Разговор со корисник:Bjankuloski06/Архива 15
Request for translation. Yanka Kupala and Yakub Kolas
уредиWarm greeting from Belarusian Wikipedia! This year we celebrate 130. birthday of Belarusian great poets en:Yanka Kupala and en:Yakub Kolas Could you help us to translate articles into your unique and honourable language? Thank you in advance! --Rymchonak (разговор) 09:04, 15 јануари 2012 (CET)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:01, 31 јануари 2012 (CET)
ДСЗ факт
уредиПомош
уредиЗдраво Бојан. Ако сакаш погледни на мојата страница за разговор (последните две дискусии). Се работи за странски имиња, кои треба да се транскрибираат на македонски соодветно. Во првиот случај се работи за германски топоним - Pfaffroda (во соодветната страница нема таков пример, па е нејасно), додека во вториот случај се работи за француски фудбалер (Louis Saha, страницата е со насловот Луис Саха, додека јас сметам дека треба Луј Са’а или Луј Саа). Поздрав--Р ашо 11:10, 26 февруари 2012 (CET)
ДСЗ факт
уредиДСЗ факт
уредиПомош при транскрипција
уредиЗдраво, во последниов период пишувам доста статии за велосипедизмот, па оттаму ми се појавуваат и многу имиња на велосипедисти од разни говорни подрачја, па би сакал да те замолам, доколку можеш да ги погледнеш следниве статии (Тур Даун Андер 2012, Париз-Ница 2012 и Тирено-Адриатико 2012), со цел да знам дали добро сум ги транскрибирал имињата, со цел да не ги именувам статиите погрешно, кога ќе пишувам за нив. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:18, 10 март 2012 (CET)
- Поради колоквиумска недела, немав можност да ти одговорам, пред сè да ти се заблагодарам за извршените поправки во имињата во наведените статии. Исто така, во иднина, во зависност од твоето време, би замолил да ја прегледуваш статијата Светска турнеја UCI 2012 одвреме-навреме, која ќе ја дополнувам во текот на годината, во која се прикажани различните категории на поредок, како и поединечните статии за трките. Сè со цел, да не те прашувам за секој поединечен случај. Поздрав и фала уште еднаш --Ehrlich91 (разговор) 18:21, 18 март 2012 (CET)
Јубилејна статија (55.000)
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:20, 20 март 2012 (CET)
Наградени сте!
уредиЛекторска награда | |
Поздрав... Јоханес Климакус (разговор) 18:15, 21 март 2012 (CET) |
Карти на Комонс
уредиЗдраво Бојан. Приметив дека подигна нови верзии на две-три карти ама имам една забелешка. Имено, топонимите се повторно со мал фонт напишани, дури и помали од претходните верзи, и тешко се читаат. Исто така нели ја именуваме државата како Мјанмар, а не Бурма? Ако немаш време ќе ги средам јас утре, сега е доцна кај нас :) Поздрав --Никола Стоіаноски 00:50, 1 април 2012 (CEST)
- Големината на буквите е зачувана одоригиналот и затоа се мали. Треба да се зголемат малите букви, државите се читливи. Мјанмар за инат на англиската ја именуваат како Бурма (ор политичко-етнички причини). Мислам на картата се однесува за државата. Позз--Никола Стоіаноски 11:40, 1 април 2012 (CEST)
(ова е известување за сите администратори и поактивни корисници)
Здраво! Јас ја собрав работата која што треба рутински да се врши за одржување на Википедија и ја поделив во 1)секојдневни, 2)неделни и 3)долгорочни задачи. На ВП:ОД има детален алгоритам којшто секој може да го следи ако сака да се приклучи во работата. Целта ми беше да воведам систематски начин на одржување кој ќе ни помогне правилно да ја фокусираме работата. Овде има врски до страници кои помагаат во одржувањето, плус некои корисни шаблони.
Исто така, за поискусните корисници, го создадов овој многу корисен шаблон: {{Вики-Одржување}}
кој ги има собрано сите задачи, врски и шаблони на кратко. Тој шаблон можеш да го ставиш на твојата корисничка страница или некаде во корисничкиот простор за редовно да имаш пристап до овие задачи (види ја документацијата на шаблонот за параметрите).
