ФК Хоризонт Турново - македонски фудбалски клуб од село Турново, Струмичко.

ФК Турново
Logo
Целосно име Фудбалски Клуб Хоризонт Турново
Основан 1950; пред 70 години (1950)
Распаднат
Стадион Стадион Кукуш
Капацитет 1,500
Лига Трета фудбалска лига - Исток
2019/20
(недовршена)
Општинска лига - Струмица, (унапредени)
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ИсторијаУреди

ФК Хоризонт Турново во својата историја важел како еден реномиран клуб во струмичката општина и пошироко. Постоењето датира од далечната 1950 година од група ентузијаисти како здружение на граѓани. Во периодот кој следува „Хоризонт Турново“ се натпреварува најчесто во Македонската лига на поранешна Југославија. Од осамостојувањето на Р. Македонија е член на Втората македонска лига, а во 2008 година го бележи најголемиот успех како клуб од мало место со 1.000 жители се пласира во Првата македонска фудбалска лига.

Со преземањето на клубот од страна на компанијата „Хоризонт“ на чело со Орце Тодоров (1995 г.), ФК Хоризонт Турново бележи постојан напредок на сите категории во кои се натпреварува.

Во сезоната 2017/18, Хоризонт Турново бил исфрлен од Втората лига - Исток бидејќи не платил котизација за тековната сезона.[1]

Турново во ЕвропаУреди

Турново дебитираше на европската сцена во квалификацискиот натпревар од Лига Европа на 4 јули против ФК Судува кој заврши 2-2. Реванш натпреварот се одигра на Арената Филип 2 во Скопје, на 11 јули. На десетина минути пред крајот на натпреварот, Турново имаше негатива од 2-1, меѓутоа Блажевски реализираше од белата точка и обезбеди продолженија и шанса за Турново за пласман во второто коло. Македонските вицешампиони ја искористија шансата, откако беа поуспешни во пенал рулетот, односно голманот Димовски го одбрани шестиот пенал и им донесе голема победа на Хоризонт Турново. На 16 јули, Турново во второто коло од квалификациите се соочи со ФК Хајдук Сплит.

РаководствоУреди

Надворешни врскиУреди

  1. „Поранешниот хит во ПМФЛ и Лига Европа исфрлен од Втората лига“. gol.mk. 7 откомври 2017. Посетено на 13 јуни 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)