Електрана
Електрана или централа — систем за производство на електрична енергија. Во електраните енергијата не се создава, туку се претвора од одреден облик во електрична енергија.
Видови електрани
уредиСпоред видовите на електрична струја, електраните може да бидат:
- електрани во кои се „произведува“ електрична енергија со еднонасочна струја и
- електрани во кои се „произведува“ електрична енергија со наизменична струја.
Во зависност од видот на изворот во кој примарната енергија се претвора во електрична, разликуваме;
- Хидроелектрана
- Термоелектрана
- Сончева електрана или сончева електрана
- Електрана на ветар или ветроелектрана
- Геотермална електрана итн.
Во термоелектрани, каде хемиската енергија се претвора во електрична, во зависност од видот на гориво кое се употребува, се вбројуваат: атомска електрана, електрана на јаглен, електрана на гас (електрана на плин), еизел електрана, итн.
Во хидроелектрани се вбројуваат и електраните на плима и осека и електраните на морски бранови.
Електраните исто така се делат на:
- електрани со обновливи извори на енергија
- електрани со необновливи извори на енергија
На пример: термоелектраните, кои како извори употребуваат цврсти (јаглен, ураниум), течни (дизел), гасни (природен гас (плин)) горива за свое примарно гориво, спаѓаат во електрани со необновливи извори на енергија; додека, хидроелектраните, сончевите електрани и ветроелектраните спаѓаат во електрани со обновливи извори на енергија.
Видови на енергија во природата
уредиЕнергијата постои околу нас во различни облици. Најчесто ја опишуваме како хемиска енергија, топлинска енергија, светлосна енергија, механичка енергија, електрична енергија и јадрена енергија или атомска енергија. Во пракса најчесто се користи електрична енергија заради особината лесно да се претвора во друг облик на енергија на кое било место, на пример: механичка, топлинска, хемиска енергија, светлосна и енергија на зрачење.
Предности на електричната енергија
уредиПредност на електричната енергија на наизменична струја е што може лесно и без претерано големи загуби да се пренесува преку електрична мрежа на мали (низок напон) и голема оддалеченост (висок напон) од местото на произведство до местото на користење. Следна предност е што наизменичната струја едноставно и ефикасно може да се трансформира напонот во зависност од саканата далечина на пренос.
Исто така предност е што на местото на користење лесно може да се трансформира во сите погодни облици на енергијата со помош на едноставни електрични уреди.
Електричните уреди за својата работа користат електрична енергија па мораат да бидат приклучени на некој извор на електрична енергија. Поединечни електрични уреди се приклучени на извор на електрична енергија во вид на батерија или акумулатор, додека повеќето уреди се приклучени преку електрична мрежа на електрана на наизменична струја.
Структура на електрана
уредиГлавни (направи) во наизменичните електрани се: турбина и генератор.
Турбината е уред (направа) со која кинетичката енергија на текот на водата или пареата под притисок, се претвора во механичка енергија - со вртење на турбината.
Хидроелектраните користат т.н. водени турбини, а се викаат така бидејќи турбината ја движи водата; додека термоелектраните користат т.н. парна турбина и гасна турбина (плинска турбина). И овие се именувани според материјата која ги движи (пареа и гас).
Електричен генератор, е уред (направа, машина) која ја претвора механичката енергија во електрична. На генераторот се разликуваат два основни дела: дел кој се врти (ротира) - ротор, и неподвижен дел - статор кој е во облик на голем шуплив валјак во кој се движи роторот. Електричен генератор за да „произведува“ електрична енергија потребна му е погонска направа (машина) која ќе го врти неговиот ротор. Вратилото или оската на турбината е директно или индиректно поврзано со вратилото или оската на генераторот на кој се наоѓа роторот. За движење на помали електрични генератори се употребуваат дизел-мотори, гасни турбини и сл. Турбините најчесто се движат на вода или прегреана водена пареа под притисок. Сите електрани кај кои постои термодинамички циклус со водена пареа имаат котелска постројка, која кај атомските електрани се вика јадрен реактор, бидејќи процесот на правење на пареа се одвива во реакторот. Освен ова, електраните имаат и трансформаторска постројка која напонт го дотерува на ниво потребно за транспорт на електричната енергија преку далновод.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Електрана“ на Ризницата ? |
- Identification System for Power Stations (KKS)
- Power station diagram Архивирано на 23 април 2011 г.
- Largest Power Plants in the World
- What is industrial electricity
- Database of carbon emissions of power plants worldwide (Carbon Monitoring For Action: CARMA) Архивирано на 9 август 2018 г.
- Power Plants in Iceland, Photogallery by islandsmyndir.is Iceland uses geothermal and hydroelectric energy.