Прохор (охридски архиепископ)
Прохор бил православен свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1528 година до 1550 година[1].
Прохор | |
---|---|
Архиепископ од | околу 1528 |
Архиепископ до | околу 1550 |
Претходник | непознато |
Наследник | Симеон |
Роден | 16 век |
Починал | 16 век |
Други архиепископи со име Прохор |
За првпат како архиепископ се споменува во документ кој датира од 1528-1529 година, и најверојатно е од словенско потекло. Во историјата на Охридската архиепископија се случувало да бидат отцепени или оттуѓени цели територии. Како наjдрастичен пример се споменува обидот на смедеревскиот епископ Павле кој се обидел да ги отцепи српските епархии од охридската архиепископија и да ја обнови Пеќската патријаршија. Овие обиди траеле еден подолг период од 1527 до 1541 година. Охридскиот архиепископ Прохор овие обиди успеал на трипати да ги осуди на црковните собори, а истото го сториле и цариградскиот, александрискиот, ерусалимскиот и антиохискиот архиепископ[2].
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „www.ohrid.org.mk“. Архивирано од изворникот на 2012-02-19. Посетено на 2011-01-02.