Зезен
Зезен (германски: Seesen) — град во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на северозападните падини на планинскиот масив Харц, околу 20 километри западно од градот Гослар. Денес градот брои помалку од 20.000 жители.
Зезен | |
Замок Зехуза | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гослар |
Градоначалник | Ерик Хоман (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 102,13 км2 |
Надм. височина | 205 м |
Население | 19.159 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 188 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GS |
Пошт. бр. | 38723 |
Повик. бр. | 05381 |
Портал | www.stadtverwaltung-seesen.de/ |
Местоположба на градот Зезен во рамките на округот Гослар | |
Координати | 51°53′35″N 10°10′42″E / 51.89306° СГШ; 10.17833° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиЗезен се наоѓа на благи ридести падини пред планинскиот масив Харц и се смета како „прозорец на Харц“ поради поволната сообраќајна положба.
Соседни општини
уредиСоседни општини на Зезен се: на север, Бокенем, Ламшпринге (обете во округот Хилдесхајм) и Хахаузен; на исток, Лаутентал и Вилдеман; на југ, Бад Грунд (во округот Остероде) како и Бад Гандерсхајм и Калефелд (обете во округот Нортхајм) на запад.
Градски единици
уредиКон Зезен (10.759 жители без единиците) припаѓаат следниве единици:
- Билдерлае (465 жители)
- Борнхаузен (1.010 жители)
- Енгеладе (593 жители)
- Херхаузен на Харц (723 жители)
- Илдехаузен (708 жители)
- Кирхберг (529 жители)
- Мехтсхаузен (370 жители)
- Минхехоф (1.520 жители)
- Риден (2.710 жители)
Бројот на население за сите места се однесува на 31 декември 2013 година.[2]
Историја
уредиСаксонската населба „Зехуза“ (Sehusa) била првпат спомената во 974 година во декрет издаден од царот Отон II и канцеларот Вилигис, од 1235 година припаѓала на велфските војводи Брауншвајг-Линебург, кои го изградиле и самиот замок. Во 1428 година, Зезен добил градски права од војводата Отон II Едноокиот од Брауншвајг-Гетинген. Во 1836 година, Хајнрих Енгелхард Штајнвег (подоцна именуван Хенри Енгелхард Стејнвеј) го направил своето прво големо пијано во неговата кујна во Зезен; инструментот денес се наоѓа во њујоршкиот музеј Метрополитен.
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиЗезен е збратимен со следниве градови:
- Вантајџ, Обединето Кралство (од 1978 г.)
- Тале, Германија (од 1990 г.)
- Карпантрас, Франција (од 1993 г.)
- Монтекорвино Ровела, Италија (од 2006 г.)
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Einwohnerzahl der Gemeinden und Ortsteile des Landkreises Goslar auf Grundlage des Zensus 2011, Stand 31. Dezember 2013“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-12-20. Посетено на 2015-12-15.