Солнок

град во Унгарија

Солнок (унгарски: Szolnok, романски Solnoca) е главниот административен центар на округот Јас-Наѓкун-Солнок во унгарскиот регион на Големата северна котлина, средна Унгарија.

Szolnok
Солнок
Воздушен поглед
Воздушен поглед
Знаме на Szolnok СолнокГрб на Szolnok Солнок
Држава Унгарија
ОкругЈас-Наѓкун-Солнок
Површина
 • Вкупна187,23 км2 (7,229 ми2)
Население (2007)
 • Вкупно75 474
 • Густина403/км2 (1,040/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код5000
Повик. бр.56

Географија

уреди

Солнок се наоѓа во средниот дел на Унгарија. Од престолнината на државата Будимпешта градпт е оддалечен 110 километри источно. Со Будимпешта е поврзан со добри сообраќајни врски.

Солнок е сместен во источниот дел на средната Панонска низина, на реката Тиса. Тоа е и единствениот унгарски град сместен на оваа река, која некогаш била многу пловна.

Историја

уреди
 
Римокатоличка црква во Солнок.

Подрачјето на Солнок било населено уште во античко време. Пред доаѓањето на Унгарците на овие простори живееле Келтите, Словените и Аварите. Во 10 век во градот доаѓаат Унгарците и таму ги затекнуваат словенските племиња кои се занимавале со земјоделство.

Градот официјално за првпат бил споменат во 1075 година. Градот набрзо и станал месно средиште. Но, со нападите на Монголите во 13 век градот целосно опустел. Кралот Бела IV повторно го населил ова подрачје, но во тоа време Солнок имал статус на село.

Брзиот развој на населбата започнува со отоманските освојувања во Панонската низина, затоа што Турците во тоа време (1550) на ова место направиле тврдина околу кое имало градби со ориентален стил (џамија, минаре, турски бањи).

Се ова исчезнало од како градот стигнал во рацете на Хабсбурговците во 1685 година, а во Ракоциевиот бунт градов бил повторно уништен и тоа во првата половина на XVIII век. Повторната изградба на градот се случува кон крајот на векот.

19-от век на градот му донел и подигања, но и падови. Сообраќајот нагло зајакнал, а најмногу речниот на реката Тиса. Во 1847 пристигнала и железнацата. Но веќе следната година градот бил зафатен од Унгарската револуција 1848/49, каде што една од битките се одиграла во Солнок. Градот повторно настрадал, но пак бил подигнат во 1879 година. Во него живееле 16.000 луѓе - Унгарци, Германци и Евреи.

Градот значително бил уништен и во двете светски војни, а во 1944 година доживеал и тешко бомбардирање. После Втората светска војна во градот повторно започнува нагла индустријализација. Градот станува и бањски, благодарејќи на откриените термални извори. Во 1990 градот официјално ги добил градските права и бил прогласен за град.

Сообраќај

уреди

Солнок е важна сообраќајна точка на Тиса. Тој е втор најзначаен железнички јазол во Унгарија.

Туристички атракции

уреди
  • Музеј на унгарското воздухопловство
  • Бања
  • Музеј на Јован Дамјановиќ

Надворешни врски

уреди