Мансфелд (германски: Mansfeld) — град во округот Мансфелд-Зидхарц, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Випер, 10 километри северозападно од Ајслебен.

Мансфелд
Грб на Мансфелд
Мансфелд во рамките на Германија
Мансфелд
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Мансфелд-Зидхарц
Градоначалник Дитмар Зауер (СДП)
Основни податоци
Површина 144 км2
Надм. височина 255 м
Население 8.432 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 59 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MSH
Пошт. бр. 06343
Повик. бр. 034782
Портал www.stadt-mansfeld.de
Местоположба на град Мансфелд во рамките на округот Мансфелд-Зидхарц
Карта
Карта
Координати 51°35′39″N 11°27′17″E / 51.59417° СГШ; 11.45472° ИГД / 51.59417; 11.45472

Протестанстскиот пионир Мартин Лутер растел во Мансфелд и во 1990-тите Мансфелд станал еден од означените шеснаесетте места како „Лутерштат“ поради оваа причина.

Историја

уреди

Мансфелд ги добил градските права во 1400 и растел заедно со развојот на рударството на бакарот и среброто, активности во кои Ханс Лудер, таткото на Мартин Лутер, бил вработен на висока позиција. Самиот Лутер го посетувал локалното училиште помеѓу 1488 и 1496, иако зградата позната како „Училиште Лутер“ била уништена и повторно изградена во 2000 поради структурни проблеми.

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)