Поздрав, и се надевам дека ова ќе ни користи и дека ќе ја олесни работата. --Brainmachine (разговор) 16:11, 1 април 2012 (CEST)
Аспиративни согласки
уредиЗдраво Бојан. Ја видов страницата за транскрипција на тајландскиот, и добра е. Имам еден коментар за аспиративните согласки (пх, кх, ...) Во македонскиот јазик овие букви обично се предаваат со п, к итн. Исто како што θ ја предаваме со Т, односно немаме такви гласови. Патем ова важи за сите јазици кои имаат такви гласови (Пном Пен, Буда итн). Поздрав--Никола Стоіаноски 18:20, 2 април 2012 (CEST)
- Еве и еден тајландски пример: Thai = Тајланд (не Тхајланд).--Никола Стоіаноски 18:21, 2 април 2012 (CEST)
Изработка на програмска опрема?
уредиБојан како дојде работава од софтвер до програмска опрема? Всушност, од software engineering (софтверско инженерство) до Категорија:Изработка на програмска опрема? Јас се обидував да категоризирам некои статии и навистина ме збуни ова. Не сум сигурен дека треба да го менуваме широко употребуваниот збор софтвер, иако е туѓ. Секако дека овде имаме шанса да поправаме многу јазични неправди, ама општото правило е дека имињата на статиите, а со тоа и на категориите, треба да бидат она што е најпрепознатливо за читателите. Во именувањето треба да имаме рамнотежа меѓу јазичната правилност и меѓу употребливоста на поимите, а не тоа да тежнее во една или друга крајност. Мило ми што се грижиш за јазикот, ама ова ми се чини премногу драстично :) Работава оди натаму што наскоро Интернет ќе ја преместиш во Семрежје, а претпоставувам и дека сакаш тоа да го направиш:) Мислам дека вака губиме од препознатливоста на темите и создаваме голема забуна кај читателите (па и кај уредувачите). Затоа предлагам ова да го дискутираме на пошироко, на пример, на селската чешма, а резултат од таа дискусија да бидат одредени напатствија (кои ќе ги комбинираме со овие претходни заклучоци, а можеби и со оваа дискусија). --Brainmachine (разговор) 14:46, 4 април 2012 (CEST)
Сецвански јазик
уредиЗдраво Бојан. Грешка си со пренасочувањето на јазикот. Имено штом може да се избеде „боцвански“ од Боцвана, може да се изведе и „сецвански“ од сецвана. Види име на Боцвана за подетални информации за тоа како се прават имињата во овој јазик. Во македонски ги земаме оригинал, не велиме Цванија (по македонска логика), туку „Боцвана“ во сецванска логика. Имете за јазикот треба да се смени.--Никола Стоіаноски 16:44, 14 април 2012 (CEST)
- Не би ги гледал останатите јазици како го именуваат јазикот. По таа логика требаше да ја именуваме Латвија како Летонија, но одлучивме да ја нарекуваме Латвија бидејќи ниту двете имиња немаат традиција во нашиот јазик. По сличен пример гледам и Шонски јазици е именувано, не е Шона (јазици). Цвански или сецвански мислам дека е исто, може да се одбере едно од овие две. --Никола Стоіаноски 18:53, 14 април 2012 (CEST)
ДСЗ факт
уредиНаводници
уредиБојан, што сè треба да стои во наводници во статиите? Наслови на книги? Наслови на музички албуми? Игри? Организации? М? :) --Brainmachine (разговор) 11:18, 30 април 2012 (CEST)
ДСЗ факт
уредиДСЗ факт
уредиКатегорија Музеи во Скопје или Музеи во Македонија
уредиМожеш ли да провериш... 1 промена , поздрав --Јоханес Климакус (разговор) 14:06, 22 мај 2012 (CEST)
56.000 статии
уредиЗдраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:07, 5 јуни 2012 (CEST)
:)
уредиМислиш „Како може до олку?“ наместо „волку“ :) Позз--Никола Стоіаноски 12:54, 5 јуни 2012 (CEST)
- Ау,да :) Се извинувам за грешката. Ми се случува понекогаш да вметнам скопски дијалектизми. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:57, 5 јуни 2012 (CEST)
- Хит беше тоа на една реклама за европското во кошарка во Литванија, не знам дали гледаше тогаш...--Никола Стоіаноски 09:51, 6 јуни 2012 (CEST)
Гласање
уредиЗдраво Бојан. Претпоставувам дека гласот за јубилејна статија е само коментар, бидејќи одлучивме дека не е добро да се гласа со друг глас освен „За“. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:06, 5 јуни 2012 (CEST)
За Џиро
уредиУште кога ја создавав статијата за Светска турнеја UCI, а подоцна и самата статија за Џиро, јас се мислев дали да стои „ј“ или не. Главната причина зошто ја оставив без „ј“ е во тоа што мислев дека така е подобро, бидејќи самото име претставува само пренесување на изворното име (кое се употребува скоро цел век), најмногу тргнувајќи од примерот на Фиат. Воедно, статиите поврзани со Џиро д’Италиа 2012 ги уредувам повеќе од еден месец, доволно време за некој да реагираше, ако сметал дека било неправилно. Уредувам и пишувам статии веќе една година, веројатно знам дека Италија се пишува со „ј“, фала за непотребната забелешка. Поздрав -- Ehrlich91 (разговор) 15:36, 5 јуни 2012 (CEST)
- Најпрвин, фала за извинувањето. Знам дека имаме еден куп правописни и граматички грешки, кои секојдневно ги сретнувам низ веснициве, телевизииве, а и тука на самава енциклопедија. Потполно те разбирам за тоа, само што овојпат јас тоа не го направив од мое непознавање, туку од друга причина. Исто така, целосно се согласувам дека треба да се договориме како да биде напишано името на Џиро и на другите трки. Значи имаме досега повеќе опции, „Џиро д’Италиа“, „Гиро д’Италија“, а во „Дневник“ сретнав и Џиро Диталија, кое иако изгледа смешно, според важечкиот правопис, така се пренесуваат имињата кога се сретнува предлогот „д“. Најпрвин треба да се одлучиме дали да го пишуваме оригиналот или да го преведуваме на македонски, тогаш би било „Трка околу Италија“, а потоа да се одлучиме за некоја опција. Навистина не знам што е најдобро решение. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:39, 6 јуни 2012 (CEST)
Article requests
уредиHi! Do you do article requests? There is a subject which I would like to see have a Macedonian article. Thanks WhisperToMe (разговор) 04:04, 8 јуни 2012 (CEST)
- The article is the en:Peel District School Board, a public school system in Canada serving several suburbs of Toronto. I made this request because there is a large number of Macedonian people enrolled in the system. The board operates a Macedonian site at http://www.peelschools.org/macedonian/home/index.htm - This can help you when writing the article. Thanks WhisperToMe (разговор) 16:44, 8 јуни 2012 (CEST)
- Are you interested in doing that article? WhisperToMe (разговор) 00:29, 4 ноември 2012 (CET)
- You are welcome. I look forward to seeing the article :) WhisperToMe (разговор) 02:25, 4 ноември 2012 (CET)
- Are you interested in doing that article? WhisperToMe (разговор) 00:29, 4 ноември 2012 (CET)
User:Macedonian Boy started Училиштен одбор на округот Пил - You are welcome to add more content if you want. WhisperToMe (разговор) 20:07, 5 ноември 2012 (CET)
Помош за шаблон
уредиДенеска забележав промени во шаблонот за население на Саксонија со нови податоци за минатата година и тоа е многу корисно бидејќи само со број на клуч може да ги добиеш последните податоци за населението на некое населено место. Меѓутоа, овие податоци автоматски се сменети само во окрузите на Саксонија (преку шаблонот Округ во Германија), додека за останатите населени места преку шаблонот Место во Германија тоа не е возможно, односно податоците не се менуваат автоматски, бидејќи на шаблонот му недостасува еден дел со кој би бил поврзан со шаблонот за податоци на населението. Јас пробав нешто да направам, но не сум толку умешен во шаблоните, па ако си слободен, погледни дали може да се направи ова. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:56, 19 јуни 2012 (CEST)
- Пред малку пак разгледував и видов дека ако го внесам тоа делчето кај население што недостига (што се обидов да го внесам и вчера), се појавува дека фали еден шаблон Schlüsselconverter, меѓутоа ми дава дека немам пристап да го создадам шаблонот, бидејќи бил на црниот список. Мислам дека главниот проблем е тука, бидејќи бројчињата за население по населените места во шаблонот Population Germany се без интерпункциски знаци, туку само бројчиња, па со тоа се претвораат во нормални бројчиња. Можеби би било и подобро, кога се би се направило одново, бидејќи штета е да не можат да се применуваат промените автоматски, кога ни е дадено. Не знам, види за овој шаблонот што ти го спомнав, ако не може, да бараме друго решение. --Ehrlich91 (разговор) 15:28, 20 јуни 2012 (CEST)
- Пак има некои грешки, ништо ќе се обидам да го направам потполно од ново, па ќе видам што ќе излезе. А за шаблонот, не знам зошто ми покажало така, веројатно моментална грешка. --Ehrlich91 (разговор) 15:46, 20 јуни 2012 (CEST)
