Матајс де Лихт (роден на 12 август 1999 година, во Лејдердорп) — холандски фудбалер, играч од одбраната на Бајерн Минхен и на холандската репрезентација.

Матајс де Лихт
Лични податоци
Полно име Матајс де Лихт[1]
Роден на 12 август 1999(1999-08-12)(25 г.)
Роден во Лејдердорп, Холандија
Држава Холандија Холандија
Висина &100000000000000018899991,89 м[2]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 4
Младинска кариера
2008–2016 Ајакс Ајакс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016–2017 Јонг Ајакс Јонг Ајакс 17 (1)
2016–2019 Ајакс Ајакс 77 (8)
2019–2022 Јувентус Јувентус 87 (8)
2022– Бајерн Минхен Бајерн Минхен 0 (0)
Репрезентација
2014 Холандија Холандија 15 5 (0)
2014–2015 Холандија Холандија 16 8 (0)
2015–2016 Холандија Холандија 17 14 (1)
2016– Холандија Холандија 19 6 (0)
2017– Холандија Холандија 35 (2)
* Ажурирано на: 20:13, 18 May 2022 (UTC)
** Ажурирано на: 20:13, 18 May 2022 (UTC)

Де Лихт е првиот и единствениот одбранбен играч досега кој ја добил наградата Златно момче (во 2018 година).

Животопис

уреди

Матајс де Лихт е роден на 12 август 1999 година, во Лејдердорп, како прво дете на Вивијан и Франк де Лихт.[3] Набргу по неговото раѓање семејството се преселило во Абкуде на околу 13 километри југоисточно од Амстердам.[3] Подоцна семејството било проширено со раѓањето на неговите брат и сестра, близнаците Флер и Вутер.[3]

Од 2018 година, тој е во врска со Аники Моленар, ќерка на поранешниот фудбалер Кеје Моленар.[4]

Технички одлики

уреди

Де Лихт е еден од најценетите млади перспективни играчи во неговата генерација, што го потврдува и освојувањето на наградата Златно момче, која му се доделува на најимпресивниот млад фудбалер во европскиот фудбал.[5][6] Тој е комплетен централен дефанзивец, физички силен, добар во играта со двете нозе, чии јаки страни исто така се и навремените стартови и расчистувања, играта во воздухот, прецизните додавања и солидната техника и финеси кои ги поседува за еден стопер.[7] Иако не е многу брз тој е способен добро да ја чита играта на противникот и да се поставува на вистинското место. Исто така, тој може и да ја организира играта на својот тим како плејмејкер од последната линија.[8] Неговата висина и скок му овозможуваат да биде голема закана при прекините и нафрлените топки, додека неговата сила значи дека е малку веројатно дека ќе биде истуркан во борбата за позиција.[9][10]

Неговиот стил на игра често е споредуван со дефанзивецот на Барселона Жерар Пике.[11][12] Во едно интервју поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, го пофалил Де Лихт дека игра „како да има 24 или 25 години“ што укажува на неговата зрелост уште во најраните години од неговата кариера.[13][14][15]

Клупска кариера

уреди

Ајакс

уреди

Почетоци и рани години

уреди

Де Лихт започнал да игра фудбал во ФК Абкуде. Во 2008 година, кога имал 9 години тој се приклучил на младинската академија на Ајакс. Најпрво тренерите на младинската академија мислеле дека е премногу бавен и нема форма, но му била дадена шанса да се развива во академијата и продолжи да го докажува неговиот квалитет.[16] Де Лихт го потпишал првиот договор со Ајакс на три сезони во септември 2015 година.[17] По завршувањето на сезоната 2015-2016, тој бил избран за Талент на иднината.[18]

