Преспанска Котлина

(Пренасочено од Ресенско Поле)

Преспанска Котлинакотлина во југозападниот дел на Република Македонија, со помали делови во денешна Грција и Албанија. Зафаќа вкупна површина од 737 км2 и лежи на надморска височина помеѓу 853 и 2.601 м.[1] Сместена е во историско-географската област Преспа.

Преспанска Котлина во рамките на Македонија
Преспанска Котлина
Местоположба на Преспанската Котлина
Поглед на котлината од с. Наколец, Македонија
Поглед на котлината од с. Пустец, Албанија

Котлината е настаната со спуштање по должината на два напоредни раседи во правец север-југ. Во плиоценот целата котлина била исполнета со езеро, што може да се види од алувилајни наноси на рамничарското дно од котлината. Од него денес остануваат Големото и Малото Преспанско Езеро.

Положба

уреди

Источната рамка ја образуваат планините Баба и Бигла, западната Галичица и Исток, северната Плакенска Планина, а на југ Преспанското Езеро, планината Корбец и државната граница со Грција. Понатаму на југ е сместено и Малото Преспанско Езеро, кое исто така влегува во котлината.

Голем дел од котлината и денес е исполнет со езеро. Во северниот дел е сместено Ресенското Поле, а рамничарски се и деловите на исток и (во помала мера) на запад од езерото. Делеку поголем е појасот долж планината Баба, кој се граничи со денешната Општина Преспа (Преспес) од Леринскиот округ во Грција. Помалиот дел во Албанија се протега од атарот на с. Стење и, застрмувајќи се, навлегува во округот Поградец.

Клима

уреди

Климатските услови и почвата се особено погодни за одгледување на јаболка, за што сведочи развиеноста на оваа гранка на овоштарството во тој крај. Најзначајно населено место во котлината е градот Ресен.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. А. Стојмилов, Физичка географија на Р Македонија, ПМФ, Скопје, 2003

40°54′19″N 21°1′23″E / 40.90528° СГШ; 21.02306° ИГД / 40.90528; 21.02306