Пети Смит

американска пејачка, текстописец, поетеса и писателка
(Пренасочено од Пати Смит)

Патриша Ли Смит (англ. Patricia Lee Smith; родена на 30 декември 1946) ― американска пејачка, текстописец, поетеса, сликарка и писателка. Со нејзиниот прв студиски албум Horses (1975) значајно влијаела на појавата и развојот на панк-рок движењето.[1] Во нејзините дела Смит ги споила рок-музиката и поезијата. Нејзината најпозната песна, „Because the Night“ (1978), напишана заедно со Брус Спрингстин, се искачила на 13-то место на американската Billboard Hot 100 топ-листа[1] и на петто на топ-листата за синглови во Велика Британија.

Пети Смит
Пети Смит на настап во 2006
Животописни податоци
Родено имеПатриша Ли Смит
Роден(а)30 декември 1946(1946-12-30)(77 г.)
Чикаго, Илиноис, САД
ПотеклоДепфорд Тауншип, Њу Џерси, САД
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • текстописец
  • поетеса
  • сликарка
  • писателка
Инструменти
  • Пејачка
  • гитара
  • кларинет
Период на активност1967–денес
Издавачи
Соработници
Мреж. местоpattismith.net

Во 2007 година, Пети Смит била примена во Куќата на славните на рокенролот.[5] Во ноември 2010 година, Смит ја добила американската Национална награда за книга за нејзините мемоари Само деца,[6] напишани за да го исполни ветувањето кое му го дала на Роберт Мејпплторп, нејзин долгогодишен партнер. Таа се наоѓа на 47-мо место на списокот од „100 најдобри музичари на сите времиња“ објавен во 2010 година од списанието Ролинг Стоун,[7] а во 2011 година ја добила музичката награда Полар.

Детство и образование

уреди

Партиша Смит е родена на 30 декември 1946 година во Чикаго.[8][9] Нејзината мајка, Беверли, била џез-пејачка и келнерка, а нејзиниот татко, Грант, работел во фабрика.[10] Пети била најстара од четирите деца на нејзините родители.[11]

Во 1950 година, семејството се преселило во делот Џермантаун во Филаделфија,[12] потоа во Питман, Њу Џерси,[13] и конечно во Депфорд Тауншип, Њу Џерси.[14] [15]

Уште од најрана возраст Смит била изложена на музика, вклучувајќи ги и албумите Shrimp Boats од Хари Белафонте, The Money Tree од Patience and Prudence и Another Side of Bob Dylan, четвртиот албум од Боб Дилан кој го добила како подарок од мајка ѝ.

Во 1964 година, Смит матурирала во средното училиште во Депфорд Тауншип и почнала да работи во фабрика.[1] [16]

Кариера

уреди

Роберт Мејплторп

уреди
 
Смит настапува на Универзитетот Корнел во 1978 година
 
Смит настапува во Западна Германија во 1978 година

Во 1967 година, Смит го напуштила државниот колеџ Гласборо и се преселила на Менхетен, каде што почнала да работи во книжарница. Таму го запознала фотографот Роберт Мејплторп, со кого започнала романтична врска; врската била бурна бидејќи двојката се борела со сиромаштијата и сексуалноста на Мејпплторп. Смит ги користела фотографиите на Мејплторп како корици за нејзините албуми, а на негово барање таа напишала есеи за неколку негови книги, вклучувајќи го и неговото постхумно дело Цвеќиња.[17] Тие останале пријатели до смртта на Мејплторп во 1989 година.[18]

Смит го сметала Мејплторп за еден од највлијателните и најважните луѓе во нејзиниот живот. Во нејзината книга Само деца, која ја раскажува приказната за нивната врска, таа го нарекува „уметникот на мојот живот“. Нејзината книга и албум The Coral Sea бил омаж на Мејплторп.

Први настапи

уреди

Во 1969 година, Смит заедно со сестра ѝ отишла во Париз каде што почнала да се занимава со баскирање и сценска уметност.[14] Откако се вратила на Менхетен, живеела во хотел со Мејплторп и учествувала во независни театарски продукции. Станувајќи дел од њујоршката боемска сцена, во 1969 година таа била косценарист и глумела во автобиографската драма Каубојска уста од Сем Шепард.