2016–2017: Јонг Ајакс и развој

уреди
 
Де Лихт на тренинг со првиот тим на Ајакс во летото 2016

Во текот на следната сезона, 2016-2017, тој го направил својот пробив на многу рана возраст. Помалку од шест месеци откако ја добил наградата за талент на иднината, тој го направил своето деби во Ерсте дивиси, Купот на Холандија, Лига Европа и Ередивиси. На почетокот на сезоната тој му се придружил на Јонг Ајакс. За време на подготовките за новата сезона со Јонг Ајакс, на Де Лихт му било дозволено да се приклучи на првиот тим неколкупати. На пример, му било дозволено да се приклучи на тренинг кампот на Ајакс во Австрија. За време на овој тренинг камп, тој го направил своето неофицијално деби за првиот тим на Ајакс во пријателскиот двобој со Лиферинг. На 8 август 2016, Де Лихт го направил своето деби за Јонг Ајакс во натпревар од Ерсте дивиси против екипата на Емен, играјќи го целиот натпревар.[19] Во текот на сезоната Де Лихт одиграл 17 натпревари за Јонг Ајакс.[20]

На 21 септември 2016, Де Лихт го направил своето деби за сениорскиот тим на Ајакс во натпревар од купот против Вилем Втори. По 25 минути игра, тој постигнал гол по нафрлената топка од корнер на Хаким Зијеш со што станал вториот најмлад стрелец во историјата на Ајакс по Кларенс Сидорф; Ајакс победил во тој натпревар со 5-0.[21] На 24 октомври, Ајакс преку Твитер објавил дека Де Лихт ќе биде промовиран во сениорскиот состав.[22] На 24 ноември 2016, тој го направил своето деби во европските натпреварувања, во победата со 2-0 над грчкиот Панатинаикос во Лига Европа. Три дена подоцна, тој го направил своето деби во Ередивиси во 14-тото коло од сезоната на гостувањето кај Херенфен, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Дели Синкгравен во 83-тата минута од натпреварот.

Де Лихт брзо се етаблирал во првиот тим, откако бил промовиран и одиграл 11 натпревари во првенството и 9 во Лига Европа до крајот на сезоната. На 24 мај, тој станал најмладиот играч (на возраст од 17 години и 285 дена) кој заиграл во некое европско финале, кога тој го започнал натпреварот против Манчестер Јунајтед во финалето на УЕФА Лигата на Европа 2017.[23]

2017–2019: Пробив и капитен

уреди

По продажбата на Давинсон Санчес во Тотенхем во август 2017 година, Де Лихт станал член на почетната постава на Ајакс. Сезоната 2017-2018 ја започнал со своето деби во Лигата на шампионите, играјќи во натпреварот од квалификациите против француската Ница (1-1) на 26 јули 2017. Својот прв гол во дресот на Ајакс, Де Лихт го постигнал на 18 ноември 2017, во 13-тата минута од победата со 8-0 на гостувањето кај НАК Бреда во Ередивиси; дваесет минути подоцна тој го постигнал и својот втор гол во истиот натпревар.[24] На 20 декември, тој го промашил одлучувачкиот пенал во седмата серија со кој неговиот тим бил елиминиран од Твенте во Купот на Холандија.[25] Во март 2018, Де Лихт бил назанчен за капитен на Ајакс од страна на тренерот Ерик тен Хаг, по повредата на регуларниот капитен Џоел Велтман.[26] Во првиот натпревар како капитен, победата со 4-1 на домашен терен над Херенфен, тој го постигнал својот трет гол за сезоната отворајќи го резултатот во 31-вата минута. Сезоната ја завршил со вкупно 39 настапи и 3 гола во сите натпреварувања.

