Саксонија-Анхалт (на германски Sachsen-Anhalt) — една од шеснаесетте сојузни покраини во Германија. Главен град на покраината е Магдебург и е опколена со германските покраини Долна Саксонија, Бранденбург, Саксонија и Тирингија.

Саксонија-Анхалт
Sachsen-Anhalt
Сојузна покраина
Знаме на Саксонија-АнхалтГрб на Саксонија-Анхалт
Координати: 51°58′16″N 11°28′12″E / 51.97111° СГШ; 11.47000° ИГД / 51.97111; 11.47000
ДржаваГерманија
Главен градМагдебург
Управа
 • ПремиерРајнер Хазелоф (ДХС)
 • Владејачки партииДХС / СДП
 • Гласови во Бундесратот4 (од 69)
Површина
 • Вкупно20.447,7 км2 (7,894,9 ми2)
Население (2020-12-31)[1]
 • Вкупно2.180.684
 • Густина110/км2 (280/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166DE-ST
БДП€ 48 млрд. (2005)
NUTS-регионDEE
Мреж. местоsachsen-anhalt.de

Саксонија-Анхалт покрива површина од 20.447,4 км2.[2] Има население од 2,34 милиони (повеќе од 2,8 милиони во 1990).[3]

Саксонија-Анхалт не треба да се поврзува со Саксонија или Долна Саксонија, исто така, германски покраини.

Географија уреди

Саксонија-Анхалт е една од 16-те покраини на Германија. Се наоѓа во западниот дел на источна Германија. По големина е осма најголема покраина во Германија, додека по население е десетта.

На север, во Саксонија-Анхалт доминираат рамнините (Северна германска низина). Во ретко населениот Алтмарк се наоѓаат старите ханзини градови како што се Залцведел, Гарделеген, Штендал или Тангерминде. Транзицијата од регионот Алтмарк во регионот Елба-Берде-Хит со неговата плодност, ретко пошумениот крај Магдебуршко Берде се остварува од страна на Колбиц-Лецлинген Хит и Дремлинг во близина на Волфсбург. Познати градови во Магдебуршко Берде се Халденслебен, Ошерслебен (Боде), Ванцлебен, Шенебек (Елба), Ашерслебен и Магдебург, од кој го добил и името.

На југозападот, се наоѓаат планините Харц, се состојат од националниот парк Харц, подножјето на Харц и Мансфелд Ланд. Највисоката планина во Харц е Брокен, со висина од 1.141 метар, која во исто време е и највисоката висина во Северна Германија. Во оваа област, можат да се најдат следниве градови Халберштат, Вернигероде, Тале, Ајслебен и Кведлинбург.

Сместена на реките Зале и Унштрут на југот на покраината, го формира делот на Средна Германија, таму е винската област Зале-Унштрут и градовите Цајц, Наумбург (Зале), Вајсенфелс и Фрајбург (Унштрут).

Метрополитенската област Хале (Зале) формира агломерација со Лајпциг во Саксонија. Оваа област е позната по нејзината високо развиена хемиска индустрија (Chemiedreieck - хемиски триаголник), со главни производствени погони во Лојна, Шкопау (Buna-Werke) и Битерфелд. На крај, на истокот, се наоѓа Десау-Рослау на реката Елба (како и главниот град Магдебург) среде регионот Анхалт-Витенберг.

Административна поделба уреди

 
Магдебург
 
Хале
 
Десау

Главен град на Саксонија-Анхалт е Магдебург. Исто така, е и најголем град во покраината, во трка со Хале.

Саксонија-Анхалт е поделана на 11 рурални окрузи и три урбани окрузи. Моменталната состојба била создадена по двете окружни реформи. Со првата од 1994, 37-те окрузи биле реформирани на нови 21 округ. Последната реформа се случи на 1 јануари 2004, кога 21 округ биле реорганизирани во сегашните 11 окрузи.[4]

Од 1994 до 2003, Саксонија-Анхалт била поделна на 21 рурален округ („Landkreise“). Над овој степен, се наоѓале трите административни окрузи (Regierungsbezirke): Десау, Хале и Магдебург. На 1 јануари 2004 овие три административни окрузи биле укинати.

 

Рурални окрузи се:

и три урбани окрузи:

Историја уреди

 
Грбот на Саксонија-Анхалт помеѓу 1946 и 1952.

Во април 1945 американската армија го ослободила поголемиот дел од западниот и северниот дел од идната Саксонија-Анхалт. Американски совет за контрола, Германија (скратеница од ОМГУС) го назначил првиот ненацистички функционер на водечко место во областа. Така Ерхард Хибенер, отфрлен од нацистите, бил повторно назначен за саксонски Landeshauptmann (гувернер). До почетокот на јули, американската армија се повлекла, со цел да ѝ се дозволи на црвената армија да ја заземе пруска Саксонија, како дел од советската окупациска зона, како што било договорено со Лондонскиот протокол во 1944.

На 9 јули советската воена администрација во Германија (СВАГ) наредила да се припојат Слободна држава Анхалт, Хале-Мерзебург, гувернат Магдебург (во тогашните граници), Алштет (пред Тирингија) и некои брауншвајшки источни енклави (Калферде и источниот дел од поранешниот округ Бланкенбург[5]) во пруската Провинција Саксонија.[6] Во меѓувреме, првично саксонскиот гувернат Ерфурт станал дел од Тирингија.

За поранешната историја, видете ги соодветните статии на овие ентитети пред 1945. На Анхалт името му потекнува од замокот Анхалт во близина на Харцгероде; потеклото на името на замокот останува непознато.

