Вавилонска астрологија


Во Месопотамија, односно во Вавилон, како и во Асирија, астрологијата зазема значајно место во тогашната официјална религија.

Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Историја

уреди

Месопотамија, земјата на долината Тигар-Еуфрат, денешен Ирак, долго е сметана од историчарите за „колевка“ на цивилизацијата. Месопотамската цивилизација се појавува околу 4 век п.н.е., со основањето на првиот град-држава. За време на Вавилонското Царство, доаѓа до соединување на тогашните градови-држави. Тоа време веќе се користи астрологијата, како прв организиран систем. Пронајдени се натални карти и поделба на системи на куќите стари четири илјади години.[1]

Планетарни божества

уреди

Обожувањето на планетарните божества добива своја форма после 2000 г. п.н.е., со обожавањето на:

Овие имиња се менувани во различни времиња, и до нас доаѓаат во различни форми. На пример, Нинурта понекогаш е Ниниб. Интересно е да се забележи дека пред 2000 г. п.н.е. семитските Акадијци, кои дошле од север на Месопотамија, Месечината и Венера ги сметале за машки, а Сонцето за женски принцип.

Вавилонците биле првите кои деновите од седмицата ги нарекле според планетите. Нивната шема на давање имиња на деновите и денес се користи во некои јазици:

Текстови

уреди

Она што го знаеме за астрологијата и науката од тоа време доаѓа до нас од пронајдените текстови. Знаеме дека математиката во тоа време била на ниво на онаа од 17 век во Европа. Било потребно да се комбинира интересот за астрономијата со постоечките божества и математиката, и да се добие најраната астрологија, а тоа се случило околу 2 милениум п.н.е. Најраниот познат астролошки текст што го имаме денес е од околу 1600 г. п.н.е. Текстот е наречен „Венеријански таблици на Амисадука“ (Venus Tablet of Amisaduqa), напишан за време на владеењето на кралот Амисадука на Вавилон, меѓу 1646 и 1626 година п.н.е.

Во месец 9, 15-ти ден, Венера исезна на запад. Три дена ја немаше, а потоа на 18-от ден, стана видлива на исток. Спрингс ќе се отвори, Адад ќе го донесе неговиот дожд, а Еа неговите поплави. Пораки на помирување ќе бидат испратени од крал до крал.[2]

Во овие таблици, Венера ги добива атрибутите на традиционално добар предзнак. „Венеријанските таблици“ се дел од серијата таблици на предзнаци познати како „Енума Ану Енлил“ (во превод “Кога боговите Ану и Енлил...“) што се зачувани во билбиотеката на асирскиот крал Асурбанипал (669-626 п.н.е.).[3] „Енума Ану Енлил“ е колекција на предзнаци составени меѓу 1600 и 1000 година п.н.е., и го претставува развојот на астрологијата од тој период. Астрологијата содржана во тие таблици се заснова врз изгревот и заоѓањето на планетите, и е исклучиво мундана, односно се занимава со предвидувања за целата земја и за кралот, кој се сметал за персонификација на земјата.

Пронајдени се преписи на овие таблици надвор од границите на тогашното Вавилонско царство, на пример во источна Турција (датирани од пред 1360 година п.н.е.), што е знак за ширење на астрологијата. Брзо после 6 век п.н.е. Грците почнале да учат астрономија, па доаѓа до постепен процес на мешање на знаењето и културите. На пример, се знае дека Питагора се школувал во Вавилон некаде меѓу 569 и 510 година п.н.е., а можно е неговиот пример да го следеле и други Грци од тоа време.

Библиотеката на Асурбанипал го содржи и првиот познат ѕвезден каталог „Мул Апин“ (околу 687 п.н.е.), запис на вавилонските обиди да се нацрта небото.[4] Најпознатиот астролог од тоа време бил профетот Даниел, кој му служел на вавилонскиот цар Набукодоносор, а потоа и на персискиот освојувач Сирус, околу 570-530 г. п.н.е.

Мешање на знаењето

уреди

Огромно напредување се случува во астрологијата во 432 п.н.е. со првата употреба на зодијачките знаци, и првиот поединечен хороскоп од 409 п.н.е.[4] Важно е да се напомене дека поради збунувачките историски докази, не сите историчари се согласуваат со овие прецизни датуми. После инвазијата на Александар Македонски (331 п.н.е.), разликата меѓу хеленската и месопотамската култура станува нејасна. Една од последиците на овие нејасности е што не може секогаш со сигурност да се каже кои напредоци се на Грците, а кои на Вавилонците.

Сепак, се знае дека вавилонскиот систем за времето (12 часовен ден, што подоцна е заменето со 24 часовниот ден на Египќаните) станал распространет, а денес сè уште е задржана поделбата на часот на 60 минути и минутите на 60 секунди. Вавилонците го прошириле овој систем во концепт на големи астролошки епохи, односно „голема година“ од 432.000 години (60х60х60х2). Ваквиот концепт на големи светски периоди лежи во основата на верувањето во настапувањето на „ерата на Водолија“.[4]

Најраните познати планетарни ефемериди датираат од околу 308 п.н.е., додека првата позната употреба на зодијачките степени датира од 263 п.н.е. Последниот хороскоп напишан со клинесто писмо е од 68 п.н.е., а првиот познат грчки хороскоп е од 61 п.н.е., иако се смета дека Грците правеле хороскопи и пред ова време.[5] Оваа натална карта всушност, не била на раѓање, туку на настани - крунисувањето на месопотамскиот грчки владетел Антиохус I од Комагена. Антиохус имал натална карта изрезбарена на карпа на врвот на Нимруд Дагх, што без сомневање било знак до боговите или кој и да требало да ја гледа, дека неговото владеење било одредено да биде славно.

Првата забележана натална карта со употреба на подзнак датира од 4 година п.н.е..

Практикување на астрологијата

уреди

Онолку далеку во историјата, колку што можеме да допреме, дознаваме дека астрологијата била чувана само за свештениците, на кои проучувањето на астрологијата им давало дополнителни информации при советувањето на кралот.

Во времето на ширењето на хеленската култура во последниот век пред Христос, астрологијата станала народна, односно световна. Веќе не било потребно да ја практикуваат само свештениците, но сепак астролозите биле научници и филозофи кои правеле натални карти за секој оној кого го интересира, а има пари да плати.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Holden, James Herschel (1996). A History of Horoscopic Astrology. AFA. стр. 1. ISBN 978-0866904636.
  2. Рејнер Е.: „Венеријански таблици на Амисадука“, стр. 29
  3. Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 10. (специјално издание за потребите на Факултетот за астролошки стуии, Лондон)
  4. 4,0 4,1 4,2 Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 11. (специјално издание за потребите на Факултетот за астролошки стуии, Лондон)
  5. Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 12. (специјално издание за потребите на Факултетот за астролошки стуии, Лондон)