Прва професионална фудбалска лига на Бугарија

Прва професионална фудбалска лига е професионална фудбалска лига и највиското ниво на бугарскиот фудбал. Лигата се состои од 14 клуба, а со неа управуваат БПФЛ и Фудбалскиот сојуз на Бугарија. По одигрувањето на 26 круга првенството се дели на прва шестка и втора осмица.

Прва професионална фудбалска лига
ЗемјаБугарија Бугарија
КонфедерацијаУЕФА
Основана1924
Број на клубови14
Нивоа на пирамида1
Испаѓање воВтора лига
Домашен купКуп на Бугарија
Актуелен шампионЛудогорец Лудогорец (8-та титула)
(2018–19)
Најмногу титулиЦСКА Софија ЦСКА Софија
(31. титула)
ТВ партнериНова, Диема
Вебсајтfpleague.bg
ТрофејBG Champ cup.png
Прва професионална фудбалска лига 2019-2020

Првата шестка има уште 10 натпревари, кои ги дефинираат шампионот и учесниците во евротурнирите. Втората осмица се дели на две групи, како во едната влегуваат 7, 9, 11 и 13 од табелата, а останатите ќе бидат во другата. Тие играат 6 натпревари и почнуваат плејоф.

Првите две од секоја група дефинираат по 1/2-финале и финале тимот, кој игра во еден натпревар за место во Лига Европа со последниот од оние, кои имаат право на учество во турнирот.

Третиот и четвртиот од групите пак ќе дефинираат испаѓање и оние, кои ќе одат на бараж. Новиот формат ќе има еден испаѓање и два бараж против вториот и третиот од Втора професионална фудбалска лига.

Клубот, кој завршил на првото место, се прогласува за шампион на Бугарија. Тој добива право да учествува во Лигата на шампионите за следната сезона. Вториот во конечниот поредок според соодветниот коефициент на УЕФА добива право на участво во Лига Европа.

Првенството на Бугарија се игра од 1924, но од настанувањето на ова натпреварување до 1947 се играло само во куп систем, а од 1948 во првенствен систем, па 1948 година се смета како официјална година на основање на лигата, иако се бројат и резултати постигнати од претходните сезони.

КлубовиУреди

Состав на клубовите кој се натпреваруваат во моменталната сезона (2016-2017).

ШампиониУреди

Успешност на клубовитеУреди

Број на титулиУреди

Екипите во болд играат во А група во сезоната 2015-2016. Екипите во италик повеќе не постојат.

Клуб Титули Години
  ЦСКА Софија 31 1948, 1951, 1952, 1954, 1955, 1956, 1957, 1958, 1958-1959, 1959-1960, 1960-1961, 1961-1962, 1965-1966, 1968-1969, 1970-1971, 1971-1972, 1972-1973, 1974-1975, 1975-1976, 1979-1980, 1980-1981, 1981-1982, 1982-1983, 1986-1987, 1988-1989, 1989-1990, 1991-1992, 1996-1997, 2002-2003, 2004-2005, 2007-2008
  Левски Софија 26 1933, 1937, 1942, 1946, 1947, 1948-1949, 1950, 1953, 1964-1965, 1967-1968, 1969-1970, 1973-1974, 1976-1977, 1978-1979, 1983-1984, 1984-1985, 1987-1988, 1992-1993, 1993-1994, 1994-1995, 1999-2000, 2000-2001, 2001-2002, 2005-2006, 2006-2007, 2008-2009
  Лудогорец 8 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019
  Славија Софија 7 1928, 1930, 1936, 1938-1939, 1941, 1943, 1995-1996
  Литекс Ловеч 4 1997-1998, 1998-1999, 2009-2010, 2010-2011
  Локомотив Софија 4 1939-1940, 1945, 1963-1964, 1977-1978
  Владислав Варна 3 1925, 1926, 1934
  Ботев Пловдив 2 1929, 1966-1967
  Локомотив Пловдив 1 2003-2004
  Етар 1 1990-1991
  Берое 1 1985-1986
  Спартак Пловдив 1 1962-1963
  Тича Варна 1 1937-1938
  Спортклуб Софија 1 1935
  Спартак Варна 1 1932
  А.С. 23 1 1931

По градовиУреди

Град Титули Клубови
  Софија
70
ЦСКА (31), Левски (26), Славија (7), Локомотив (4), А.С. 23 (1), Спортклуб (1)
  Варна
5
Черно Море (4), Спартак (1)
  Разград
5
Лудогорец (5)
  Пловдив
4
Ботев (2), Локомотив (1), Спартак (1)
  Ловеч
3
Литекс (3)
  Стара Загора
1
Берое (1)
  Велико Трново
1
Етар

Надворешни врскиУреди

Најдобрите фудбалски лиги во Европа (УЕФА)

Австрија | Азербејџан | Албанија | Англија | Андора | Белгија | Белорусија | Босна и Херзговина | Бугарија | Велс | Германија | Грузија | Грција | Данска | Ерменија | Естонија | Кипар | Израел | Република Ирска | Исланд | Италија | Казахстан | Латвија | Литванија | Луксембург | Македонија | Малта | Молдавија | Норвешка | Полска | Португалија | Романија | Русија | Сан Марино | Северна Ирска | Словачка | Словенија | Србија | Турција | Украина | Унгарија | Фарски Осторови | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шведска | Шкотска | Шпанија