Рамелсберг
Рамелсберг (германски: Rammelsberg) — врв, висок 635 метри, на северните падини на планинскиот масив Харц, јужно од историскиот град Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. На планината се наоѓале важни рудници за сребро, бакар и олово, единствен рудник кој работел непрекинато над 1000 години, кога бил затворен во 1988 година.[1] Од 1992 година, рудникот за посетители на Рамелсберг станал светско културно наследство на УНЕСКО.[1]
Рамелсберг | |
---|---|
Рударски музеј на падините на Рамелсберг | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 635 м |
Географија | |
Место | Долна Саксонија, Германија |
Матичен венец | Харц |
Име
уредиСпоред легендата, планината била именувана по витез наречен „Рам“, кој бил следбеник на царот Отон I. Во 968 година, додека ловел, витезот го врзал својот коњ за дрво, со цел да улови некој елен на скоро непристапниот терен. Неговиот коњ нетрпеливо удирал во земјата со своите копита додека чекал на својот господар да се врати и така открил вена на сребрена руда. Според други објаснувања, името веројатно потекнува од раширените цвеќиња низ областа (долногермански: Ramsen).
Создавање на рудата
уредиЗа разлика од рудното богатство на Горен Харц, рудата на Рамелсберг била предизвикана од ослободувањето на топлите термални извори кои носеле метали во текот на девонскиот период. На дното на Девонското Море, две големи поклопки на руда биле создадени, кои подона биле покриени од камења во текот на карбонскиот период.
Рударството започнало во „Стариот магацин“ (Altes Lager), откриен на површината од ерозија, во текот на бронзеното доба.[1] „Новиот магацин“ (Neues Lager) бил откриен дури во XIX век како последица на рударството. Рудниците биле истрошени дури во 1980-тите години и биле затворени во 1988 година. Рудата содржела во просек околу 14% цинк, 6% олово, 2% бакар, 1 г/т злато и 140 г/т сребро.[2]
Рударство
уредиИсторијата на рударство на Рамелсберг течела во неколку различни фази. Најпрвин, главен производ била сребрената руда, подоцна бакарната и на крајот оловото.
Анализата на нетопените парчиња руда и згура пронајдени во текот на археолошките ископувања помеѓу 1981 и 1985 година на Дина (близу Остероде) во Јужен Харц означуваат дека рударството на Рамелсберг започнало во III век.[3] Слоевите на рана населба потекнува околу III и IV век сместена околу 25 километри јужно од Рамелсберг, која не само што поседувала преиндустриска опрема за топење, туку и остатоци на руда, кои подоцна биле потврдени дека потекнуваат од Рамелсберг. Англосаксонските погребни објекти направени од рудата на Харц биле исто така пронајдени во Англија.
Среден век
уредиРударството на Рамелсберг било првпат споменато во записите околу 968 година од саксонскиот хроничар, Видукинд од Корвеј. Според неговата Res gestae saxonicae, царот Отон I отворил рудници за сребро (латински: venas argenti) и ископувал руда од нив. Рударската населба Гослар не била спомената до 979 година. Во 1005 година, привлечен од присуството на сребро, кралот Хајнрих II ја изградил Царската палата во Гослар (Kaiserpfalz Goslar) на падините на Рамелсберг, која подоцна била проширувана од неговите наследници и постепено ја заменила поранешната Кралска палата во Верла.
Профитабилните рудници останале „кралско добро“ (Reichsgut) на Светото Римско Царство. Кога во 1175 година, царот Фридрих Барбароса повикал на поддршка за неговата борба против италијанските градови во Ломбардскиот сојуз, војводата Хајнрих Лавот побарал неговото учество да му биде платено со рудниците во Гослар, но Фридрих одбил. Војводата Хајнрих извел опсада на градот и ги уништил рудниците. По неговото симнување од престолот во 1180 година, Рамелсбершките рудници биле повторно вратени во 1198/99 година.