Во тоа време, таа исто така пишувала поезија и го запознала Лени Кеј, службеник во музичка продавница. Кеј напишал статија за весникот „The Village Voice“, која ја импресионирала Смит, а двајцата откриле дека ја споделуваат љубовта кон раните и нејасни движења на рокенролот. Пети го поканила Лени да ја придружува на електрична гитара на неделното јавно поетско читање во црквата Свети Марко на 10 февруари 1971 година.[19][20]

Смит накратко била земена во предвид за да стане главна пејачка на Blue Öyster Cult. Таа напишала неколку песни за групата. Во тоа време, таа била во врска со Ален Ланиер, клавијатуристот од Blue Öyster Cult. Во текот на овие години, Смит пишувала статии за музички списанија како Rolling Stone и Creem.[19]

The Patti Smith Group

уреди
 
Смит на настап на Primavera Sound Festival во Барселона, во јуни 2007 година
 
Смит на настап на Халдерн Поп во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, во август 2014 година
 
Смит на настап во Берлин, во јуни 2022

Во 1973 година, Смит основала група со музичарот и рок-архивар Лени Кеј, кон која подоцна бил додаден Ричард Сол на пијано. Триото се развило во целосна откако ним им се приклучиле Иван Крал на гитара и бас и Џеј Ди Дагерти на тапани.[19] Крал бил бегалец од Чехословачка кој се преселил во САД во 1966. По советската инвазија на Чехословачка во август 1968 година, Крал одлучил да не се враќа во неговата татковина.[21]

Групата го снимила првиот сингл, „Hey Joe / Piss Factory“ во 1974 година.

Албуми

уреди

Во март 1975 година, групата станала дел од новото музичко движење чии претставници настапувале на сцената на авангардниот клуб на Менхетен CBGB. The Patti Smith Group набрзо потпишале со Arista Records.

Подоцна истата година, групата го снимила првиот албум, Horses.[19] Албумот бил спој на панк-рок и рецитирана поезија; започнувал со преработка на песната „Gloria“ од Ван Морисон и почетните зборови на Смит: „Исус умре за нечии гревови, но не мои“, извадок од „Заклетва“, една од раните поеми на Смит. Фотографијата на корицата од албумот била дело на Мејпплторп и станала една од класичните слики на рокот.[22]

По турнејата низ Америка и Европа, групата во октомври 1976 година го издала вториот албум, Radio Ethiopia. Албумот бил продуциран од Џек Даглас и содржел потешки рок-песни заедно со некои од нејзините најекспериментални и најслободни песни. На 23 јануари 1977 година, за време на концерт во Тампа, Смит паднала од сцената и скршила два вратни пршлени,[23] по што била принудена да одмори една година.

На 3 март 1978 година, The Patti Smith Group го издала третиот албум, Easter, кој станал попристапен за радио благодарение на продуцентот Џими Ајовин. На албумот се наоѓа и најуспешната песна од групата, „Because the Night“, чиј коавтор бил Брус Спрингстин. Песната се искачила на 13-то место на Billboard Hot 100. Четвртиот албум, Wave (продуциран од Тод Рандгрен), објавен на 19 мај 1979 година, покажал дека звукот на групата станува попрефинет, но некои критичари го сметале за помалку успешен материјал. Претходно, Смит живеела со клавијатуристот од Blue Öyster Cult, Ален Ланиер; сега Пети Смит почнала да се забавува со гитаристот од MC5, Фред „Соник“ Смит, на кого му била посветена песната „Frederic“, која била прв сингл од албумот. Во септември 1979 година, по концертот пред 70.000 публика во Фиренца, Patti Smith Group се распаднала.

Во поголемиот дел од 1980-тите, Пети живеела со своето семејство во Сент Клер Шорс, Мичиген, и била полупензионирана од музиката.

