Димитар Бузлевски
Димитар Бузлевски (роден во 1952 година во Јанковец, Ресенско) — македонски политичар.
Димитар Бузлевски | |
---|---|
Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија | |
На должноста 20 декември 1994 – 29 мај 1997 | |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Претходник | Антони Пешев |
Наследник | Абдулменаф Беџети |
Градоначалник на Општина Ресен | |
На должноста 2005 – 2009 | |
Претходник | (Димко Тосковски) |
Наследник | Михаил Волкановски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1952 Јанковец, Ресенско |
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Животопис
уредиДимитар Бузлевски завршил на Економскиот факултет во Скопје. По дипломирањето се вработил во претпријатието „Агроплод“ во Ресен. Во периодот од 20 декември 1994 година до 29 мај 1997 година ја извршувал функцијата Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија на Република Македонија, и до 1998 година бил потпретседател на Владата на Република Македонија.
Бузлевски бил и член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска. Во 1998 година бил избран за пратеник на Собранието на Македонија[1].
На Локалните избори од 2005 година, Бузлевски бил избран за Градоначалник на Општина Ресен, и на оваа функција се задржал до 2009 година. Во 2012 година бил исклучен од членството на СДСМ, по кое на Локалните избори од 2013 година се кандитирал повторно за Градоначалник на Општина Ресен, но на изборите на победил[2].
Наводи
уредиПолитички функции | ||
---|---|---|
Претходник Антони Пешев |
Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија 20 декември 1994 - 29 мај 1997 |
Наследник Абдулменаф Беџети |