Халберштат (германски: Halberstadt) — град во германската покраина Саксонија-Анхалт и е главен град на округот Харц. Се наоѓа на германскиот пат на дрвени куќи и железничката линија Магдебург-Тале.

Халберштат
Грб на Халберштат
Халберштат во рамките на Германија
Халберштат
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Харц
Градски единици 5
Градоначалник Андреас Хенке (Левица)
Основни податоци
Површина 143 км2
Надм. височина 119 м
Население 40.457 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 283 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HZ
Пошт. бр. 38820
Повик. бр. 03941
Портал www.halberstadt.de
Местоположба на град Халберштат во рамките на округот Харц
Карта
Карта
Координати 51°53′45″N 11°2′48″E / 51.89583° СГШ; 11.04667° ИГД / 51.89583; 11.04667

Градот бил сериозно оштетен во Втората светска војна, но задржал многу историски важни згради и голем дел од неговиот стар изглед на градот. Познати места во Халберштат се Либфрауенкирхе и Катедрала Свети Стефан, црквите се изградени во XII и XIII век, соодветно. Халберштат е местото на првите документирани големи, постојани оргули, поставени во 1361. Катедралата е познати во северните европски градови, по тоа што го има задржано средновековното богатство во речиси целосна состојба. Меѓу нејзините богатства се и најстарата зачувана таписерија во Европа, која потекнува од XII век.

Германија Халберштат е фудбалски клуб, кој игра во Халберштат.

Историја

уреди

Халберштат бил епископско седиште во 814 и бил популарно трговска место во XIII и XIV век. Халберштатската Архиепископија била секуларизирана во 1648 година, според Вестфалскиот мир и станала Кнежевство Халберштат, во рамките на Бранденбург-Прусија.

Халберштат станал дел од Кралството Прусија во 1701, но станало дел од Кралството Вестфалија, земја под влијание на Наполеон во 1807. По поразот на Наполеон, градот бил вратен на Прусија, а потоа администриран во рамките на Провинцијата Саксонија. Градот станал дел од Саксонија-Анхалт од 1945 до 1952, потоа бил во рамките на Округ Магдебург во Источна Германија. По повторното обединување на Германија, Халберштат станал дел од обновената Саксонија-Анхалт.

 
Црква Свети Бурхарди

Светски најбавниот, најдолг концерт

уреди

Изведбата на музичкиот дел за оргули As Slow As Possible на Џон Кејџ започна во Бурхардикирхе во Халберштат во септември 2001; изведбата се очекува да трае 639 години. Концертот започнал на 5 септември 2001 година со пауза во изминативе 17 месеци. Во деновите кога се менуваат звуците, црквата обично е многу посетена.

Еврејска култура

уреди

Во 17 век, Халберштат ја имал една од најголемите еврејски заедници во Средна Европа. Во тоа време, скоро една дваесеттина од градските жители, скоро 700 луѓе, биле Евреи. Познат меѓу нив бил Беренд Леман.

Еден пример од работата на Леман е импресивната синагога, која ја финансирал во Бакенштрасе, која е завршена во 1712 година. Во 1938, по кристалната ноќ, повеќето згради биле уништени од нападот, а оние што преостанале биле во опасност од колабирање.

На кратко растојание од синагогата, во алеата Розенвинкел, Леман исто така изградил куќа за студентите по Јудаизам, со збирка на теолошки текстови. Оваа зграда, позната како „Клаус“, била местото каде што многу важни студенти на Талмуд и како рабини биле подучувани. „Клаус“ му дал Халберштат углед на важен центар во изучувањето на Тората. Денес, Академијата Мозес Менделсон е основана тука; се организираат изложби, конгреси и презентации и обезбедува широк опсег на информации околу еврејската култура и начин на живот.

Познати жители

уреди

Меѓународни односи

уреди

Халберштат е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди