Бад Грунд (службено: Бад Грунд (Харц); германски: Bad Grund (Harz)) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместена е во западниот дел планинскиот масив Харц, околу 7 километри западно од Клаустал-Целерфелд и 10 километри северно од Остероде.

Бад Грунд
Црквата „Св. Антонио“ во Бад Грунд
Црквата „Св. Антонио“ во Бад Грунд
Црквата „Св. Антонио“ во Бад Грунд
Грб на Бад Грунд
Бад Грунд во рамките на Германија
Бад Грунд
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Месни единици 6
Градоначалник Харалд Дицман (независен)
Основни податоци
Површина 41,18 км2
Надм. височина 295 м
Население 8.114 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 197 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHA
Пошт. бр. 37539
Повик. бр. 05327
Портал www.gemeinde-bad-grund.de
Местоположба на Бад Грунд во рамките на округот Гетинген
Карта
Карта
Координати 51°48′41″N 10°14′18″E / 51.81139° СГШ; 10.23833° ИГД / 51.81139; 10.23833

Бад Грунд била дел од поранешната истоимена општинска заедница. Била распуштена во март 2013 година и заменета со општината Бад Грунд.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Бад Грунд се наоѓа во Природниот парк Харц помеѓу Зезен на североисток, Клаустал-Целерфелд на исток и Остероде на југ. Северно се наоѓа карпата Хибихен. Низ Бад Грунд поминува шумската патека Харц.

Општински единици

уреди

Општината Бад Грунд се состои од шест единици. Следнава табела ги содржи шесте единици со нивните места и бројот на жители на 30 јуни 2013 година:[2]

Место Жители
Бад Грунд (Харц)* 2.398
Гителде** 1.888
Баденхаузен*** 1.882
Ајсдорф 1.345
Виндхаузен 994
Виленсен 317
Општина Бад Грунд 8.824

* со Лаубхите и Таубенборн ** со Тајхите *** со Нојхите и Оберхите

Соседни општини

уреди

Општината Бад Грунд на север се граничи со градот Зезен (округ Гослар), на југ со градот Остероде (поранешниот округ Остероде) и на запад со општината Калефелд (округ Нортхајм). Другите граници на општината се со двете слободни области Харц (округ Гослар) на северозапад и на североисток со Харц (округ Остероде).

Знаменитости

уреди
  • Стариот главен плоштад
  • Црквата „Св. Антонио“ — изградена во 1540 година. Црквата е опкружена од куќи во фахверк кои потекнуваат од XVII, XVIII и XIX век.[3]
  • Арборетум Бад Грунд
  • Карпа Хибихен
  • Рудникот Хилфе Готес

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „gemeinde-bad-grund.de: Bevölkerungszahlen per 30. Juni 2013 der Gemeinde Bad Grund (Harz)“. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 2016-01-24.
  3. G. Ulrich Großmann: Hannover und Südniedersachsen, p. 189. Köln 1999.

Надворешни врски

уреди