СВАГ го назначила Хибенер како претседател на провинциската саксонска администрација, новосоздадена функција. Администрација била со седиште во Хале на Зале, со што станал главен град, исто така и на подоцнежната Саксонија-Анхалт, сè до 1952. На 3 септември 1945, новата администрација инспирирана од Советите, донела одлука за масовна експропријација, најмногу погодувајќи ги носителите на голем недвижен имот, најмногу благородниците.

По повод првите, како и единствените избори во Советската зона, дозволувајќи им на партиите навистина да се натпреваруваат за местата во провинцискиот и покраинските парламенти, на 20 октомври 1946, Провинцијата Саксонија била преименувана во Провинција Саксонија-Анхалт (Provinz Sachsen-Anhalt), сметајќи го првичното спојување.[6] На 3 декември 1946, членовите на новиот провинциски парламент го избрале Хибенер како прв министер-претседател на Саксонија-Анхалт со гласовите на ДХС и Либерално-демократската партија на Германија (ЛДПД). Така, станал единствениот гувернер во Советската зона, кој не бил член на комунистичката партија за социјалистичкото единство на Германија (СЕД). Тој бил невообичаен гувернер за советските власти.

По официјалната сојузничка одлука за распуштање на слободната држава Прусија, која останала во агонија по прускиот удар во 1932, нејзините поранешни провинции, кои сè уште постоело, добиле државност, така што провинциите се здружиле во Држава Саксонија-Анхалт на 6 октомври 1947.[6] Станала дел од Германската демократска република (Источна Германија) во 1949. Од 1952 до 1990 источногерманските покраини биле распуштени и територијата на Саксонија-Анхалт била поделена во два источногермански окрузи Хале и Магдебург. Во 1990, поради германското реобединување, окрузите бил повторно припоени како покраина.

Политика уреди

Покраински избори на 20 март 2011 уреди

Поранешниот министер-претседател Волфганг Бемер (CDU) не учествувал на изборите.

Ова биле службените изборни резултати (второ гласање):[7]

Партија Освоени гласови Процент во гласовите Вкупно места Процент од местата
Демохристијански сојуз (ДХС) 322.897 32,5% 41 39,0
Лева Партија (Die LINKE)) 234.917 23,7% 29 27,6
Социјалдемократска партија (SPD) 213.586 21,5% 26 24,8
Сојуз 90/Зелени 70.906 7,1% 9 8,6
Национално демократска партија на Германија (NPD) 45.697 4,6% 0 0,0%
Слободна демократска партија (FDP) 38.172 3,8% 0 0,0%
Сите други 67.000 6,8% 0 0,0%
Вкупно 993.175 100,0% 105 100,0%

Економија уреди

Развој на економијата уреди

По повторното обединување на Германија во 1990 година, распадот на неконкурентните поранешни индустрии, предизвикале големи економски и социјални проблеми. Во 2000, Саксонија-Анхалт ја имала највисоката стапка на невработеност од сите германски покраини, со 20,2 проценти.[8]

Меѓутоа, процесот на економска трансформација изгледа е завршен. Масовните инвестиции во модерната инфраструктура, кои се направиле од 1990 ги направиле и постоечките и новоотворените бизниси, високо конкурентни. На пример, индустрија го зголемила за двапати своето учество во меѓународните приходи од 13 проценти во 1995, на 26 во 2008.[9] Во меѓувреме, стапката на невработеност поднала на задоволителни 11,3 проценти (до јуни 2011).[10]

Како дел од оваа обнова била да се добијат добри резултати за германската економија, па така Саксонија-Анхалт не само што го следи националниот тренд, туку и има подобри резултати од некои други германски покраини. На пример, таа е пред 3 други германски покраини по стапката на невработеност (до јуни 2011): германскиот главен град и градот-покраина Берлин (13,3 проценти), Мекленбург-Западна Померанија (11,9 проценти) и градот-покраина Бремен (11,6 проценти).[10]

Структура на економијата уреди

Религија уреди

Во 2010, мнозинството граѓани на Саксонија-Анхалт не биле религиски определени и повеќе луѓе ги напуштале црквите отколку што влегувале во нив.[11]

Химна уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)
  2. http://www.stala.sachsen-anhalt.de/gk/fms/fms111.htm
  3. „Страница за статистиките на населението на Саксонија-Анхалт (германски)“. Архивирано од изворникот на 2017-10-21. Посетено на 2011-09-25.
  4. Закон за окружната реформа Архивирано на 19 јули 2011 г. 11 ноември 2005 (германски)
  5. Подоцна, меѓутоа, округот првично не бил сметан како дел од Советската зона, но бил предаден безусловно од Британците на 22 јули.
  6. 6,0 6,1 6,2 "1945–1949", на: Gedenkkultur Dessau-Roßlau. Посетено на 16 август 2011.
  7. „Официјални резултати од изборите 2011“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2011-09-27.
  8. Статистички уред на покраината Саксонија-Анхалт (2010)
  9. Комора за трговија и индустрија на Хале-Десау (2010), стр. 14[мртва врска]
  10. 10,0 10,1 Комора за трговија и индустрија на Берлин (2011), стр. 2
  11. 11,0 11,1 11,2 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-17. Посетено на 2011-09-27.
  12. EKD http://www.ekd.de/download/kirchenmitglieder_2007.pdf
  13. chiesa cattolica http://www.dbk.de/imperia/md/content/kirchlichestatistik/bev-kath-l__nd-2008.pdf[мртва врска]