Портал:Астрологија

уреди   

АСТРОЛОГИЈА

Астрологија (грчки: αστρολογία - наука за ѕвездите) се занимава со проучување на движењето и положбата на небеските тела и нивното влијание врз Земјата, врз човекот и неговата судбина. Луѓето кои се занимаваат со астрологија се нарекуваат астролози. Најпознат термин, а воедно и најбитен кај астрологијата е астролошката карта, попозната како хороскоп. Хороскопот се прави според точно определено време и положба на Земјата, а неговото толкување се базира врз синтеза од 4 основни елементи. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Сонцето во астрологијата претставува централна точка, тоа го симболизира центарот на сѐ што постои околу личноста. Според положбата на Сонцето во хороскопот го дознаваме и времето во кое лицето се родило. Ако Сонцето се наоѓа над Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 10-та, тогаш лицето е родено дење. Доколку Сонцето се наоѓа под Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 4-та, тогаш лицето е родено ноќе. Во случај Сонцето да се наоѓа точно на Асцендентот тогаш моментот на раѓање е во зора, ако се најде точно на Десцендентот, се работи за залез, на точката Medium Coeli (или „Средина на Небото“ - 10-поле), тогаш лицето е родено на пладне, а ако Сонцето се најде точно на точката Imum Coeli (или „Дното на Небото“ - 4 поле), тогаш лицето е родено на полноќ. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали сте знаеле...

систем, кој датира од 2. милениум п.н.е.?

  • ... дека според астрологијата месечината означува креативност, спонтаност, заштитнички став, душа, емоции, инстинкти, лишност, навики, претпазливост, осетливост, сентименталност, романтичност, интуиција, подложност на впечатоци?
уреди   

Работи кои може да ги направиш

уреди   

Избрана биографија

Џон Непер од Мерчистоун (John Napier of Merchistoun) (15504 април 1617), наречен Чудесниот Мерчистоун (Marvellous Merchistoun) бил шкотски математичар, физичар, астроном/астролог и Осми Лерд од Мерчистоун. Најпознат е по изумувањето на логаритмите и Неперовите коски, како и заживувањето на употребата на децималната запирка. Неговото родно место Мерчистонски Замок, Единбург денес е дел од Неперовиот Универзитет. Починал од костобол и бил погребан во црквата Св. Кутберт, Единбург. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана слика

Знаците на Зодијакот, средновековна резба од 16. век


уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Астрологија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)