Милица Хребељановиќ

(Пренасочено од Царица Милица)

Принцеза Милица Хребљановиќ, родена Немањиќ, исто така позната како Царица Милица или Преподобна Евгенија (српски: Милица Немањић Хребељановић, родена во 1335 - починала на 11 ноември 1405) — српска царица, сопруга на српскиот кнез Лазар Хребељановиќ. Од бракот на Лазар се родиле следните деца: Добровој, Стефан Лазаревиќ, деспот на Србија, Вук Лазревиќ, Елена, чиј сопруг бил Ѓураѓ II Балшиќ, Мара, Драгана, Теодора и Оливера. Таа е автор на „Молитва на мајката“ (српски: Молитва матере).

Милица Хребељановиќ
Роден(а)1335
Починал(а)11 ноември 1405
Почивалиште
СопружникЛазар Хребељановиќ
ДецаСтефан Лазаревиќ
ДинастијаНемањиќи
ТаткоВратко Немањиќ
Вероисповедправославие

Животопис

уреди

Таа била ќерка на принцот Вратко Немањиќ (познат по српска епска поезија како Југ Богдан), кој како правнук на Вукан Немањиќ бил дел од помалиот дел од династијата Немањиќи. Нејзин сопруг бил принцот Лазар Хребељановиќ.

 
Манастир Љубостиња

По смртта на нејзиниот сопруг во Битката за Косово во 1389 година, Милица владеела со Србија до 1393 година, кога нејзиниот син, Стефан Лазаревиќ, доживеал да го преземе престолот[1]. Во тоа време, многу мудрост и лична храброст биле потребни за да се владе во земја која била номинално слободна, но секогаш под закана од инвазија на силите, од Истокот и од Западот. Тешко било и да се одржи националниот дух без да се провоцираат соседните кралства. Милица се покажала како моќна владетелка на земјата во многу тежок период. Нејзината лична трагедија (губење на сопругот и испраќање на нејзината ќерка Оливера кај Бајазид I, кој наредил убиство на нејзиниот сопруг, принцот Лазар во 1389 година), не се мешала во нејзиното извршување на своите должности. Таа го основала манастирот Љубостиња околу 1390 година, а подоцна таму се замонашила под името Евгенија[2].

Во 1397 година, заедно со нејзините синови во Високи Дечани, ја издала „Молитва на мајката“ (српски: Молитва матере)[3].

Во подоцнежните дипломатски преговори со Бајазит I, Евгенија и Ефимија, отпатувале во кај султанот во 1398/99 година[4].

Во 1403 година, Евгенија заминала кај султанот во Сер, застапувајќи го нејзиниот син Стефан Лазаревиќ во еден комплициран спор што се појавил меѓу нејзините два сина и Бранковиќ.

Таа била погребана во манастирот кој го основала, и била канонизирана од Српската православна црква. Милица исто така била и писател. Напишала неколку молитви и верски песни.

Царица Милица во народното творештво

уреди

Милица Хребељановиќ е опеана во повеќе српски народни песни, како:

Наводи

уреди
  1. Vujić, Joakim (2006), „The transformation of symbolic geography: Characteristics of the Serbian people“, Во Trencsényi, Balázs; Kopeček, Michal (уред.), Late enlightenment emergence of the modern 'national idea, Budapest New York: Central European University Press, стр. 115, ISBN 9789637326523.
  2. Gavrilović, Zaga (2006), „Women in Serbian politics, diplomacy and art at the beginning of Ottoman rule“, Во Jeffreys, Elizabeth M. (уред.), Byzantine style, religion, and civilization: in honour of Sir Steven Runciman, New York: Cambridge University Press, стр. 75–78, ISBN 9780521834452.
  3. Popovich, Ljubica D. (1994). „Portraits of Knjeginja Milica“. Serbian Studies. North American Society for Serbian Studies. 8 (1–2): 94–95. Архивирано од изворникот на 2017-11-23. Посетено на 2018-06-20. Pdf. Архивирано на 23 ноември 2017 г.
  4. Ćirković, Sima M.; Korać, Vojislav; Babić, Gordana (1986). Studenica Monastery. Belgrade: Jugoslovenska Revija. стр. 144. OCLC 17159580.