Гослар (округ)

округ во Долна Саксонија, Германија

Гослар (германски: Landkreis Goslar) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Остероде, Нортхајм, Хилдесхајм и Волфенбител, градот Залцгитер и сојузните покраини Саксонија-Анхалт (Харц) и Тирингија (Нордхаузен).

Гослар
Landkreis Goslar

округ
Грб на Гослар Landkreis Goslar
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеГослар
Површина
 • Вкупна965,07 км2 (37,262 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно134.672
 • Густина1,4/км2 (3,6/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.GS
Мреж. местоlandkreis-goslar.de

Историја

уреди

Историјата на округот е потесно врзана за историјата на градот Гослар.

Округот е основан во XIX век од пруската управа. Градот не бил дел од него сè до 1972 година.

Географија

уреди

Подрачјето на округот го опфаќа северозападниот дел на масивот Харц, вклучувајќи го Националниот парк Харц. Највисока планина е Вурмберг (971 м) кај Браунлаге, воедно највисок во цела Долна Саксонија. Над гратчето Алтенау извира реката Окер која тече низ живописна долина и го напушта Харц кај Виненбург.

Орелот е хералдичко животно на градот Гослар, додека лавот ја претставува општината Шладен. Шладен не е дел од округот, но грофовите на Шладен владееле големи делови од денешниот округ во текот на раниот среден век.

Градови и општини

уреди
Градови Слободни општини Слободни области Општински заедници
  1. Бад Харцбург
  2. Браунлаге
  3. Гослар
  4. Зезен
  5. Клаустал-Целерфелд
  6. Лангелсхајм
  1. Либенбург
  1. Харц

1. Лутер на Баренберге

  1. Валмоден
  2. Лутер на Баренберге1
  3. Хахаузен
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди

51°54′38″N 10°25′16″E / 51.91056° СГШ; 10.42111° ИГД / 51.91056; 10.42111