Преспа

Преспа е позната по преспанското јаболко.Тие јаболка се многу здрави и убави
(Пренасочено од Горна Преспа)

Преспа (истор. знач. „песочна преграда“ или „снежен навев“) — котлина и историско-географска област во регионот Македонија, поделена помеѓу државите Македонија, Грција и Албанија.

Карта на регионот Преспа.

Географски одлики

уреди
 
(Клик на сликата за да се отвори и чита во целост)
Книгата „Населбите во Преспа“.
 
Пристаниште на Преспанското Езеро.
 
Островот Голем Град.

Во географска смисла на зборот поимот Преспа претставува голема котлина во чиј центар се сместени двете преспански езера — Големото и Малото.

Северната страна на областа, лежи во Република Македонија и се нарекува Горна Преспа и го опфаќа поголемиот дел од територијата на општината Ресен.

Јужната - Долна Преспа е разделена на:

Преспанската котлина од сите страни е обиколена со високи планини:

  • на исток е планината Баба со највисокиот врв Пелистер (2.601 м);
  • на север Бигла (1.933 м),
  • на запад Галичица (2.255 м) и
  • на југ Корбец (1.750 м).

Самата котлина неприродно е поделена помеѓу три држави од која најголемиот дел и припаѓа на Република Македонија, а останатите делови се во Република Грција и Република Албанија.

Во котлината се наоѓаат две езера:

  • Големото и
  • Малото

Преспанско Езеро.

Во водите на Големо преспанско езеро се наоѓа тромеѓето на македонската, грчката и албанска граница.

Хидрографија

уреди

Големото Преспанско Езеро има површина од 284 км2 со надморска височина од 853 м и најголема длабочина од 54 м, спаѓа меѓу најчистите езера во светот. Од површината на езерото 65% и припаѓаат на Република Македонија, 18% на Република Албанија и 17% на Република Грција. Во Големото Преспанско Езеро постојат два острова:

  • Голем Град (Св. Петар) со површина од 1 км2, се наоѓа мошне близу до тромеѓато од државните граници и ѝ припаѓа на Република Македонија. Обраснат е со фојова шума (Јuniperus foeditissima) стара неколку векови, богат е со археолошки наоѓалишта и е заштитен со закон како природна реткост.
  • Во Република Албанија се наоѓа помало островче, наречено Мал Град (Св. Павле).

Малото Преспанско Езеро се наоѓа на територијата на Република Грција и само мал дел во Република Албанија. Во него исто така има два острова:

Ова езеро зафаќа површина од 45,59 км2 и е за три метри повисоко од Големото Преспанско Езеро.

Водите на Преспанското Езеро преку понорници истекуваат во Охридското Езеро. Езерото е богато со риба, а особено е познат преспанскиот крап и рибите белвици-нивички, а има: искобуст, мренка, клен и др.

Преспанската котлина се наоѓа помеѓу двата национални паркови Пелистер и Галичица, всушност претставува составен дел на едниот и другиот национален парк.

Клима

уреди

Климата во Преспа е умерено континентална, со влијание од Средоземјето што условува топли лета со свежи ноќи и благи зими. Маглата е реткост во Преспа. Просечната температура во периодот јануари - февруари изнесува 0,3°С, а максималните температури јули - август од 28-32°С. Температурата на водата во Преспанското Езеро во периодот јули-август достигнува до 27°С, и е доста пријатна за капење.

 
Поглед кон езерото и регионот.

Историја на регионот

уреди
 
Жена од Јанковец во народна носија,
Горна Преспа, почеток на XX век.

Во денешните граници, регионот е поделен помеѓу три дела, што е резултат на поделбата на Македонија по Двете балкански и првата светска војна.

Самата Преспа има важна геостратешка положба.

Уште за време на Римското владеење низ Преспа поминувал познатиот староримски пат Виа Игнациа. Покрај него биле изградени повеќе населби и попатни страници. Една од познатите станици била Скиританиа, на чие место подоцна израснала населбата Ресен.

Низ Преспа, покрај самото Преспанско Езеро поминувале уште и патот "Виа Епирица" - епирскиот пат и Костурскиот пат.

Во VI и VII век во Преспа се населуваат словенски племиња од племенскиот сојуз Березити - Брсјаци. Во X и XI век, за време на владеењето на Самуил, Гаврило Радомир и Јован Владислав се спомнува покрај Преспанското Езеро градот Преспа, престолнина на првата средновековна македонска држава. Овој град истовремено бил седиште и на архиепископот на Автокефалната македонска црква, чие седиште подоцна е пренесено во Охрид. Овде е основана и првата држава на македонските Словени под водство на синовите на кнезот Никола, четворицата комитопули: Давид, Арон, Мојсеј и Самуил. Најмладиот Самуил бил прогласен за цар. Успешно владеел со првата македонска држава. Самоиловото царство се протегало од Македонија и цела Бугарија на исток, Тесалија, Епир и Албанија на запад, до Дукља, Рашка, Срем и Босна на север. Владеел од 976 год до 1014 год. Таа година бил поразен од византискиот цар Василиј II во битката на Беласица. На 14.000 заробени војници им биле извадени очите, секој стоти имал по едно око, Царот Самоил ги пречекал во Преспа и скршен од болка умира на 6 октомври 1014 год. Државата опстојувала сè до 1018 год. Во тој период Царот Василиј II ја изградил тврдината Василида на Петринска планина над с. Евла и Константион покрај западниот дел од Преспанското Езеро покрај населбата Сирхан.

Во 1888 година во селото Герман, Долна Преспа, сега во Република Грција, пронајдена е надгробната плоча на Самуиловите родители, неговиот татко Никола - брсјачки кнез, мајка му Рипсимија и братот Давид, а датира од 993 година. Тоа е еден од првите пишувани споменици на словенски јазик. Моментално се наоѓа во Софискиот музеј, највероватно пренесен во виорот на војните. Од тој период на островот Ахил, во малото Преспанско Езеро, сѐ уште постојат остатоци од Катедралната црква подигната од Самуил во чест на Св. Ахил.

Црквата Св.Ѓорѓи во селото Курбиново со извонреден фрескоживопис од 1191 год. претставува еден од неколкуте бисери на средновековното сликарство во Македонија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди