почнала да опаѓа, но групата продолжила да издава албуми. Нивните следни изданија биле спој на рок со ритам и блуз, а понекогаш дури и со диско-музика.
Во 1977 година, неколку месеци по објавувањето на последниот студиски албум на групата Dandy in the Underworld, единствениот постојан член на групата Болан загинал во сообраќајна несреќа и групата се распаднала. Групата била примена во Куќата на славните на рокенролот во 2020 година.[1]
Дискографија
уредиКако Tyrannosaurus Rex
- My People Were Fair and Had Sky in Their Hair... But Now They're Content to Wear Stars on Their Brows (1968)
- Prophets, Seers & Sages: The Angels of the Ages (1968)
- Unicorn (1969)
- A Beard of Stars (1970)
Како T. Rex
- T. Rex (1970)
- Electric Warrior (1971)
- The Slider (1972)
- Tanx (1973)
- Zinc Alloy and the Hidden Riders of Tomorrow (1974)
- Bolan's Zip Gun (1975)
- Futuristic Dragon (1976)
- Dandy in the Underworld (1977)
Членови
уредиПоследна постава
- Марк Болан – главна/ритам-гитара, водечки вокал (јули 1967 - септември 1977; до неговата смрт), исто така клавијатури (јануари 1969 – септември 1970) и бас (јануари 1969-септември 1970, април 1976-август 1976)
- Дино Дајнс - клавијатури (јануари 1974 – септември 1977; починал во 2004)[2]
- Тони Њуман – тапани, удирачки инструменти (август 1976 – септември 1977)[3]
- Херби Флауерс – бас (август 1976 – септември 1977; починал во 2024) [4]
Наводи
уреди- ↑ „Class of 2020“. Rock and Roll Hall of Fame. Посетено на 15 January 2020.
- ↑ „THE DINO DINES Q&A“. www.tilldawn.net. Посетено на 2023-02-14.
- ↑ „Interview with Tony Newman“. www.tilldawn.net. Посетено на 2023-02-14.
- ↑ „Herbie Flowers Q&A“. www.tilldawn.net. Посетено на 2023-02-14.
Надворешни врски
уреди- T. Rex discography at Discogs
- T. Rex на Семрежната филмска база на податоци (англиски)