Турнеи и нови албуми

уреди

На 1 март 1980 година, Фред и Пети се венчале и се преселиле во Детроит, каде ги пораснале нивните две деца, Џексон и Џеси. Во јуни 1988 година, Смит го издала албумот Dream of Life, кој ја содржел песната „People Have the Power“. Таа продолжила да пишува, и ја завршила збирката поезија, Woolgathering, а повремено одела на јавно читање на нејзините поеми. Во текот на следните години, Пети Смит изгубила неколку важни личности од нејзиниот живот. Пијанистот од групата Patti Smith Group, Ричард Саул, починал во 1991 година, две години по смртта на Роберт Мејплторп. Во нивна чест, таа одржала бесплатни поетски читања и а-капела изведби на неколку песни ноќе на отворен простор во Сентрал парк во Њујорк. На крајот од 1994 година, во рок од еден месец, од срцева слабост починале нејзиниот сопруг Фред и нејзиниот брат Тод.

Мајкл Стајп од R.E.M. и Ален Гинсберг, кого го познавала уште од нејзините први години во Њујорк, ѝ предложиле да се врати на настапите во живо и на турнеите. Таа била на кратка турнеја со Боб Дилан во декември 1995 година.[24] Таа исто така ја возобновила нејзината група со Кеј, Доерти и новиот басист, Тони Шанахан, со која имала неколку мали турнеи на Западниот Брег со цел повторно да се поврзе со публиката.

Во 1996 година, Смит работела со своите долгогодишни колеги за да го сними албумот „Gone Again“, на кој се наоѓа песната „About a Boy“, посветена на Курт Кобејн, поранешен пејач на Нирвана, кој се самоубил во 1994 година.

По објавувањето на Gone Again, Смит снимила уште два албума, Peace and Noise (1997) и Gung Ho (2000). Смит била номинирана за Греми награда за најдобра женска рок вокална изведба за две песни, „1959“ и „Glitter in Their Eyes“.[25]

Во 2002 година, Смит го издала Land (1975–2002) , компилација од две ЦД-а на која се наоѓа и преработката на песната од Принс, „When Doves Cry“. Самостојна уметничка изложба на Пети Смит „Чуден гласник“ била поставена во музејот „Енди Ворхол“ во Питсбург на 28 септември 2002 година.[26]

На 27 април 2004 година, Смит го издала албумот Trampin', кој содржел неколку песни за мајчинство, делумно во спомен на нејзината мајка, која починала две години претходно. Ова бил нејзин прв албум со Columbia Records, која подоцна станала сестринска издавачка куќа на Arista Records, нејзината претходна издавачка куќа.

На 15 октомври 2006 година, Смит имала тричасовен концерт на затворањето на CBGB, исклучително влијателен клуб за музика во живо во Њујорк во поголемиот дел од крајот на 20-от и на почетокот од 21-от век.[27]

На 12 март 2007 година, Пети Смит била примена во Куќата на славните на рокенролот, а наградата ја посветила на нејзиниот покоен сопруг. Во април 2007 година, го издала нејзиниот десетти албум, Twelve. Во јануари 2008 година, на независниот филмски фестивал Санденс бил премиерно прикажан документарниот филм за Пети Смит, Пети Смит: Сон на животот; филмот бил сниман 11 години. На 28 март 2008 година, во Фондацијата Картие во Париз била отворена изложба на фотографии и цртежи на Пети, Земја 250, направени во периодот од 1967 до 2007 година. Во јули, бил издаден албумот The Coral Sea, со гитаристот од My Bloody Valentine, Кевин Шилдс. Таа добила награда од Американското здружение на композитори, автори и издавачи (ASCAP).[28]

Во 2010 година, Пети Смит ги објавила нејзините мемоари „Само деца“, посветени на нејзината врска со Мејплторп. Книгата била наградена со американската „Национална награда за книга“.[29]

11-тиот студиски албум на Смит, Banga, бил објавен во јуни 2012 година. Метакритик на албумот му доделил оценка од 81, што укажува на „универзално признание“.[30]

На 10 декември 2016 година, Смит во име на Боб Дилан присуствувала на церемонијата на доделување на Нобелова награда во Стокхолм; Дилан ја добил Нобеловата награда за литература но поради обврски не можел присуствува.

