Зондерсхаузен
Зондерсхаузен (германски: Sondershausen) — град во сојузната покраина Тирингија, Германија, кој претставува административно средиште на округот Кифхојзер, сместен околу 50 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт. На 1 декември 2007 година, поранешната општина Шернберг била припоена кон Зондерсхаузен.
Зондерсхаузен
Sondershausen | |
Поглед на центарот на градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Кифхојзер |
Градски единици | 11 |
Градоначалник | Штефен Грим (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 201,21 км2 |
Надм. височина | 208 м |
Население | 21.034 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 105 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | KYF |
Пошт. бр. | 99706 |
Повик. бр. | 03632, 036020 (Шернберг, Талебра), 036330 (Гросбернтен, Химелсберг, Именроде, Клајнбернтен, Штраусберг) |
Портал | www.sondershausen.de |
Местоположба на градот Зондерсхаузен во рамките на округот Кифхојзер | |
Координати | 51°22′N 10°52′E / 51.367° СГШ; 10.867° ИГД |
До 1918 година, градот бил резиденција на Кнежевството Шварцбург-Зондерсхаузен, а до 1920 одина главен град на Слободната Држава Шварцбург-Зондерсхаузен.
Географија
уредиМестоположба
уредиЗондерсхаузен се наоѓа во долината на Випер, опколен од ридските масиви Хајнлајте на југ и Виндлајте на север. Највисока точка е Фрауенберг со 411 метри.
На југ се наоѓа градот Ерфурт оддалечен околу 50 километри, додека на север се наоѓа градот Нордхаузен.
Градски единици
уредиГрадски единици се:
|
|
|
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на Артерн бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:
Партија / Листа | Места |
Народна солидарност | 7 |
CDU | 6 |
Freie Wähler | 4 |
Левица Зелени |
3 1 |
SPD NUBI* |
3 1 |
AFD | 3 |
NPD | 2 |
* Нова независна граѓанска иницијатива
Градоначалник
уредиГрадоначалник на градот Зондерсхаузен е Штефен Грим (независен).
Збратимени градови
уредиГалерија
уреди-
Плоштадот со Градското собрание
-
Коритото на Випер низ градот
-
Железничката станица
-
Архитектура од времето на Источна Германија
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Зондерсхаузен“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)