Ошерслебен (германски: Oschersleben) — град во округот Берде, во Саксонија-Анхалт, Германија.

Ошерслебен
Авионски поглед кон Ошерслебен
Авионски поглед кон Ошерслебен
Авионски поглед кон Ошерслебен
Грб на Ошерслебен
Ошерслебен во рамките на Германија
Ошерслебен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Берде
Градоначалник Дитер Кленке (СДП)
Основни податоци
Површина 189 км2
Надм. височина 85 м
Население 19.704 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 104 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BK
Пошт. бр. 39387, 39398
Повик. бр. 03949, 039408
Портал Град Ошерслебен
Местоположба на град Ошерслебен во рамките на округот Берде
Карта
Карта
Координати 52°1′N 11°15′E / 52.017° СГШ; 11.250° ИГД / 52.017; 11.250

Географија

уреди

Ошерслебен се наоѓа близу реката Боде, 24 километри југозападно од Магдебург во регионот наречен Магдербургер Берде. Реката Боде ја достигнува најсеверната точка надвор од градот. Ошерслебен е најважната железничка станица на железничката линија Магдебург-Халберштат-Тале.

Историја

уреди
 
Црква Свети Никола во Ошерслебен
 
Статуа во Ошерслебен

На 23 ноември 994, Ошерслебен бил првпат споменат во документ од императорот Отон III. Во 1235, бил првпат споменат како град. Во 17. век повеќето делови на Ошерслебен биле уништени во пожар. ВО 1648, бил под доминација на Бранденбург. Ошерслебен станал окружен главен град во 1816 и бил поврзан со железничкиот систем во 1843.

Во годините пред Втората светска војна Ошерслебен се ширел, поради фабриката за авиони (AGO Flugzeugwerke), која била основана тука и биле потребни многу работници. Оваа фабрика била причината поради која Сојузниците го нападнале градот во десет последователни напади.

Во текот на периодот во Германската Демократска Република Ошерслебен бил центар на земјоделството во регионот. Сепак, некои индустриски објекти биле направени тука, на пример сè уште постои производителот на пумби, како и рафинеријата за шеќер, металопреработувачката индустрија, пиварницата, машинската индустрија и дрвната индустрија.

Од 2000, трката Ошерслебен е користен во повеќе натпреварување под капата на Меѓународната автомобилска федерација. Во 2005, трката била преименувана како Motorsport Arena Oschersleben, поради несолвентноста на инвеститорите.

Во 1992, била изградена компанија Agrarfrost за преработка на компири, која произведува пржени компири и чипс.[2] Фабриката произведување околу 140.000 тони компири годишно.[3]

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. „Страница на Agrarfrost“. Архивирано од изворникот на 2012-03-04. Посетено на 2011-12-19.
  3. „Покраинско биро за администрација Саксонија-Анхалт“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2011-12-19.

  Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

уреди