Откако царското влијание се намалило, рудниците потпаднале под контрола на Советот на Царскиот град Гослар, кој официјални ги купил правата во 1359 година. Рударска несреќа е забележана во 1376 година, кога загинале повеќе од 100 рудари. Главни руди кои биле ископувани во Рамелсберг биле олово-цинкова, бакарна, сулфурна, мешана, кафеав боксит и баритна, заедно со важните минерали галенит, халкопирит, сфалерит, барит и сулфати. Главни метали ископувани од овие рудници биле среброто, оловото, бакарот и цинкот, на чија основа Гослар го добил богатството.
Ново време
уредиРудниците во Гослар со векови биле трн во очите на војводите од Брауншвајг-Волфенбител, кои владееле на Харц. Во 1552 година — по децении правни постапки, феуди и судири — војводата Хајнрих V ја искористил слабата позиција на градот во Шмалкалдската војна и го презел управувањето на рудниците од граѓаните. Рударските операции биле предводени од синот на Хајнрих и негов наследник Јулиј од 1568 година. Во текот на Триесетгодишната војна, граѓаните на Гослар се обиделе да ги повратат рудниците на Рамелсберг истакнувајќи се себеси како верни поддржувачи на царските сили против протестантскиот командант Христијан Помладиот; меѓутоа, немало корист откако неговиот внук војводата Август Помладиот се помирил со царот Фердинанд во 1642 година. Со водство на велфските војводи, златото било произведувано од XVIII век натаму.
Откако Гослар и Рамелсбершките рудници преминале на Кралството Хановер во 1814 година и на Кралството Прусија во 1866 година. Во рамките на проектот „Рамелсберг“ во периодот 1936/37, рудникот бил проширен од страна на нацистичките власти како дел од четиригодишниот план. Нацистите го гледале Рамелсберг со неговите метали како витален во нивните воени напори и тешкотијата за минерали. Ова довело до изградба на денешните инсталации на површината. Архитекти биле Фриц Шуп и Мартин Кремер, кои проектирале важни индустриски градби (вклучувајќи го Zeche Zollverein во областа Рур, денес исто така светско културно наследство на УНЕСКО).
Истражување во 2009 година
уредиВо февруари 2009 година, претпријатието Scandinavian Highlands Holding A/S ги објавило резултатите од геофизичките истражувања од нивната подружница Harz Minerals GmbH, според која непознати минерални руди со големина на оние во Рамелсберг веројатно се присутни на два километри западно од Рамелсберг.[4] Во есента 2009 година биле избушени неколку дупки на длабочина од 500 до 600 метри во областа на Хесенкопф и Гозетал. На крајот на јануари 2010 година, по неколкумесечна пауза, претпријатието објавило дека наскоро би бушеле до длабочина од 800 метри, каде се сомневаат дека постојат богати наоѓалишта.[5]
Светско културно наследство
уредисветско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | културно: i, iv |
Навод | 623 |
Запис | 1992 (16. заседание) |
Дополнувања | 2010 |
По повеќе од 1000 години при што биле ископани скоро 30 милиони тони руда, рудникот бил конечно затворен од претпријатието Пројсаг на 30 јуни 1988 година откако рудата била главно истрошена. Граѓанските здруженија биле целосно против плановите да се уништат површинските инсталации и да се пополнат историските рударски делови. Постепено, некористениот рудник бил претворен во музеј за зачување на неговото наследство и да ја прикаже историјата на рудникот и неговата индустриска опрема.
Во 1992 година, музејот станал светско културно наследство на УНЕСКО заедно со Стариот град на Гослар. Во 2010 година, кон ова светско културно наследство бил додаден Системот на водна регулација во Горен Харц,[6] Валкенридскиот манастир и историскиот коп Замзон. Рамелсбершкиот музеј и рудникот за посетители се точка на европската патека на индустриско наследство.
