Клаустал-Целерфелд

Клаустал-Целерфелд (германски: Clausthal-Zellerfeld) — град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во југозападниот дел на планинскиот масив Харц.

Клаустал-Целерфелд
Главната градска црква во Клаустал
Главната градска црква во Клаустал
Грб на Клаустал-Целерфелд
Клаустал-Целерфелд is located in Германија
Клаустал-Целерфелд
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гослар
Градски единици 4
Градоначалник Брита Швајгел (независна)
Основни податоци
Површина 43,71 км2
Надм. височина 560 м
Население 15.888 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 363 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GS, BRL, CLZ
Пошт. бр. 38678
Повик. бр. 05323
Портал www.samtgemeinde-
oberharz.de
Местоположба на градот Клаустал-Целерфелд во рамките на округот Гослар
Карта
Координати 51°48′18″N 10°20′8″E / 51.80500° N; 10.33556° E / 51.80500; 10.33556Координати: 51°48′18″N 10°20′8″E / 51.80500° N; 10.33556° E / 51.80500; 10.33556

На 1 јануари 2015 година, општинската заедница Горен Харц со нејзините општини, градот Клаустал-Целерфелд, гратчето Алтенау, гратчето Вилдеман и Шуленберг во Горен Харц била укината и бил образуван новиот град Клаустал-Целерфелд од дотогаш самостојаните општини. Градскиот дел Клаустал е седиште на Техничкиот универзитет Клаустал.

ГеографијаУреди

Градски единициУреди

ИсторијаУреди

Всушност, Клаустал-Целерфелд се состои од два града: Клаустал и Целерфелд кои биле споени во 1924 година за да создадат една административна единица. Клаустал е познат по стариот Технички универзитет Клаустал и неговите прекрасни градби, додека Целерфелд е вообичаено туристичко одредиште за планинарите и спортистите во зима. Клаустал-Целерфелд е најголем град во областа и се наоѓа во планината отколку на неговите падини.

Рударството во областа започнало во XVI век. Современите сајли биле пронајдени да служат за ископување во рудниците за железо во 1830-тите години од германскиот рударски инженер Вилхелм Алберт. Биле брзо прифатени бидејќи се покажале надмоќни над јажињата направени од коноп или од металните синџири, како што се користеле претходно и наскоро нашле најразлична примена, вклучувајќи ја и нивната употреба во висечките мостови. Железницата „Долина Инерсте“ била отворена во 1877 година и се проширила до Алтенау во 1914 година. Импресивната железничка градба и 70 градби во градот биле уништен во воздушен напад на 7 октомври 1944 година.[2] Вкупно, 92 лица ги загубиле своите животи.

Рударските активности траеле до 1930 година кога рудните богатства биле истрошени и повеќе не било финансиско исплатливо. Денес, постојат бројни остатоци на рудници во областа на Харц, некои од нив претворени во музеи. Железничката линија била затворена во 1976 година. Поранешната железничка станица, која била обновена во периодот 1961-1963, откако била уништена во 1944 година, е дом на туристичко-информативното биро и градската библиотека.

Техничкиот универзитет Клаустал бил основан во 1775 година за рударство. Денес, покрива најразлични областа од инженерството.

ГодинаНас.±%
182111.757—    
184814.739+25.4 %
187114.080−4.5 %
188513.917−1.2 %
190513.758−1.1 %
192512.973−5.7 %
193311.855−8.6 %
193911.788−0.6 %
194615.786+33.9 %
195017.643+11.8 %
195615.585−11.7 %
196115.849+1.7 %
196816.468+3.9 %
197015.714−4.6 %
197516.690+6.2 %
198016.270−2.5 %
198516.250−0.1 %
199017.061+5.0 %
199516.703−2.1 %
200015.413−7.7 %
200515.075−2.2 %
201014.579−3.3 %
201112.798−12.2 %
201212.772−0.2 %
201312.923+1.2 %

Култура и знаменитостиУреди

  • Водостопанство Горен Харц

МузеиУреди

  • Рударски музеј Горен Харц
  • Технички универзитет Клаустал

ГрадбиУреди

  • Градби во системот за водно управување Горен Харц
  • Главната градска црква во Клаустал — најголема дрвена црква во Германија со 2200 места, изградена 1639-42 година, додека камбанаријата потекнува од 1637 година
  • Старата аптека во Целерфелд — изградена во 1674 година со дрвени релјефи
  • Протестантска црква во Целерфелд — изградена 1674-83
  • Ковачница во Клаустал — употребувана помеѓу 1617–1849
  • Шумска градба во Клаустал — изградена 1726-30
  • Куќа Дицел во Целерфелд — потекнува од 1674 година
  • Поранешна железничка станица — уништена во 1944 година и повторно изградена во 1961-63 година
  • Родната куќа на Роберт Кох

ЛуѓеУреди

Родени во Клаустал-ЦелерфелдУреди

Поврзано со градотУреди

Меѓународни односиУреди

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Збратимени градовиУреди

Клаустал-Целерфелд е збратимен со следниве градови:

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. "Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2018". Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2018. (германски)
  2. Evert Heusinkveld. Die Innerstetalbahn Langelsheim - Altenau, p. 11. Nordhorn 2007
  3. "L'Aigle découverte - Nos villes jumelles". Град Л’Егл. Посетено на 20 јули 2013.

Надворешни врскиУреди