Во сезоната 2018-2019, поради сериозната повреда на Велтман, тој бил назначен за главен капитен на тимот на трајна основа. На 11 август 2018, Де Лихт го постигнал првиот гол за Ајакс во новата сезона во холандското првенство, спасувајќи го својот тим од пораз во 88-мата минута од натпреварот на домашен терен против Хераклес Алмело што завршил 1-1.[27] Три дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол во европските купови во победата со 3-0 на Јохан Кројф Арената над белгискиот Стандард Лиеж во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. На 17 декември 2018, Де Лихт ја освоил наградата Златно момче, со што станал првиот одбранбен играч добитник на оваа награда.[28] На 13 февруари 2019, Де Лихт станал најмладиот капитен во некој натпревар од нокаут фазата на Лигата на шампионите на возраст од само 19 години и 186 дена, во натпреварот против Реал Мадрид од осминафиналето.[29] На 27 февруари 2019 година, тој го одиграл својот 100- ти официјален натпревар за Ајакс во победата со 0-3 во Де Класикер против Фејенорд во Купот на Холандија (во истиот го постигнал и првиот гол во натпреварот), со што стана најмладиот играч на Ајакс кој стигнал до 100 настапи.[30] На 16 април 2019, Де Лихт го постигнал победничкиот гол во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Јувентус, со кој го одвел Ајакс во полуфиналето на натпреварувањето за првпат од сезоната 1996–1997.[31][32] Неговиот гол исто така го направил најмладиот холандски фудбалер кој постигнал гол во нокаут-фазата уште од Нордин Вутер во 1996 година како и вториот најмлад дефанзивец кој постигнал гол по Џоел Матип.[33] Во текот на оваа одлична сезона за Де Лихт и Ајакс, тој забележал 55 настапи и 7 гола во сите натпреварувања помагајќи му на клубот да ја освои двојната круна во Холандија. Клубот бил близу и до пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако оствариле победа во првиот натпревар од полуфиналето против Тотенхем (0-1), во вториот воделе со 2-0 на полувремето за сепак на крајот да загубат со 2-3 со примен гол во шестата минута од судиското продолжение и да бидат елиминирани поради правилото за гол во гости.

Јувентус

уреди
 
Де Лихт во дресот на Јувентус во натпревар против Локомотив Москва во Лигата на шампоните.

На 18 јули 2019, Де Лихт потпишал петгодишен договор со шампионот на италијанската Серија А, Јувентус, во трансфер вреден 75 милиони евра.[34] Тој станал петтиот холанѓанец кој заиграл за Јувентус по Едгар Давидс, Едвин ван дер Сар, Елјеро Елија и Уасим Боуи.[34] Своето деби за клубот од Торино, го направил на 31 август во победата со 4-3 на домашен терен над Наполи.[35] Совршеното деби по 60-тина минути игра се претворило во вистински кошмар за Де Лихт во остатокот од натпреварот, откако тој бил виновен за секој од трите гола на Наполи, во сите ситуации доцнејќи да ги затвори противниците кој ги постигнале головите за гостите.[36][37] Неговите грешки продолжиле и во следните месеци откако тој направил пенал играјќи со рака во сопствениот шеснаесеттник во Дербито на Италија против Интер (завршило 1-2 за Јувентус), а истото му се случило и кон крајот на октомври во натпреварот против Лече во кој неговиот тим загубил два бода играјќи нерешено 1-1. Подоцна Де Лихт признал дека на почетокот му било потребно повеќе време да се прилагоди како и дека првичниот план на клубот и тренерот Маурицио Сари бил тој постепено да влезе во првиот тим на Јувентус, но дека повредата на капитенот Џорџо Кјелини променила се и тој морал многу порано од предвиденото да стане редовен стартер играјќи во пар со Леонардо Бонучи.[38] На 2 ноември 2019, тој го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус и тој се покажал победнички во успехот со 1-0 над градскиот соперник Торино во Дербито дела Моле.[39][40] Тој станал најмладиот стрелец во Дербито дела Моле во последните 60 години и петти најмлад во целокупната историја на одигрување на торинското градско дерби. Голот му донел поголема самодоверба и неговите настапи станале многу посигурни во споредба со оние на почетокот од сезоната. На 2 февруари 2020, го постигнал својот втор гол за сезоната во првенствената победа на домашен терен со 3-0 против Фјорентина.[41] На крајот, во првенството кое се прологирало до летото, поради пролетната пауза диктирана од пандемијата на КОВИД-19, на 26 јули 2020 година, Де Лихт со Јувентус го освоил скудетото - негово прво во кариерата.[42] Својата прва сезона со клубот од Торино ја затворил со 39 настапи и 4 гола.

