Уасим Боуи
Уасим Боуи (роден на 11 јуни 1993 во Амстердам) — холандски фудбалер кој моментално игра за фудбалскиот клуб Јувентус.
Уасим Боуи | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 11 јуни 1993 | ||
Роден во | Амстердам, Холандија | ||
Држава | Холандија | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Панатинаикос | ||
Број | 22 | ||
Младинска кариера | |||
Зебургија | |||
Ајакс | |||
Јувентус | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012– | Јувентус | 0 | (0) |
2012–2013 | → Бреша | 17 | (1) |
2014 | → Хамбургер | 3 | (0) |
2014- | → Панатинаикос | 5 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009-2010 | Холандија 17 | 10 | (1) |
2011- | Холандија 19 | 18 | (3) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Боуи игра како внатрешен играч за врска, но омилена позиција му е да игра зад напаѓачите.
Клупска кариера
уредиАјакс
уредиБоуи ја започнал својата кариера во клубот од родниот град, Ајакс. Тој настапувал три години за младинскиот тим на Ајакс, но иако му предвидувале блескава кариера во клубот, тој го напуштил Ајакс без да одигра ниту еден натпревар за првиот тим.
Јувентус
уредиВо февруари 2012 Боуи одлучил да се пресели во Торино и да потпише договор со Јувентус. До крајот на сезоната настапувал за младинскиот тим на Јувентус. Боуи бил дел и од младиот тим на Јувентус кој триумфирал на Турнирот Вијареџо во 2012 година, каде тој бил еден од најзапазените играчи на тимот со својте асистенции и голови. На 31 август 2012, Јувентус се согласил да и го позајми Боуи на Бреша на една година.[1] Тој дебитирал само еден ден подоцна во натпреварот против Јуве Стабија во Серија Б.[2] Веќе во вториот натпревар тој го постигнал својот прв професионален погодок, носејќи и предност на Бреша нагостувањето кај Специја, но неговиот тим на крајот бил поразен во тој натпревар со 3-1. До крајот на неговиот заем одиграл 17 натпревари и имал 5 асистенции, но неуспеал да постигне уште некој гол.
На 30 јуни 2013, Боуи се вратил во Јувентус по завршувањето на позајмицата.[3] Тој бил вклучен во првиот тим на Јувентус за сезоната 2013-14, добивајќи го дресот со број 24 кој малку претходно бил испразнет од страна на Емануеле Џакерини.