Под поимот Слив се подразбира дел од територијата на која водите од атмосферски врнежи, од подземни води и извори се сливаат во еден водотек преку кој се влеваат во некое море. Во Македонија се: Егејски, Јадрански и Црноморски слив. Само мал дел од територијата на соседните земји (10%) припаѓа на овие сливови. Егејскиот слив опфаќа 87% од водите во република Македонија. Во Егејскиот слив припаѓаат сливовите на реките Вардар и Струмица. Во Јадранскиот речен слив припаѓаат реките Црн Дрим, Радика и Сатеска како и непосредниот слив на Охридското и непосредниот слив на Преспанското Езеро.

Пример за слив