Следната сезона под водството на тренерот Андреја Пирло, тимот не успеал да го повтори успехот и да ја обрани титулата во првенството, движејќи се по флуктуирачки пат по кој, меѓу другото, како препреки се јавуваат и отсуствата на де Лихт во неколку наврати,[43] прво тој бил надвор од терените три месеци на почетокот на сезоната поради операција на десното рамо[44] а потоа, во јануари, бил погоден и од заразата со КОВИД-19:[45] и покрај тоа, во 2021 година тој учествувал во двете финалиња во кои Јувентус остварил победи и нови титули, во Суперкупот на Италија против Наполи и во Купот на Италија против Аталанта.[46]

За време на третата сезона, под водство сега веќе на новиот тренер - трет во последните три години - Масимилијано Алегри, де Лихт постигнал гол во победата со 3-2 на гостувањето против Специја помагајќи им на бјанконерите да ја забележат првата победа во новото првенство по неочекувано лошиот старт без победа во првите четири натпревари. На 10 февруари 2022, за време на натпреварот од Купот на Италија против Сасуоло кој завршил со резултат 2-1 за бјанконерите, де Лихт го одиграл својот 100-ти натпревар за Јувентус.[47] На 11 мај 2022, во споменатото натпреварување де Лихт го одиграл целиот натпревар во финалето против Интер, во кое неговата екипа загубила по продолженија со 2-4.[48]

Вкупно за Јувентус одиграл 117 натпревари и постигнал 8 гола.

Бајерн Минхен

уреди

На 19 јули 2022, де Лихт бил купен од Бајерн Минхен за сума од 67 милиони евра плус 10 милиони бонуси.[49][50]

Репрезентативна кариера

уреди

Во март 2017 година, тој бил повикан од селекторот Дани Блинд да се приклучи на холандска репрезентација за натпреварот против Бугарија, во квалификациите за Светското првенство 2018, и за пријателскиот натпревар против Италија.[51] На возраст од само 17 години, 7 месеци и 10 дена, поради отсуството на поискусните дефанзивци како Рон Влар, Стефан де Врај, Џефри Брума и Вирџил ван Дајк, Де Лихт го започнал натпреварот против Бугарите со што стана најмладиот играч кој го носел дресот на Орање од 1931 година - апсолутниот примат му припаѓа на Маук Вебер, кој играл со 17 години, 3 месеци и 19 дена.[52] Неговото дебито не било најдобро бидејќи Бугарија победила со 2-0, а двата гола постигнати од страна на Спас Делев биле резултат на две грешки направени од страна на младиот дефанзивец;[52] за овој избор на селекторот се дискутирало и критикувало многу во Холандија следниот ден, за на крајот тоа да доведе до разрешување на Блинд од клупата на репрезентацијата.[53]

Сепак, со доаѓањето на Роналд Куман како нов селектор, Де Лихт станува, заедно со капитенот Ван Дајк, главен дел на холандската одбрана.[54][55] На 24 март 2019 година, го одбележал својот прв репрезентативен погодок, во поразот на домашен терен со 2-3 од Германија, во квалификациите за Европското првенство 2020.[56] Во јуни истата година тој учествувал со Орање на финалната фаза на Лигата на нации: во полуфиналната победа над Англија (3-1) тој го постигнал изедначувачкиот гол за Холандија помагајќи и на својата земја да се пласира во финалето,[57] каде сепак тие биле совладани од домаќинот Португалија (0-1).[58]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Холандија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-3-2017 Софија Бугарија   2 – 0   Холандија Квал. за СП 2018 -   46'
31-5-2017 Маракеш Мароко   1 – 2   Холандија Пријателска -   73'
14-11-2017 Букурешт Романија   0 – 3   Холандија Пријателска -
23-3-2018 Амстердам Холандија   0 – 1   Англија Пријателска -
26-3-2018 Женева Португалија   0 – 3   Холандија Пријателска -   84'
31-5-2018 Трнава Словачка   1 – 1   Холандија Пријателска -
4-6-2018 Торино Италија   1 – 1   Холандија Пријателска -   70'
6-9-2018 Амстердам Холандија   2 – 1   Перу Пријателска -
9-9-2018 Париз Франција   2 – 1   Холандија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
13-10-2018 Амстердам Холандија   3 – 0   Германија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
16-10-2018 Брисел Белгија   1 – 1   Холандија Пријателска -   46'
16-11-2018 Ротердам Холандија   2 – 0   Франција УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
19-11-2018 Гелзенкирхен Германија   2 – 2   Холандија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
21-3-2019 Ротердам Холандија   4 – 0   Белорусија Квал. за Евро 2020 - дет.
24-3-2019 Амстердам Холандија   2 – 3   Германија Квал. за Евро 2020 1 дет.
6-6-2019 Гимараеш Холандија   3 – 1   Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Полуфинале 1   30'
9-6-2019 Порто Португалија   1 – 0   Холандија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Финале - дет.
6-9-2019 Хамбург Германија   2 – 4   Холандија Квал. за Евро 2020 - дет.
9-9-2019 Талин Естонија   0 – 4   Холандија Квал. за Евро 2020 - дет.
10-10-2019 Ротердам Холандија   3 – 1   Северна Ирска Квал. за Евро 2020 - дет.
13-10-2019 Минск Белорусија   1 – 2   Холандија Квал. за Евро 2020 - дет.
16-11-2019 Белфаст Северна Ирска   0 – 0   Холандија Квал. за Евро 2020 - дет.
19-11-2019 Амстердам Холандија   5 – 0   Естонија Квал. за Евро 2020 - дет.
Вкупно Настапи 23 Голови 2

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 8 март 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2016-2017   Јонг Ајакс ЕЕ 17 1 - - - - - - - - - 17 1
2016-2017   Ајакс Е 11 2 КХ 3 1 ЛШ+ЛЕ 0+9 0 - - - 23 3
2017-2018 Е 33 3 КХ 2 0 ЛШ+ЛЕ 2[59]+2[60] 0 - - - 39 3
2018-2019 Е 33 3 КХ 5 1 ЛШ 17[61] 3[62] - - - 55 7
Вкупно Ајакс 77 8 10 2 30 3 - - 117 13
2019-2020   Јувентус А 29 4 КИ 4 0 ЛШ 6 0 СИ 0 0 39 4
2020-2021 А 27 1 КИ 4 0 ЛШ 5 0 СИ 0 0 36 1
2021-2022 А 31 3 КИ 4 0 ЛШ 7 0 СИ 0 0 42 3
Вкупно Јувентус 87 8 12 0 18 0 0 0 117 8
2022-2023   Бајерн Минхен 0 0 КГ 0 0 ЛШ 0 0 СГ - - 0 0
Вкупно во кариерата 181 17 22 2 48 3 0 0 251 22

Репрезентативна статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 8 март 2020.

Репрезентација Година Наст Голови
Холандија 2017 3 0
2018 10 0
2019 10 2
Вкупно 23 2

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Ајакс

уреди
2018-2019
2018-2019

  Јувентус

уреди
2019-2020
2020-2021
2020

Наводи

уреди
  1. „Comunicato Ufficiale N. 37“ [Official Press Release No. 37] (PDF). Lega Serie A. 17 September 2019. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-01-15. Посетено на 9 March 2020.
  2. „Matthijs de Ligt“. Ajax.nl.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Matthijs de Ligt childhood story plus untold biography facts“. lifebogger.com. 25 ноември 2018. Архивирано од изворникот на 2020-03-25. Посетено на 26 март 2020.
  4. Matthijs de Ligt - Love Life - Single, Girlfriend or Wife? Архивирано на 22 јуни 2020 г. wtfoot.com
  5. „Matthijs de Ligt profile: How good is the teenage Ajax defender?“. Sky Sports (англиски). Посетено на 2019-06-09.
  6. „De Ligt beats Alexander-Arnold to Golden Boy“. ESPN.com (англиски). 2018-12-17. Посетено на 2019-06-09.
  7. „MUSCOLI, ELEGANZA E CARISMA: MATTHIJS DE LIGT, IL PREDESTINATO DA RECORD“. 23 август 2017.
  8. Matthijs de Ligt, capitano dell’Ajax a 18 anni
  9. „Tactical analysis: Matthijs de Ligt & his statistics“. Total Football Analysis Magazine (англиски). 2018-09-28. Посетено на 2019-06-09.
  10. Bremen, Griffin O'Neill (2017-04-30). „Scout Report: Matthijs De Ligt | Ajax's Accomplished Defender“. Outside of the Boot (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-22. Посетено на 2019-06-13.
  11. Sport (2018-12-01). „De Ligt: I am similar to Pique... and Ajax's style is like Barcelona's“. sport (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-11-05. Посетено на 2019-06-13.
  12. „Barcelona news: 'I am similar to Pique' - De Ligt compares himself to Spanish defender amid transfer links | Goal.com“. www.goal.com (англиски). Посетено на 2019-06-13.
  13. „Virgil van Dijk and Matthijs de Ligt: Jamie Carragher analyses brilliant Netherlands pair“. Sky Sports (англиски). Посетено на 2019-06-13.
  14. Polden, Jake (2019-06-06). „Carragher explains what he saw De Ligt do that really impressed him“. mirror. Посетено на 2019-06-13.
  15. Labellarte, Giuseppe (2019-06-06). „Jamie Carragher shares honest opinion of reported Liverpool target Matthijs de Ligt“. HITC (англиски). Посетено на 2019-06-13.
  16. „Believe the hype: Matthijs de Ligt, Frenkie de Jong are next big stars on radar of Barca, Man City“. espn.com. Посетено на 11 December 2018.
  17. „Ajax contracteert Matthijs de Ligt“. Ajax.nl. 4 септември 2015. Посетено на 1 март 2018.
  18. „Matthijs de Ligt verkozen tot Talent van de Toekomst“. Ajax.nl. 14 јуни 2016. Посетено на 1 март 2018.
  19. „Jong Ajax vs. Emmen – 8 August 2016 – Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 8 August 2016.
  20. „matthijs-de-ligt career“. uk.soccerway.com. Посетено на 11 December 2018.
  21. „De Ligt jongste scorende Ajacied na Seedorf“. Ajax.nl.
  22. „Mooi nieuws voor Matthijs de Ligt: Peter Bosz heeft de verdediger per direct aan de A-selectie toegevoegd“. Ajax.nl.
  23. „Youngest player to ever play a European final: Matthijs de Ligt“. twitter.com. Посетено на 12 December 2018.
  24. „Donny van de Beek scored a hat-trick as Ajax thrashed NAC Breda 8-0 in the Dutch Eredivisie“. BBC. 18 ноември 2017. Посетено на 23 март 2020.
  25. Wedstrijd: FC Twente - Ajax
  26. „De Ligt als de nieuwe norm bij Ajax“ (холандски). Algemeen Dagblad. Посетено на 11 December 2018.
  27. Erwin Meeks (11 авгсут 2018). „Samenvatting: Ajax - Heracles Almelo 1-1, doelpunt Peterson & De Ligt“. voetbaltube.com. Архивирано од изворникот на 2020-03-24. Посетено на 24 март 2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  28. „Ajax's Matthijs De Ligt beats Trent Alexander-Arnold to Golden Boy award“. soccernet.com. Посетено на 17 December 2018.
  29. „Matthijs de Ligt Becomes The Youngest Captain In A Champions League Knockout Game“. sportbible.com. Архивирано од изворникот на 2023-04-06. Посетено на 2020-03-24.
  30. „De Ligt jongste speler ooit in Club van 100“. ajaxshowtime.com. Архивирано од изворникот на 2021-02-05. Посетено на 2020-03-24.
  31. James, Stuart (16 April 2019). „Matthijs de Ligt strikes decisive header for Ajax to overcome Juventus“. The Guardian. Посетено на 16 April 2019.
  32. „Ajax eliminate Ronaldo's Juve with scintillating display“. Reuters. 16 April 2019. Архивирано од изворникот на 2020-10-20. Посетено на 16 April 2019.
  33. Dorman, Matt (17 April 2019). 'We're not satisfied' - De Ligt claims Ajax aren't done chasing Champions League dream“. Goal. Посетено на 17 April 2019.
  34. 34,0 34,1 „De Ligt is Bianconero!“. Juventus F.C. 18 July 2019. Посетено на 27 July 2019.
  35. Begley, Emlyn (31 August 2019). „Juventus–Napoli 4–3“. BBC Sport. Посетено на 1 September 2019.
  36. „Salvate il soldato De Ligt“. Spazio J. 1 септември 2019. Посетено на 24 март 2020.
  37. „Јуве, дебито на Де Лихт: после еден час игра направи многу грешки“. blastingnews.com. 1 септември 2019. Посетено на 24 март 2020.
  38. Nikola Knok (9 октомври 2019). „De Ligt: "Ideja je bila da postepeno uđem u momčad". ju1897.net. Посетено на 25 март 2020.
  39. „Torino 0–1 Juventus“. BBC Sport. 2 November 2019. Посетено на 3 November 2019.
  40. „Torino 0 - 1 Juventus“. Football Italia. 2 November 2019. Посетено на 3 November 2019.
  41. „CR50 e de Ligt, la Juve vola“. juventus.com. 2 февруари 2020. Посетено на 25 март 2020.
  42. „De Ligt, "apprendistato" in crescendo: inizio shock, finale da leader per lo scudetto“. 26 јули 2020.
  43. „De Ligt: "Alla Juventus sto bene e mi sento apprezzato". 2021-05-29.
  44. „De Ligt, intervento riuscito“. 2020-08-12.
  45. „Covid 19 - Guarito Matthijs de Ligt“. 2021-01-23.
  46. „RECAP | Supercoppa e Coppa Italia, i due trofei della stagione“. 2021-06-08.
  47. Mirko Nicolino [@mirkonicolino] (11 февруари 2022). „Matthijs #DeLigt ha raggiunto contro il Sassuolo le 100 presenze con la maglia della #Juventus. L'olandese è il 2° giocatore più utilizzato da #Allegri: per lui 2.089 minuti da inizio stagione. Solo #Locatelli (2.145) ha giocato di più“ (Tweet) – преку Twitter.
  48. „L'Inter batte 4-2 la Juventus e conquista la Coppa Italia: decide Perisic ai tempi supplementari“. repubblica.it. 12 мај 2022. Посетено на 22 јули 2022.
  49. „Grazie, Matthijs!“. Посетено на 2022-07-19.
  50. „FC Bayern verpflichtet Matthijs de Ligt“ (германски). 19 јули 2022. Посетено на 19 јули 2022.
  51. „Blind selecteert De Ligt, Tete en Viergever voor Oranje“ (холандски). 17 март 2017. Посетено на 29 март 2017.
  52. 52,0 52,1 „Record de Ligt: è il più giovane esordiente dell'Olanda nel Dopoguerra“. 25 март 2017. Посетено на 29 март 2017.
  53. „Il de Ligt, ovvero quando l' 'abuso di giovani' costa la panchina all'allenatore“. 27 март 2017. Посетено на 29 март 2017.
  54. Di Federico Corona (21 ноември 2018). „Bentornata, Olanda dei giovani“.
  55. James Dudko (9 март 2019). „Matthijs de Ligt Talks Up Virgil van Dijk and Possible Liverpool Move“ (англиски).
  56. „De Ligt segna il suo primo gol con l'Olanda“. 24 март 2019.
  57. „Olanda, rimonta e finale: Inghilterra battuta 3-1“. 6 јуни 2019.
  58. John Atkin (9 јуни 2019). „Olanda piegata da Guedes, Portogallo campione“.
  59. Во третото квалификаициско коло против Ница.
  60. Во плејоф рундата против Розенборг.
  61. 6 настапи во квалификациите против Штурм Грац, Стандард и Динамо Киев.
  62. 1 гол во третото квалификациско коло против Стандард.

Надворешни врски

уреди