Тале
Тале (германски: Thale) — град во округот Харц, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, средишна Германија.
Тале | |
Панорамски поглед на Тале | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Харц |
Градоначалник | Томас Балцеровски (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 138 км2 |
Надм. височина | 156 м |
Население | 17.247 (31 декември 2019)[1] |
- Густина | 125 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HZ |
Пошт. бр. | 06502 |
Повик. бр. | 03947, 03946, 039456 |
Портал | www.thale.de |
Местоположба на градот Тале во рамките на округот Харц | |
Координати | 51°45′N 11°3′E / 51.750° N; 11.050° EКоординати: 51°45′N 11°3′E / 51.750° N; 11.050° E |
ГеографијаУреди
Се наоѓа на реката Боде, приближно 8 километри западно од Кведлинбург. Тале е и завршна станица на железничка линија Магдебург-Тале.
ИсторијаУреди
Населбата Тале, веројатно се појавила во X век. Првпат била спомнато во 936 година во врска со соседниот манастир Вендхузен, кој бил основан пред 840 година и бил еден од првите манастири на саксонска земја. Во периодот кој следи, манастирот нашол заштита од манастирот Кведлинбург. Селото било опишано во 1231 година, како Dat Dorp to dem Dale (од 1288 му било даден опис de valle, и од 1303 како von Thale). Манастирот бил уништен во 1525 година, во текот на Германската селанска војна.
Припојувања на други селаУреди
Варнштет бил припоен во 2003 година.[2][3] Во 2009 година, вкупно седум општини биле припоени на четири различни датуми.[4] Вестерхаузен бил додаден во 2010 година.[5] Алроде станал дел од општината Тале во 2011 година.[6]
Поранешна општина | Датум |
---|---|
Алроде | 1 јануари 2011 |
Алтенбрак | 1 јули 2009 |
Фридриксбрун | 23 ноември 2009 |
Најнштет | 1 јануари 2009 |
Штекленберг | 23 ноември 2009 |
Трезебург | 1 јули 2009 |
Варнштет | 21 декември 2003 |
Ведерслебен | 1 јануари 2009 |
Вестерхаузен | 1 септември 2010 |
- Површина на општината Тале
Датум | Површина |
---|---|
21 декември 2003 | 38,13 км2 |
1 јануари 2009 | 50,13 км2 |
1 јули 2009 | 78,47 км2 |
23 ноември 2009 | 102,79 км2 |
1 септември 2010 | 120,21 км2 |
1 јануари 2011 | 137,62 км2 |
Историја на населениетоУреди
Растот на населението (од 1995, бројките се однесуваат од 31 декември)[7]:
|
|
ПолитикаУреди
Градски советУреди
Според официјалните резултати од изборите за градскиот совет Тале на 7 јуни 2009; Учество на гласачите: 42,88 %.
- ДХС – 59,2 %, 17 места
- Левица – 13,3 %, 4 места
- СлДП – 8,2 %, 2 места
- СДП – 7,4 %, 2 места
- Зелени – 4,9 %, 3 места
- изборна група – 4,1 %, 1 место
ГрбУреди
Грбот бил одобрен на 11 јули 1996 година од Регионалниот совет Магдебург (Regierungspräsidium).
ПартнерстваУреди
Од 1990, Тале има градски партнерства со Зесен (Долна Саксонија) на северозападното подножје на Харц, од 1998, со францускиот град Жувизи-сур-Орж, 18 км од Париз, како и Тилабери во Нигер, северозападно од реката Нигер.
Култура и места на интересУреди
МузеиУреди
- Манастир Вендхузен
- Музеј Тале
- Валпургис Хал
ЗградиУреди
- Поранешниот манастир Вендхузен, потекнувајќи од каролиншкиот период
- Хотел Ценпфунд, изграден во 1863 година и некогаш најголемиот летен хотел во Германија
- Црква Свети Петар, завршена во 1906 година
- Римокатоличката црква на Светото Срце (Herz-Jesu-Kirche), завршена во 1910 и 1911 година
- Прекрасната ветерница во селото Варнштет
Други културни местаУреди
- Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“)
- Планински театар
- Див животински парк (Tierpark)
- Зомероделбан
- Бау-Шпил-Хаус
- Забавен парк
- Централен театар (кино)
- Стражарница Хомбург (Homburgswarte)
Природни споменициУреди
- Клисура Боде - Тале е влезната точка на клисурата Боде, што излегува кај Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“), достапна со гондолата „Клисура Боде“ и Рострапе. На Hexentanzplatz е голем отворен театар и зоолошка градина.
- Тојфелсмауер - во близина на селата Ведерслебен и Варнштет, се наоѓа Тојфелсмауер („Ѕид на ѓаволот“), еден од најстарите природни резервати во Германија.
- Вештерска патека Харц (Harzer Hexenstieg), долга патека, која води од Тале до Остероде, минувајќи низ различни знаменитости на патот, вклучувајќи ги и Брокен, Торфхаус, Дамграбен и езерцата на Горен Харц.
МедиумУреди
Тале е местото на случување во романот на Теодор Фонтан, Сесил (Cécile). Фонтан останал во Тале, повеќепати помеѓу 1868 и 1884.
НаводиУреди
- ↑ „Население по општини на 31 декември 2019 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. (германски)
- ↑ Биро за статистика Саксонија-Анхалт со регионалните реформи 1994-2007
- ↑ СтБА: Промени во општините на Германија, види 2003
- ↑ СтБА: Промени во општините на Германија, види 2009, 1-ва и 2-ра листа
- ↑ СтБА: Промени во општините на Германија, види 2010
- ↑ СтБа: Промени во општините на Германија, види 2011
- ↑ Содржи податоци од 1939
Надворешни врскиУреди
- Тале на Ризницата ?
- Службена страница за градот Тале