Волфенбител
Волфенбител (германски: Wolfenbüttel) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Волфенбител
Wolfenbüttel | |
Замокот Волфенбител | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Волфенбител |
Градски единици | 10 окрузи |
Градоначалник | Томас Пинк (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 78,46 км2 |
Надм. височина | 77 м |
Население | 52.681 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 671 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WF |
Пошт. бр. | 38300, 38302, 38304 |
Повик. бр. | 05331 |
Портал | www.wolfenbuettel.de |
Местоположба на градот Волфенбител во рамките на округот Волфенбител | |
Координати | 52°09′44″N 10°32′13″E / 52.16222° СГШ; 10.53694° ИГД |
Најмногу е познат како средиште на меѓународно познатата библиотека „Херцог Август“ и по најголемиот број на фахверк градби во Германија. Претставува епископско седиште на Евангелистичко-лутеранската црква во Брауншвајг. Исто така, претставува дом на производителот на Јегермајстер, како и на кампусот на Вишата школа Остфалија.[2]
Географија
уредиСтариот град на Волфенбител се наоѓа на надморска височина од 77 метри (измерено на железничката станица). Како највисока точка во градското подрачје е Дроненберг со 134 метри во североисточниот дел на Волфенбител. Во северниот дел на градот се наоѓа најниската точка со 74 метри. Како градски центар е одредена главната црква.[3] Во насока север-југ градот се протега 5,2 километри, додека во насока исток-запад се протега околу 5 километри.
Градското подрачје зафаќа простор од 1.461 хектар (14,61 км²), додека со сите окрузи околу градот површината изнесува 7860 хектари (78,60 км²).[4] Со 1190 хектари шумите зафаќаат најголем дел од површината, зад нив следат станбените и слободните површини со 1089 хектари. Улиците и патиштата зафаќаат вкупно 540 хектари, 186 хектари зафаќаат парковите, а реките и езерата 67 хектари.[5]
Местоположба
уредиВолфенбител се наоѓа во југоисточниот дел на Долна Саксонија помеѓу планинскиот масив Харц и Линебуршко поле. Градот се наоѓа 12 километри јужно од Брауншвајг, околу 60 километри источно-југоисточно од покраинскиот главен град Хановер и во непосредна близина на Залцгитер. Други градови се Бад Харцбург, Гослар, Хилдесхајм, Пајне и Волфсбург.
Низ градот поминува реката Окер. Јужно од градот се наоѓа шумата Одер.
Градски единици
уредиВолфенбител се состои од самото градско јадро и десет припоени окрузи Залцдалум, Ацум, Алум, Вендесен, Линден, Халхтер, Лајнде, Адерсхајм, Фимелзе и Грос Штекхајм.
Градското јадро понатаму е поделено на седум градски делови или градски окрузи. Во самиот Стар град се наоѓаат Августштат (запад), Хајнрихштат (центар) и Јулиусштат (исток). Градските делови Курцес Холц (североисток), Роте Шанце (југоисток), Шведеншанце (северозапад) и Вајсе Шанце (југозапад) го опкружуваат Стариот град.
Најстариот дел на градот е денешниот градски округ Хајнрихштат. Во 1567 година се проширил кон исток (Јулиусштат), а во 1652 година кон запад (Августштат).
-
Градското јадро (црвено) и припоените окрузи
-
Трите градски окрузи на Стариот град
-
Седумте градски делови на градското јадро
Бр.[6] | Градски единици | Површина во ха[4][7] |
Население 31.12.2016[8] |
Густина на населеност жит. на/км² |
---|---|---|---|---|
01–07 | Градско јадро: единици | 1.461,17 | 38.902 | 2623,7 |
01 | Курцес Холц | 256,30 | 4.728 | 1830,3 |
02 | Јулиусштат | 164,15 | 7.923 | 4766,4 |
03 | Роте Шанце | 115,33 | 5.327 | 4605,0 |
04 | Вајсе Шанце | 412,10 | 6.619 | 1592,6 |
05 | Августштат | 129,67 | 5.305 | 4053,4 |
06 | Шведеншанце | 289,40 | 5.121 | 1741,2 |
07 | Хајнрихштат | 94,21 | 3.879 | 3881,8 |
08–17 | Окрузи | 6.399,22 | 14.336 | 224,0 |
08 | Адерсхајм | 709,53 | 838 | 121,1 |
09 | Алум | 829,21 | 1.146 | 139,2 |
10 | Ацум | 225,12 | 222 | 102,6 |
11 | Фимелзе | 753,62 | 2.674 | 353,9 |
12 | Грос Штекхајм | 298,97 | 1.401 | 479,3 |
13 | Халхтер | 953,36 | 1.444 | 152,7 |
14 | Лајнде | 542,12 | 717 | 129,3 |
15 | Линден | 342,89 | 3.628 | 959,8 |
16 | Залцдалум | 1.337,52 | 1.597 | 118,8 |
17 | Вендесен | 406,89 | 1037 | 241,3 |
Волфенбител | 7.860,39 | 53.606 | 670,4 |
Историја
уредиПрвата населба, веројатно само на мало островче во реката Окер, била основана во X век. Била спомената во 1118 година како Вулферисбутле (Wulferisbuttle), кога саксонскиот гроф Видекинд од Волфенбител имал воден замок изграден на важниот трговски пат од Брауншвајг до Халберштат и Лајпциг. Уништен од Хајнрих Лавот во 1191 година и повторно од неговиот правнук, војводата Алберт I во 1255 година, тврдината била освоена и повторно изграден од велфскиот војвода Хајнрих I.
До 1432 година, градот бил постојана резиденција на кнезовите на Волфенбител. Уништен во 1542 година во текот на Шмалкалдската војна, бил главно обновен во ренесансен стил под водство на војводата Јулиус. Градот добил пазарни права во 1570 година и ја основал војводската библиотека (Herzogliche Bibliothek, подоцна наречена Bibliotheca Augusta) две години подоцна.
Во текот на Триесетгодишната војна, данските трупи на кралот Кристијан IV го окупирал утврдениот град во 1626 година. По блиската битка кај Лутер, тие биле поразени од царските сили на генералот Готфрид Хајнрих Граф цу Папенхајм. Повторно освоена во 1627 година, тврдината во Волфенбител останала под команда на Готфрид Хујн фон Гелен. Во јуни 1641 година се водела Битката кај Волфенбител, кога шведските сили на Врангел и грофот на Кенигсмарк ги поразиле Австријците на надвојводата Леополд Хабсбуршки, меѓутоа не успеале да го окупираат градот.
За две века, особено под водство на наследниците на војводата Јулиус, Хајнрих Јулиус и Август Помладиот, Волфенбител прераснал во средиште на уметноста и науката. Веќе во 1604 година, композиторот Михаел Преториус (1571–1621) бил капелмајстер (Kapellmeister; лице задолжено за музиката) на војводите на Брауншвајг. Од 1682 година, композиторот Јохан Розенмилер (1619–1684), кој морал да побегне од Германија поради наводи за хомосексуалност, ги поминал последните години во Волфенбител. Готфрид Лајбниц (1646–1716) и Готхолд Ефраим Лесинг (1729–1781) ја воделе војводската библиотека и ја основале една од првите јавни библиотеки во Европа.[9] Меѓутоа, војводскиот суд на крајот се вратил во Брауншвајг во 1753 година и Волфенбител изгубил од својата значајност.
Во текот на Втората светска војна, градскиот затвор станал главно место за убиство на затворениците на Гестапо. Повеќето од нив биле членови на разни групи на отпор.[10]
Политика
уредиГрадоначалник
уредиГрадоначалник на градот Волфенбител од 2006 година е Томас Пинк (CDU). Бил повторно избран во 2014 година со 67,7% од гласовите.
Меѓународни односи
уредиВолфенител е збратимен со следниве градови:
Главни знаменитости
уреди- Барокниот замок Волфенбител. Во 1866 година, замокот станал училиште за девојки. Денес, дел од зградата се користи како средно училиште, а дел се користи како музеј отворен за јавноста.
- Војводската библиотека, дом на една од најголемите и најпознати збирки на древни книги во светот. Особено е богата на библии и книги од периодот на реформацијата, со околу 10.000 ракописи. Била основана во 1572 година и префрлена во зграда налик Пантеон во 1723 година, изградена спроти замокот; денешната зграда на библиотеката била изградена во 1886 година. Лајбниц и Лесинг работеле во библиотеката како библиотекари. Кодекс Каролинус во библиотеката е еден од неколкуте останати текстови на готски јазик. Во нејзе се наоѓа и Библијата на Хајнрих Лавот, книга зачувана во скоро иста состојба од 1170 година.[11]
- Мала Венеција. Сликовити градби долж реката Окер изградени во XVIII век.
- Црквите „Св. Богородица“ (главната црква), изградена во XVII век и црквата „Св. Троица“ изградена во почетокот на XVIII век.
-
Војводската библиотека
-
Куќата на Готхолд Лесинг додека бил библиотекар во градот
-
Поранешната оружарница, денес прикажува дел од изложбите на библиотеката
-
„Малата Венеција“
-
Главната црква „Св. Богородица“
Култура
уредиВолфенбител е дом на неколку катедри на Вишата школа Остфалија[12] и Академијата Лесинг, организација за изучување на делата на Лесинг. Исто така е дом на Долносаксонскиот архив.
Седиштетот на Маст-Јегермајстер се наоѓаат во Волфенбител, како и некои од производствените погони.
Секоја година од крајот на ноември, Волфенбител има божиќен пазар со храна и пијалаци.
Познати личности
уреди- 1489: Хајнрих V (војвода на Брауншвајг-Линебург) — кнез на Брауншвајг-Волфенбител
- 1528: Јулиус (војвода на Брауншвајг-Линебург) — кнез на Брауншвајг-Волфенбител
- 1696: Август Кверфурт — уметник
- 1724: Јохан Јулиус Валбаум — природонаучник
- 1774: Фридерике фон Реден — филантроп
- 1810: Август Лудвиг фон Рохау — издавач и политичар
- 1813: Теодор Енгелбрехт — професор
- 1816: Теодор Ајсфелд — композитор
- 1851: Виктор Еренберг — правник
- 1857: Рихард Еренберг — економист
- 1890: Георг Шолц — сликар
- 1987: Арнд Пајфер — биатлонец
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Ostfalia School of Applied Sciences
- ↑ Stadt Wolfenbüttel: Geographische Daten Архивирано на 27 ноември 2016 г.
- ↑ 4,0 4,1 Auskunft Katasteramt Wolfenbüttel (E-Mail vom 7. Oktober 2010)
- ↑ Stadtplanungsamt/Katasteramt Wolfenbüttel: http://www.wolfenbuettel.de/index.phtml?La=1&NavID=205.4#Fläche Архивирано на 28 септември 2007 г. (Stand 2001)
- ↑ PDF bei www.wolfenbuettel.de
- ↑ Die Einzelflächen der Stadtteile der Kernstadt wurden mit dem Script Get Area[мртва врска] von der Karte gemessen
- ↑ Bevölkerung der Ortschaften und Stadtteile von Wolfenbüttel
- ↑ Horn Melton, James Van, The Rise of the Public in Enlightenment Europe (Cambridge University Press, 2001), p106
- ↑ „Braunschweig“. Slave Labor in Nazi, Germany, Camps.
- ↑ Herzog August Bibliothek Wolfenbüttel. „www.hab.de“. www.hab.de. Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 1 јануари 2013.
- ↑ ostfalia.de
Надворешни врски
уреди„Волфенбител“ на Ризницата ? |