Во 2017 година, Смит се глумела себеси во „Песна до песна“, филм со Руни Мара и Рајан Гослинг, а во режија на Теренс Малик.[31] [32]

Во 2018 година, на Филмскиот фестивал Трибека бил премиерно прикажан концертно-документарниот филм од Смит, Horses: Пети Смит и нејзината група.[33] Покрај тоа, Смит била раскажувач фо филмот од Дарен Аронофски, Spheres: Songs of Spacetime, заедно со Мили Боби Браун и Џесика Частејн.[34]

Turn in the WoundВо 2019 година, таа ја издала нејзината најнова книга, Година на мајмунот.[35]

Во 2024 година, Смит учествувала во документарен филм од Абел Ферара, „Пресврт во раната“ (англиски: Turn in the Wound), кој се однесува на животот на уметниците во војна и го прикажува нивниот живот во Киев по започнувањето на војната во Украина. Таа ја компонирала музиката на филмот и чита поеми од Антонин Арто, Рене Домал и Артур Рембо.[36]

Членови на групата The Patti Smith Group

уреди

Сегашни

уреди
  • Пети Смит – пејачка, гитара (1974–1979, 1988, 1996–денес)
  • Лени Кеј – гитара (1974–1979, 1996–денес)
  • Џексон Смит – гитара (2016 – денес)
  • Тони Шанахан – бас гитара, клавијатури (1996-денес)
  • Џеј Ди Дагерти – тапани (1975–1979, 1988, 1996–сега)

Поранешни

уреди
  • Ричард Сол - клавијатури (1974-1977, 1979, 1988; починал во 1990 година)
  • Иван Крал – бас гитара (1975–1979; починал во 2022 година)
  • Брус Броди - клавијатури (1977-1978)
  • Фред „Соник“ Смит – гитара (1988; починал во 1994 година)
  • Касим Султон – бас гитара (1988)
  • Оливер Реј – гитара (1996–2005)
  • Џек Петруцели – гитара (2006–2016)

Дискографија

уреди

Како соло-пејачка

уреди
  • Horses (1975)
  • Dream of Life (1988)
  • Gone Again (1996)
  • Peace and Noise (1997)
  • Gung Ho (2000)
  • Trampin' (2004)
  • Twelve (2007)
  • Banga (2012)

Со Patti Smith Group

уреди
  • Radio Ethiopia (1976)
  • Easter (1978)
  • Wave (1979)

Книги

уреди

Избор

  • „Седмо небо“ (1972)
  • „Разум“ (1973)
  • „Бабел“ (1978)
  • „Собирање волна“ (1992)
  • „Први дела“ (1994)
  • „Корално море“ (1996)
  • „Пети Смит целосно“ (1998)
  • „Чуден гласник“ (2003)
  • „Аугурија на невиноста“ (2005)
  • „Само деца“ (2010)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Huey, Steve. „Patti Smith > Biography“. AllMusic. Посетено на April 18, 2009.
  2. „Patti Smith – Land: Horses/Land Of A Thousand Dances/La Mer (De)“. Paste. Архивирано од изворникот на December 22, 2015. Посетено на October 28, 2015.
  3. Murray, Noel (May 28, 2015). „60 minutes of music that sum up art-punk pioneers Wire“. The A.V. Club. Посетено на October 28, 2015.
  4. O'Brien, Lucy (October 16, 2003). She Bop II: The Definitive History of Women in Rock, Pop and Soul. A&C Black. стр. 118. ISBN 978-0-8264-3529-3.
  5. „Patti Smith profile“. Cleveland, Ohio: Rock and Roll Hall of Fame. 2007. Посетено на April 18, 2009.
  6. "National Book Awards – 2010". National Book Foundation. Retrieved February 26, 2012. (With acceptance speech, interview, and reading.)
  7. Празен навод (help)
  8. Bockris, Victor; Bayley, Roberta (1999). Patti Smith: an unauthorized biography. Simon & Schuster. стр. 19. ISBN 978-0-684-82363-8.
  9. Wendell, Eric (2014). Patti Smith: America's Punk Rock Rhapsodist (англиски). Lanham, Maryland: Rowman & Littlefield. ISBN 978-0-8108-8691-9.
  10. . New York City. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  11. „Arista Recordings – Official Website“. aristarecordings.com. Посетено на February 6, 2020.
  12. "1957: a childhood on fire", The Independent, April 28, 2012, in Radar section, with extract from Woolgathering by Patti Smith.
  13. „patti smith: interview w/ _newsweek_ 12/19/75“. Oceanstar.com. December 29, 1975. Посетено на September 4, 2016.
  14. 14,0 14,1 „Patti Smith – Biography. 'Three chord rock merged with the power of the word'. Arista Records. June 1996. Архивирано од изворникот на June 11, 2008. Посетено на April 19, 2009.
  15. LaGorce, Tammy (December 11, 2005). „Patti Smith, New Jersey's Truest Rock-Poet“. The New York Times. New York City. Посетено на July 20, 2010. But of all the ways to know Patti Smith, few people, including Ms. Smith, would think to embrace her as Deptford Township's proudest export.
  16. Smith, Patti (2010). Just Kids, p. 20. HarperCollins, New York. ISBN 978-0-06-621131-2.
  17. Just Kids. 
  18. Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified Archived from the original on 2011-01-21. Retrieved on 2024-04-22.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 Khanna, Vish (May 2007). „Patti Smith Fights the Good Fight – Timeline“. Exclaim!. Canada. Архивирано од изворникот на January 24, 2009. Посетено на December 5, 2008.
  20. „Patti Smith reminisces about her first-ever gig in New York“. August 22, 2020.
  21. Bezr, Ondřej (June 25, 2010). „Český rocker Ivan Král vstoupil s Patti Smith do Kongresové knihovny“ [Czech rocker Ivan Král entered the Congress library with Patti Smith]. Mladá fronta DNES (чешки). Посетено на August 20, 2014.
  22. Празен навод (help)
  23. „Patti Smith chronology“. Посетено на February 4, 2008.
  24. Празен навод (help)
  25. „Grammy Awards: Best Rock Vocal Performance – Female“. Посетено на March 6, 2008.
  26. „The Andy Warhol Museum Announces Patti Smith Performance and Retrospective Exhibition“ (PDF). The Andy Warhol Museum. May 3, 2002. Архивирано од изворникот (PDF) на December 31, 2006. Посетено на March 19, 2008.
  27. Pareles, Jon (October 16, 2006). „Fans of a Groundbreaking Club Mourn and Then Move On“. The New York Times. Посетено на February 4, 2008.
  28. „Патти Смит получит награду ASCAP“. 2010-03-24. Архивирано од изворникот 2011-10-28. Посетено на 2010-03-24.
  29. „Patti Smith, Just Kids — 2010 National Book Award Nonfiction Winner, The National Book Foundation“. Архивирано од изворникот 2012-09-09. Посетено на 2012-08-26. no-break space character во |title= во положба 23 (help)
  30. „Banga by Patti Smith“. Metacritic. Посетено на September 6, 2017.
  31. „Rooney Mara Reveals Patti Smith Shot Scenes For Terrence Malick's Austin Music Scene Movie aka 'Weightless'. Blogs.indiewire.com. October 28, 2015. Архивирано од изворникот на October 31, 2015. Посетено на October 31, 2015.
  32. Phillips, Amy (March 7, 2017). „Lykke, Patti, Iggy, and More: Every Musician in Terrence Malick's Song to Song“. Pitchfork. Посетено на March 8, 2017.
  33. „At 71 Years Old, Patti Smith Is Still a Rock Star—And Thank God for That“. Pitchfork (англиски). April 24, 2018. Посетено на April 7, 2020.
  34. Chmielewski, Dawn C. (April 18, 2018). „Patti Smith Narrates Darren Aronofsky's VR Experience 'Spheres: Pale Blue Dot'. Deadline (англиски). Посетено на June 29, 2020.
  35. Sturges, Fiona (September 18, 2019). „Year of the Monkey by Patti Smith review – memories of the magic and the mundane“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на April 7, 2020.
  36. „Turn in the Wound“. Berlinale. February 16, 2024. Посетено на February 6, 2024.

Надворешни врски

уреди