Гителде (германски: Gittelde) — село и поранешна општина во округот Остероде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 март 2013 година е дел од општината Бад Грунд.

Гителде
Место во Бад Грунд
Поглед на Гителде
Поглед на Гителде
Поглед на Гителде
Грб на Гителде
Гителде во рамките на Германија
Гителде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Остероде
Општина Бад Грунд
Основни податоци
Површина 12,55 км2
Надм. височина 190 м
Население 1.926  (31 декември 2011)
 - Густина 153 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHA
Пошт. бр. 37534
Повик. бр. 05327
Портал www.gittelde.de
Координати 51°48′1″N 10°11′15″E / 51.80028° СГШ; 10.18750° ИГД / 51.80028; 10.18750

Историја

уреди

Гителде било создадено во X век. Во документ кој потекнува од 953 година, местото било запишано по првпат, а неколку години подоцна му биле доделени пазарни и ковачки права во 965 година.[1]

Знаменитости

уреди

Постојат бројни добро зачувани куќи изградени во фахверк во средиштето на градот.

Црквата „Св. Маврициј“, која била изградена во средниот век, има неороманескнен наос кој потекнува од XIX век. Нејзината камбанарија била изградена во барокен стил околу 1700 година. Во црквата има готски олтар со дрвени резби.[2] Црквата „Св. Јован“ која веројатно била изградена во X век има камбанарија која потекнува од 1660 година.[3]

Железничката станица во Гителде на линијата Херцберг-Зезен е историска дрвена градба во југоисточниот дел на селото.

Урнатините на замокот Штауфенбург (Stauffenburg) се вредни за посета. Замокот бил основан кратко по 1050 година. Бил користен како затвор до 1778 година и како каменолом потоа.[4]

Наводи

уреди
  1. Josef Walz: Der Harz, p. 304. Köln 1995
  2. G. Ulrich Großmann: Hannover und Südniedersachsen, p. 189. Köln 1999
  3. Josef Walz: Der Harz, p. 305. Köln 1995
  4. G. Ulrich Großmann: Hannover und Südniedersachsen, p. 190. Köln 1999

Надворешни врски

уреди