Валкенрид

општина во Германија

Валкенрид (германски: Walkenried) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на јужните падини на планинскиот масив Харц, околу 15 километри јужно од Браунлаге и 15 километри северозападно од Нордхаузен.

Валкенрид
Ловен дом во Валкенрид
Ловен дом во Валкенрид
Ловен дом во Валкенрид
Грб на Валкенрид
Валкенрид во рамките на Германија
Валкенрид
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Општ. заед. Валкенрид
Градоначалник Моника Прир (СДП)
Основни податоци
Површина 12,23 км2
Надм. височина 275 м
Население 4.499 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 368 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHA
Пошт. бр. 37445
Повик. бр. 05525
Портал www.walkenried.de
Местоположба на Валкенрид во рамките на округот Гетинген
Карта
Карта
Координати 51°35′13″N 10°37′8″E / 51.58694° СГШ; 10.61889° ИГД / 51.58694; 10.61889

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Валкенрид се наоѓа на реката Вида. До повторното обединување на Германија, Валкенрид се наоѓал непосредно на внатрегерманската граница, која поминувала јужно и источно од општината. Валкенрид е призната воздушна бања.

Соседни општини

уреди

Историја

уреди

Селото првпат е споменато во 1085 година. Било најпознато како средиште на Валкенридскиот манастир, третиот цистерцијански манастир основан на територијата на германското говорно подрачје, во 1227 година и секуларизиран во 1668 година.

Моментално, манастирот е во руини и е прогласен за споменик на културата.

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди