Симоне Ѕаѕа

(Пренасочено од Симоне Заза)

Симоне Ѕаѕа (роден на 25 јуни 1991 година) — италијански фудбалер, напаѓач на Валенсија и на италијанската репрезентација.

Симоне Ѕаѕа
Лични податоци
Роден на 25 јуни 1991(1991-06-25)(32 г.)
Роден во Поликоро, Италија
Држава  Италија
Висина &100000000000001870000001,87 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Торино Торино
Број 11
Агент Италија Кристијан Маифреди
Младинска кариера
Стела Аѕура Берналда
Валдера
Аталанта Аталанта
Сампдорија Сампдорија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2010 Аталанта Аталанта 3 (0)
2010-2013 Сампдорија Сампдорија 2 (0)
2011-2012Јуве Стабија Јуве Стабија 4 (0)
2012Вијареџо Вијареџо 18 (11)
2012-2013Асколи Асколи 35 (18)
2013-2015 Сасуоло Сасуоло 64 (20)
2015-2017 Јувентус Јувентус 19 (5)
2016-2017Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 8 (0)
2017-2018 Валенсија Валенсија 33 (13)
2018- Торино Торино 5 (1)
Репрезентација
2007 Италија Италија 16 3 (0)
2007 Италија Италија 17 2 (0)
2009-2010 Италија Италија 19 1 (0)
2014- Италија Италија 16 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 7 мај 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Кариера уреди

Почетоци и Атланата уреди

Роден во Поликоро, провинција Матера, и жител на Метапонто, на шест години се приклучил на фудбалската школа Стела Аѕура од Берналда каде што бил воочен од страна на екипата на Аталанта, кои одлучиле да го дадат да игра фудбал и да созрева во Валдера, нивна збратимена екипа од градот Пиза.[2] Во летото 2006 година Заза се преселил во Бергамо каде што растел играјќи фудбал во младоста.[2] Во 2008 година тој го освоил Турнирот на градот Арко - Бепе Виола, резервирана за категорија играчи под 16 години, со што стана најдобар стрелец на натпреварувањето со 5 гола.[2]

На 1 март 2009 година, кога имал само 17 години, го направил своето деби за првиот тим во Серија А за време на натпреварот Аталанта-Кјево (0-2), влегувајќи на местото на Фереира Пинто во 86-тата минута.[3] На 24 мај 2009 година го одиграл својот прв натпревар како стартер во Серија А, во натпреварот на домашен терен против Палермо, кој завршил 2-2.[4] Својата прва професионална сезона ја завршил со три натпревари во италијанското првенство.

Следната сезона неуспеал да избори ниту еден настап за првиот тим; на крајот од сезоната станал слободен играч.

Сампдорија и позајмиците во Јуве Стабија и Вијареџо уреди

На 1 јули 2010 година, со слободен трансфер, потпишал четиригодишен договор со Сампдорија.[5][6] Сезоната главно ја минал играјќи за Примавера тимот, но на 16 февруари 2011 го одиграл првиот натпревар во дресот на Сампдорија (за првиот тим) и тоа за време на Градското дерби против Џенова на домашен терен, заменувајќи го Даниеле Десена во 78-мата минута; натпреварот завршил 1-0 за Џенова.

Во следната сезона бил позајмен на Јуве Стабија во Серија Б[5][7] правејќи го своето деби на 27 август 2011 за време на натпреварот Емполи-Јуве Стабија (2-1); за осите одиграл само 4 натпревари во првата половина од сезоната, бидејќи тренерот Бралја не ги воочил неговите големи квалитети, па на 5 јануари 2012 тој бил позајмен на Вијареџо во Лега Про Прима Дивизионе;[8] Ѕаѕа одиграл 16 првенствени натпревари и 2 во баражот за опстанок постигнувајќи 11 гола вкупно.

Асколи уреди

Ѕаѕа се вратил во Џенова откако му завршил заемот во Вијареџо, а на 17 јули 2012 година се преселил, одново бил поазјмен овојпат во Асколи, во Серија Б.[9] На 9 септември го постигнал својот прв гол во втората италијанска лига, во натпреварот Виртус Ланчано-Асколи (1-1); На 20 октомври за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, но не можел да го спречи поразот на неговиот тим со 2-4 од Јуве Стабија на домашен терен. На 26 декември 2012 година, за време на натпреварот Асколи-Читадела (4-1), го постигнал својот десетти гол за сезоната, достигнувајќи за првпат во својата кариера двоцифрена бројка погодоци во текот на една сезона. На 6 март 2013 година, во победата на гости над Чезена со 2-1, тој вторпат во текот на сезоната бил двоен стрелец. Сезоната ја завршил со вкупно 35 натпревари во Серија Б, на кој постигнал 18 гола, но сепак тие се покажале недоволни за Асколи да се спаси од испаѓање во Лега Про Прима Дивизионе.

Сасуоло уреди

На 9 јули 2013 година, Јувентус целосно го купил Ѕаѕа од Сампдорија за сума од 3,5 милиони евра исплатени во три години; истовремено Јувентус му префрлил половина од договорот на Сасуоло во замена за сума од 2,5 милиони евра која требало да биде платена во три години.[10] Со трансферот во Сасуоло, Ѕаѕа повторно добил шанса да игра во Серија А, правејќи го дебито за Сасуоло во првото коло од првенството, во натпреварот Торино-Сасуоло (2-0). На 1 септември 2013 година, во второто коло од првенството, го постигнал својот прв гол во Серија А во поразот на домашен терен од Ливорно со 1-4; воедно тоа бил и првиот гол на Сасуоло во Серија А во историјата на клубот.[11] Благодарение токму на Ѕаѕа екипата од Емилија-Ромања дошла и до првиот бод во првата лига на Италија во својата историја, кога тој ја затресол мрежата на Наполи за да го израмни резултатот на 1-1 (што било и конечен резултат на натпреварот) во петтото коло од сезоната.[12] Својата прва сезона како стандарден играч во Серија А ја завршил со 33 настапи и 9 постигнати гола.

На 20 јуни 2014 година, Сасуоло ја откупил и другата половина од договорот на Ѕаѕа која му припаѓала на Јувентус во износ од 7,5 милиони евра,[13] но според договорот Јувентус го задржал правото на целосен откуп на играчот за сума од 15 милиони евра до 30 јуни 2015 година и 18 милиони евра до 30 јуни 2016 година.[14] На 7 јануари 2015 го продолжил договорот со Сасуоло до 2019 година.[15] Втората сезона во Сасуоло му била уште поуспешна од првата, постигнувајќи 11 гола на 31 настап во Серија А, а исто така постигнал еден гол и во Купот на Италија, каде Сасуоло бил елиминиран во осминафиналето.

Вкупно во дресот на Сасуоло одиграл 69 натпревари и постигнал 21 гол.

Јувентус уреди

На 7 јули 2015, Ѕаѕа бил купен од страна на Јувентус за 18.000.000 € (плаќање во следните три години), потпишувајќи договор на пет години.[16] На неговата презентација во клубот на 17 јули го избрал дресот со број 7., претходно носен од Симоне Пепе. Дебитирал за Јувентус на 20 септември во победата над Џенова со 2-0, влегувајќи од клупата. Три дена подоцна го постигнал својот прв гол во црно-белиот дрес против Фрозиноне. На 30 септември дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 2-0 на домашен терен над Севиља, постигнувајќи го вториот гол за Јувентус во самата завршница од натпреварот по еден контра-напад. На 16 декември постигнал два гола во победата со 4-0 над градскиот соперник Торино во осминафиналето од Купот на Италија. На 13 февруари со својот погодок во 88-мата минута од натпреварот против Наполи му донел одлучувачка победа на Јувентус со 1-0 над директниот конкурент за скудетото и искачување на неговиот тим на чело на табелата во Серија А.

Сезоната 2015-2016 ја завршил со вкупно 25 настапи и 8 постигнати гола. На 25 април го освоил скудетото со Јувентус, а на 21 мај Купот на Италија, негови први во кариерата.

Вест Хем Јунајтед уреди

На 28 август 2016, Ѕаѕа се преселил во Вест Хем Јунајтед на заем за 5 милиони евра, со задолжителен откуп за 20 милиони евра во зависност од бројот на настапи во Премиер лигата, плус 3 милиони во бонуси.[17] Своето деби за клубот го направил на 10 септември, во поразот со 4-2 на домашен терен од Вотфорд.[18] Ѕаѕа одиграл вкупно 11 натпревари за Вест Хем, 8 во Премиер лигата и три во Лига купот, без постигнат гол. Неговиот последен настап за чеканите бил на 30 ноември, во поразот со 1-4 од Манчестер Јунајтед во Лига купот.

Валенсија уреди

Откако го напуштил Вест Хем на 15 јануари 2017, Ѕаѕа потпишал со шпанскиот прволигаш Валенсија, доаѓајќи во клубот на заем за 2 милиони евра со право на откуп од Јувентус за 16 милиони евра. Своето деби го направил на 21 јануари 2017, во гостинската победа над Вилјареал со 2-0.

Репрезентативна кариера уреди

Ѕаѕа ја претставувал Италија во репрезентациите под 16, под 17 и под 19 години.

На 31 август 2014 година, тој бил повикан од страна на селекторот на сениорската репрезентација Антонио Конте за пријателскиот натпревар против Холандија и првиот квалификациски натпревар за Евро 2016 против Норвешка. На 4 септември, Ѕаѕа го направил своето деби за италијанската репрезентација, играјќи како стартер во победата против Холандија. Тој изборил пенал за својата репрезентација во тој натпревар, откако бил фаулиран од страна на Бруно Мартинс Инди во 9-тата минута, а изведувачот Даниеле Де Роси го постигнал вториот гол за Италија во победата од 2-0.[19] Пет дена подоцна, Ѕаѕа го постигнал својот прв гол во националниот дрес во победата со 2-0 над Норвешка во квалификациите за Евро 2016.[20]

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
04-09-2014 Бари Италија   2 – 0   Холандија Пријателска -   73'
09-09-2014 Осло Норвешка   0 – 2   Италија Квал. за Евро 2016 1   82'
10-10-2014 Палермо Италија   2 – 1   Азербејџан Квал. за Евро 2016 -   86'
16-11-2014 Милано Италија   1 – 1   Хрватска Квал. за Евро 2016 -   63'
28-03-2015 Софија Бугарија   2 – 2   Италија Квал. за Евро 2016 -   58'
06-09-2015 Бари Италија   1 – 0   Бугарија Квал. за Евро 2016 -   71'
13-11-2015 Брисел Белгија   3 – 1   Италија Пријателска -   80'
24-03-2016 Удине Италија   1 – 1   Шпанија Пријателска -   60'
29-03-2016 Минхен Германија   4 – 1   Италија Пријателска -   78'
29-05-2016 Та-Кали Италија   1 – 0   Шкотска Пријателска -   67'
06-06-2016 Верона Италија   2 – 0   Финска Пријателска -   81'
17-06-2016 Тулус Италија   1 – 0   Шведска Евро 2016-1 фаза -   60'
22-06-2016 Лил Италија   0 – 1   Ирска Евро 2016-1 фаза -   87'
02-07-2016 Бордо Германија   1 – 1 прод.
(5-4 пен.)
  Италија Евро 2016-Четвртфинале -   120+1'
Вкупно Настапи 14 Голови 1

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 31 мај 2015..

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009   Аталанта А 3 0 КИ 0 0 - - - - - - 3 0
2009-2010 А 0 0 КИ 0 0 - - - - - - 0 0
Вкупно Аталанта 3 0 0 0 - - - - 3 0
2010-2011   Сампдорија А 2 0 КИ 0 0 ЛШ+ЛЕ 0 0 - - - 2 0
2011-јан. 2012   Јуве Стабија Б 4 0 КИ 0 0 - - - - - - 4 0
јан.-јун. 2012   Вијареџо 1D 16+2[21] 9+2[21] КИ-ЛП - - - - - - - - 18 11
2012-2013   Асколи Б 35 18 КИ 1 0 - - - - - - 36 18
2013-2014   Сасуоло А 33 9 КИ 2 0 - - - - - - 35 9
2014-2015 А 31 11 КИ 3 1 - - - - - - 34 12
Вкупно Сасуоло 64 20 5 1 - - - - 69 21
2015-2016   Јувентус А 19 5 КИ 3 2 ЛШ 2 1 СИ 0 0 24 8
2016- јан. 2017   Вест Хем Јунајтед А 8 0 ФАКуп+ЛК 0+3 0+0 ЛЕ 0 0 - - - 11 0
јан.-јун. 2017   Валенсија ПД 20 6 КШ 0 0 - - - - - - 20 6
2017-2018 ПД 33 13 КШ 6 0 - - - - - - 39 13
Вкупно Валенсија 53 19 6 0 - - - - 59 19
Вкупно во кариерата 204+2 71 18 3 2 1 0 0 226 76

Титули уреди

  Јувентус уреди

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-05-24. Посетено на 2013-12-22.
  2. 2,0 2,1 2,2 sampdoria.it, уред. (1 јули 2010). „Dove sta Zaza? Alla Sampdoria, per il futuro“. Посетено на 11 септември 2014.[мртва врска]
  3. gazzetta.it (уред.). „Atalanta 0-2 Chievo“. Посетено на 11 септември 2014.
  4. gazzetta.it (уред.). „Atalanta 2-2 Palermo“. Посетено на 11 септември 2014.
  5. 5,0 5,1 soccerfame.it (уред.). „Simone Zaza si è trasferito da Sampdoria a Juve Stabia in prestito“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 11 септември 2014.
  6. sampdoria.it, уред. (15 јули 2011). „Prestiti: Zaza alla Juve Stabia, Lanzoni va al Foggia“. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 11 септември 2014.
  7. sampdoria.it, уред. (15 јули 2011). „Prestiti: Zaza alla Juve Stabia, Lanzoni va al Foggia“. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 11 септември 2014.
  8. „Il Viareggio ha trovato la punta, preso Zaza dalla Juve Stabia, ora le zebre lavorano in uscita“. radiobrunotoscana.it. 5 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 11 септември 2014.
  9. tuttomercatoweb.com, уред. (17 јули 2012). „Ufficiale: Zaza dal Viareggio all'Ascoli“. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 11 септември 2014.
  10. juventus.com, уред. (9 јули 2013). „Operazioni di mercato“. Посетено на 11 септември 2014.
  11. footstats.it, уред. (3 септември 2013). „I numeri della Serie A, 2ª giornata“. Посетено на 11 септември 2014.
  12. soccermagazine.it, уред. (25 септември 2013). „Testacoda amaro: al San Paolo finisce 1-1 tra Napoli e Sassuolo“. Посетено на 11 септември 2014.
  13. calciomercato-juve.it, уред. (20 јуни 2014). „Il Sassuolo riscatta Zaza: ufficiale l'accordo con la Juventus“. Архивирано од изворникот на 2014-09-12. Посетено на 11 септември 2014.
  14. gianlucadimarzio.com, уред. (2 септември 2014). „Zaza, dalla Samp alla Nazionale“. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 11 септември 2014.
  15. „Sassuolo, sorpresa Zaza: arriva il rinnovo con adeguamento“. 7 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 10 јануари 2015.
  16. Zaza è bianconero
  17. „Hammers land Italy star Zaza“. West Ham United F.C. 28 August 2016. Посетено на 28 August 2016.
  18. Vinny Ryan (11 September 2016). „West Ham's collapse vs. Watford leaves Bilic with plenty of problems“. ESPN FC. Посетено на 12 September 2016.
  19. „Italy 2-0 Netherlands“. BBC Sport. 4 September 2014. Посетено на 6 September 2014.
  20. Alex Sharp (9 September 2014). „Norway 0-2 Italy: Simone Zaza and Leonardo Bonucci fire Antonio Conte to opening win“. The Daily Mail. Посетено на 1 June 2015.
  21. 21,0 21,1 Play-out.

Надворешни врски уреди