Паул Кле (18 декември 1879 — 29 јуни 1940) — германско-швајцарски сликар, член на уметничката група Син јавач. Во својата работа, Кле бил под влијание на неколку правци на современата уметност: експресионизмот, кубизмот и надреализмот. Кле и негоиот пријател Василиј Кандински познати се по својата педагошка работа во училиштето Баухаус.

Паул Кле
Паул Кле во 1911
Роден(а)18 декември 1879
Мјунхенбуксе во близина на Берн, Швајцарија
Починал(а)29 јуни 1940(1940-06-29) (возр. 60)
Муралто, Швајцарија
НационалностШвајцарец
ОбразованиеАкадемија за ликовна уметност, Минхен
Познат(а) поСликање, цртање
Значајни делаповеќе од 10.000 слики и цртежи
ПравецЕкспресионизам, Баухаус, Надреализам

Животопис

уреди

Паул Кле е роден во 1879 година во Швајцарија. Татко му бил учител по музика, а мајка му швајцарска пејачка. Детството го поминал во Швајцарија, а бидејќи по татко добил германско државјансво, после матурата 1898 година се отселил во Минхен. После двоумењето помеѓу музиката, литературата ликовната уметност, сепак се одлучил за сликарство. Прво студирал графика во приватното училиште на Хенрик Книр, каде стекнал уметничко искуство.

Наводи

уреди