Лангелсхајм
Лангелсхајм (германски: Langelsheim) — град во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Лангелсхајм | |
Музејот на татковината во Лангелсхајм | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гослар |
Градски единици | 5 |
Градоначалник | Хенинг Шрадер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 48,72 км2 |
Надм. височина | 204 м |
Население | 11.245 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 231 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GS |
Пошт. бр. | 38685 |
Повик. бр. | 05326 |
Портал | www.langelsheim.de |
Местоположба на градот Лангелсхајм во рамките на округот Гослар | |
Координати | 51°56′17″N 10°20′6″E / 51.93806° СГШ; 10.33500° ИГДКоординати: 51°56′17″N 10°20′6″E / 51.93806° СГШ; 10.33500° ИГД |
ГеографијаУреди
Градот е сместен помеѓу реката Инерсте и нејзината притока Гране, на северните падини на планинскиот масив Харц и истоимениот национален парк, на околу 8 километри северозападно од градот Гослар.
Градски единициУреди
- Астфелд
- Бределем
- Лангелсхајм
- Лаутентал
- Волфсхаген во Харц
ИсторијаУреди
Местото некогаш било наречено Лангенице (Langenizze) кое се развило од тврдина на планината Канштајн во X век, која била подигната од Отонската династија. Лангелсхајм бил место на стари леарници, првпат забележани во XIII век, каде рудата од Рамелсбершките рудници била топена.
НаселениеУреди
|
|
|
|
Меѓународни односиУреди
Збратимени градовиУреди
Лангелсхајм е збратимен со следниве градови:
Познати луѓеУреди
- Хајнрих Штајнвег — градител на пијано
- Јан Асман — египтолог
- Ханс-Вернер Боте — филозоф и неврохирург
- Тимо Розе — режисер и музичар
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
„Лангелсхајм“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Лангелсхајм на Curlie (англиски)