Историскиот музеј има бројни специјални знаменитости како што се:
- Галерија Редер (со специјален систем и неколку воденички тркала кои вршеле дренажа на рудникот; постои реплика во Германскиот музеј во Минхен)
- Соба за рударска опрема (Feuergezäher; најстарата рударска соба во Средна Европа)[1]
- Галерија Ратштифсте (средновековна дренажа; украсена со обоени витриоли)
- Кула Мајстор Малтер (Maltermeisterturm) (најстара рударска градба во Германија на површината)[1]
- стари рударски копови (најстарите од XI и XII).
Рударска опрема
уредиКула Мајстор Малтер
уредиКулата Мајстор Малтер (Maltermeisterturm) е најстара зачувана надземна рударска градба на Рамелсберг и веројатно во цела Германија. Била изградена околу 1500 година на падината на Рамелсберг. Првично, кулата била користена за надгледување на коповите; од 1578 година била користена како ѕвонарник (Anläuteturm).
Од средината на XVIII век, во кулата живеел мајстор Малтер (Maltermeister). Управувал со дрвото потребно за рудникот, кое било мерено во малтери, германска единица, од каде потекнува и името на кулата.
Херцбершко езеро
уредиСо цел да има доволно вода за движење на воденичките тркала во сушни периоди било изградено Херцбершкото езеро во 1561 година. Од 1926 година, ова било користено како шумски пливачки базен. До затворањето на рудникот, водата била користена за разладување и топлата вода била враќана во езерото.
Болрих
уредиПоради германското економско чудо по Втората светска војна и острото подигнување на цените на оловото и цинкот во 1950 година, биле спроведени истражувања за руда. По успешните обиди за обработка на оваа нискоквалитетна руда (содржина на метал од околу 25%), приготвувањето на рудата започнало во 1953 година на Болрих над селото Окер. Повторно, рударскиот архитект, Фриц Шуп, бил одговорен за проектирање на објектите.
Местото бил поврзано со Рамелсберг преку рударска железница низ Геленбек. Отстранувањето на оловото во Окер и обработката на цинкот во Харлингероде биле спроведувани преку стандардна железница.
-
Херцбершко езеро (Herzberger Teich)
-
Приготвување на рудата на Болрих
Комеморативна монета
уредиВо 2008 година, Стариот град на Гослар и Рамелсбершките рудници се нашле како мотив на златната монета од 100 евра, која ја издавала државата секоја година.
Планинарска патека
уредиРамелсбершкиот музеј е означен со број 91 во системот на планинската патека низ Харц.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Knolle, Friedhart et al. (2007). Geopark Harz.Braunschweiger Land.Ostfalen - Landmark 3 - Rammelsberg, English broschure by Regionalverband Harz e.V., Koch-Druck Halberstadt.
- ↑ Large D, Walcher E. (1999). „The Rammelsberg massive sulphide Cu-Zn-Pb-Ba-Deposit, Germany: an example of sediment-hosted, massive sulphide mineralisation“. Mineralium Deposita. 34: 522–538. Bibcode:1999MinDe..34..522L. doi:10.1007/s001260050218.
- ↑ Christoph Bartels (1988). Das Erzbergwerk am Rammelsberg. Гослар: Preussag AG Metall. стр. 12.
- ↑ Harz Minerals GmbH: The Gosetal Anomaly – a Rammelsberg twin?[мртва врска] (PDF 2,5MB)
- ↑ Goslarsche Zeitung: Heinz-Georg Breuer: Hoffnung wächst: Dänen bohren im Gosetal tiefer. Архивирано на 31 јули 2012 г. 25 јануари 2010
- ↑ Водната регулација во Горен Харц е стар систем за водна регулација за рудниците во Горен Харц — не го мешајте со современиот систем на водна регулација на брани и езера изградени во XX век.
Извори
уредиStoppel D. (2002). „Spuren des Bergbaus im Westharz“. Akad. Geowiss. Hannover, Veröffentl. 20: 77–84.
Надворешни врски
уреди- Рамелсберг на Ризницата ?
- Официјална страница
- Ископување на злато во Германија PDF (германски)