Харц

низок планински венец во северна Германија
(Пренасочено од Вурмберг (планина))

Харц (германски: Harz) — највисок планински венец во северна Германија со мошне нерамен терен што се протега во Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија. Името потекнува од средногорногерманскиот збор Hardt/Hart (латински: Hercynia), што значи „планинска шума“. Највисока планина во системот е Брокен, со надморска височина од 1.141 м.

Харц
Harz
Највисока точка
ВрвБрокен
Надм. височина1.141 м
Географија
Земји Германија
ПокраиниДолна Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија
Геологија
Горообразбахерцинска
Вид карпапалеозојски седиментарни, метаморфни
и магматски карпи
Харц во рамките на Германија
Местоположба на Харц во Германија

Географија

уреди

Местоположба и планини

уреди
 
Бодската Клисура со листопадните шуми
 
Брокен со предавателот зиме

Харц е долг 110 км, протегајќи се од Зезен за северозапад до Ајслебен на исток. Широк е 35 км и зафаќа површина од 2.226 км2. Поделен е на Горен Харц (Oberharz) на северозапад, висок 800 м (освен масивот Брокен со 1.100 м) и Долен Харц (Unterharz) на исток со приближна висина од 400 м и плодни висорамнини.

Во подрачјето на Харц целосно или делумно влегуваат следниве окрузи: Гослар и Остероде на запад, Харц и Мансфелд-Јужен Харц на север и исток и Нордхаузен на југ. Горен Харц е повисок, обраснат со елови шуми, додека пак Долен Харц постепено се спушта во околните предели и има листопадни шуми на места испрекинати со ливади.

Линијата што ги дели Горен и Долен Харц се протега од Илзенбург до Бад Лаутерберг — делница на сливовите на реките Везер (Горен Харц) и Елба (Долен Харц). Венецот надминува 1.000 м н.в. само во работ околу југоисточен Горен Харц, наречен Висок Харц (Hochharz). Највисока планина е Брокен (1.141 м), со споредните врвови Хајнрихсхее (1.044 м) на југоисток и Кенигсберг (1.023 м) на југозапад. Други поистакнати ридови на масивот се сртот Акер-Брухберг (927 м), Ахтерман (925 м) и Вурмберг (971 м) кај Браунлаге. Во најисточниот дел планините се спојуваат со источнохар падини (во округот Харц) и долината на Зелке. Дел од јужен Харц влегува во тириншкиот округ Нордхаузен.

На Харц се наоѓа и Националниот парк Харц кој го опфаќа Брокен и околните околината. Во последно време во паркот е успешно повратен рисот, кој добро се вклопува во екосистемот.[1] Во планините на Харц живеат околу 600.000 жители, претежно во села и помали градови.

Реки

уреди

Поради големото количество на врнежи во регионот, реките се заградени со брани уште од поодамна. Харц има 17 брани на вкупно 12 реки со електростопанска и водостопанска намена и за спречување на поплави.

Најголеми реки на Харц се Инерсте, Окер и Боде на север, Випер на исток и Одра[2] на југ. Инерсте се спојува со Лајне, со притоките Нете и Гране. Во Окер се велваат реките Радау, Екер и Илзе, а притоки на Боде се Хасел, Зелке и Холтеме. Притока на Випер е Ајне. На Руме му се придружуваат Зезе и Одрам а во Хелме се влеваат Цорге, Вида и Уфе.

Историја

уреди

Харц првпат се споменува во 814 г. како „Хартингове“ (Hartingowe) поседовен документ на каролиншкиот крал Лудвиг Побожниот. Планините почнале да се населуваат дури пред 1000 години, бидејќи дотогаш шумите биле прегусти и непристапни.

Во 968 г. кај Гослар е откриено наоѓалиште на сребро, по што уследил развојот на рударството ширум планините. Во средниот век, рудата од регионот се извезувала надалеку, дури до Месопотамија. Со исцрпувањето на рудните резерви на почетокот на XIX век, рударството згаснало и жителите се отселиле. Меѓутоа, набргу почнал да се развива туризмот, по што подрачјето е повторно населено. Од 1945 до 1990 г. низ Харц минувала внатрегерманската граница, делејќи ја земјата на СР Германија (Западна) и ДР Германија (Источна). Денес ужива популарност во како во летниот, така и во зимскиот туризам.

Стопанство

уреди
 
Камноломот Габоро кај Бад Харцбург
 
Рударскиот музеј на Рамелсберг

Харц во минатото бил многу важен рударски регион. Особено се експлоатиралао сребро, железо, бакар, олово и цинк. Денес ресурсите се речиси исцрпени, па затоа индустриското стопанство почива претежно на шумарство и дрвопреработувачката индустрија. Бакарот и понатаму се експлоатира во околината на Мансфелд.

Од голема важност за стопанството е и туризмот. Има многу бањски гратчиња и речиси секое село на планините и во предгорјето има сместувачки капацитети. Познати знаменитости што привлекуваат посетители се Националниот парк Харц, планината Брокен и старите гратчиња околу подножјето.

Населени места

уреди
 
Штолберг

На Харц и околината се среќаваат следниве населени места:

Населени места во предгорјето

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Проект за рисот во Харц посет. 22 март 2009 г
  2. не се работи за големата средноевропска река Одра.

Надворешни врски

уреди

51°45′N 10°38′E / 51.750° СГШ; 10.633° ИГД / 51.750; 10.633