ФК Брегалница 2008 (ФК Алумина)
ФК Брегалница 2008, познат и по старото име ФК Алумина — македонски фудбалски клуб од Штип
Целосно име | Фудбалски Клуб Брегалница 2008 | ||
---|---|---|---|
Основан | 1950[1] | ||
Стадион | Градски стадион Штип (Капацитет: 4,000) | ||
Сопственик | Кирил Гогов (51%) Општина Штип (49%)[2] | ||
Лига | Втора македонска лига - Исток | ||
2019/20 (недовршена) | Втора лига - Исток, 2. од 10 места | ||
|
ИсторијаУреди
Како АлуминаУреди
Алумина била оформена во 1950 година во Скопје, но своите корени ги влече од пред Втората светска војна. Игралиштето на кое настапувала Алумина се вика Македонија, а во минатото имали и трибини. По пауза од неколку години клубот повторно се натпреварувал во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига). Тренер на екипата бил Томислав Франц, кој како играч има играно 10 сезони во клубот, од 1993/94 до 2003/04.
Во клубот поминале голем број на познати играчи, најчесто млади фудбалери, кои како отстапени играчи на двојна лиценца, биле пратени на калење од некој од пореномираните скопски клубови. Така дел од својата кариера во Алумина поминале играчи како Филип Ивановски, Ќемал Аломеровиќ, Ѓоко Цветановски и други.
Како Брегалница 2008Уреди
Во летото 2008 година, Алумина биле преземена од управата на Брегалница од Штип. Оттогаш името на клубот било сменето во Брегалница 2008.
Во 2017 година, во полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија 2016/2017, против екипата на Пелистер. Тогаш Брегалница го одиграла својот прв натпревар на домашен терен под рефлектори. Осветлувањето на теренот било спроведено од страна на Општина Штип, а со поддршка на ФФМ.[3]
Навивачка поддршкаУреди
Навивачката група на штипска Брегалница го носи името Фаланга
НаводиУреди
- ↑ http://macedonianfootball.com/index.php?option=com_content&view=article&id=110:alumina&catid=26:3-liga-sever-third-league-north&Itemid=190
- ↑ „Штип добива стадион со 7.000 седишта и за меѓународни натпревари“. ekipa.mk преку web.archive.org. 11 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-11. Посетено на 11 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Историски прв натпревар на ФК „Брегалница“ под рефлектори на градскиот стадион“, Штипски Мозаик, март-април 2017, стр. 18.
Надворешни врскиУреди
- Информации (англиски)
- Фудбалска федерација на Македонија (македонски)