ФК Металург Скопје
ФК Металург — македонски фудбалски клуб од Скопје. Своите натпревари ги игра на Стадионот Железарница.
ФК Металург | |||
Целосно име | ФК Металург Скопје | ||
Основан | 1964 | ||
---|---|---|---|
Распаднат | |||
Стадион | стадион Железарница | ||
Капацитет | 3,000 | ||
Претседател | Александар Панов | ||
Тренер | Алексо Мацков | ||
Лига | Трета македонска лига (Север) | ||
2016/2017 | Втора македонска лига 9ти (отпаднати) | ||
|
Историја
уредиМеталург е оформен во 1964 година. Во својата историја, клубот две сезони има настапувано во Втората фудбалска лига на СФРЈ. По осамостојувањето на Македонија, клубот учествувал во првата сезона во Првата македонска фудбалска лига, каде во есенскиот дел ја освоил вицешампионската титула, но на крајот на сезоната испаднал од лигата. Оттогаш, клубот настапувал во Втората лига и во Третата лига (Север). Во сезоната 2008/2009, Металург повторно се вратил во Првата Лига. Најголемиот успех на клубот бил освојувањето на Купот на Македонија во 2011 година.
Настапи во Првата македонска фудбалска лига
уредиСезона 2015-2016
уредиПо лошиот почеток на сезоната, кога по петте одиграни кола, „Металург“ се наоѓал на последното место, со само еден освоен бод, бил сменет тренерот на клубот, Марјан Герасимовски, а неговото место го зазел Алексо Мацков, кој претходно го водел младинскиот тим.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Мацков седнува на клупата кај Металург“, Дневник, година XIX, број 5855, среда, 2 септември, стр. 22.