- Готово. Успешна мисија. Го проверив и сега е во ред. Малку се помачив, ама битно го средив. --Ehrlich91 (разговор) 16:58, 20 јуни 2012 (CEST)
Апостроф
уредиМакедонскиот го користи овој апостроф (’), а не овој ('). Видов дека поголем број статии и категории се именувани со англискиот апостроф и мислам дека треба да ги промениме. Така на пример е категоријата ’ртови. Поздрав--Никола Стоіаноски 18:27, 25 јуни 2012 (CEST)
Новак Ѓоковиќ
уредиMolim te kad budes mogao pogledaj izmene na ovoj stranici i odobri, pozdrav i hvala.--Soundwaweserb (разговор) 01:47, 27 јуни 2012 (CEST)
Hvala ti sto si odobrio, ja cu uvek da odrzavam njegovu stranicu na vasoj vikipediji i zahvalnost kako ste fino napravili Novakovu stranicu, jedna je od boljih, nemoj se ljutiti ako se opet budem tebi obratio da odobris reviziju, pozdrav od mene :) --Soundwaweserb (разговор) 02:13, 27 јуни 2012 (CEST)
Nisam te bas najbolje razumeo, sta je to jos gore i nemanje pristupa? Stvarno ne znam sta si hteo time da kazes, moje izmene su korektne i dobre, a ti kad budes mogao ispravi tu terminologiju, ja nisam to stavio, pozdrav.--Soundwaweserb (разговор) 02:26, 27 јуни 2012 (CEST)
Meni izgleda dobro ali sam siguran da ces ti ispraviti i prilagoditi na makedonski jezik, to su sitnice i kad budes mogao ti sredi, veliki pozdrav iz Beograda.--Soundwaweserb (разговор) 02:43, 27 јуни 2012 (CEST)
Јавански јазик
уредиЗдраво Бојан. Ме интересира од каде фактот дека 75,5 милиони говорници на јаванскиот јазик е над 40% од вкупмото население на Индонезија, коешто според најновите проценки изнесува околу 237 милиони? Не е ли правилно повеќе од 30%? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:29, 9 јули 2012 (CEST)
Солидарност кон Википедија на руски јазик
уредиЗдраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:00, 10 јули 2012 (CEST)
Томас Веклер
уредиЗдраво, моментално уредувајќи ја статијата за Тур де Франс 2012, ми се појави името на овој француски велосипедист, за кој одамна не знам како правилно да му го транскрибирам презимето, бидејќи има најмалку три опции во игра. Најпрвин, за „Воклер“, како што милуваат да го наречат одредени новинари и коментатори, јас мислам дека воопшто не е точно. Исто така, чудно ми е и за „Вуклер“, како што мислам дека ти еднаш ме поправи во други статии, каде се спомнуваше овој велосипедист. Според мене, најправилно е Веклер, најмногу поради фактот дека велосипедистот потекнува од околината на Стразбур, каде врските со германските и француските презимиња се измешани. Исто така, на руската википедија статијата гласи како Томас Феклер, односно го превеле презимето како германско. Би сакал да добијам твое мислење, зашто имам намера да создадам статија за него во скоро време. Воедно, доколку не ти е тешко би сакал да добијам насоки и за правилното именување на Стевен Крујсвајк, кој е исто така спомнат во статијата. Поздрав и однапред ти благодарам --Ehrlich91 (разговор) 00:03, 12 јули 2012 (CEST)
- Благодарам за брзиот одговор и насоките за транскрибирање, особено за холандскиот јазик, со кој воопшто не бев запознат, а и нашиот правопис му нема посветено многу внимание. Ќе продолжам со консултациите и во иднина, бидејќи колку и да знам да транскрибирам од некој јазик, сепак се работи за имиња на луѓе, при кои не би требало да грешиме. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:24, 12 јули 2012 (CEST)
Наградени сте!
уредиНаграда за неуморност | |
(: M4r51n (разговор) 13:01, 15 јули 2012 (CEST) |
Наградени сте!
уредиНаграда за трудољубивост | |
Бојан, секоја чест за согласките. Гледам дека за еден ден си средил буквално сè што е поврзано со нив. Kiril Simeonovski (разговор) 11:51, 16 јули 2012 (CEST) |
Наградени сте!
уредиУредничка награда | |
\o/ M4r51n (разговор) 13:24, 18 јули 2012 (CEST) |
Велосипедисти
уредиЗдраво. Повторно јас со неколку прашања за правилно транскрибирање на некои презимиња на француски и дански велосипедисти. Воедно, станува збор за овој француски велосипедист en:Brice Feillu, чие презиме навистина немам идеја како треба правилно да биде именувано, а нашиот правопис не нуди некои решенија за ова, освен за името кое би требало да гласи Брис. Исто така, би те замолил да ми кажеш како се предава данската буква Ø, која неколкупати ја имам сретнато и некогаш ја имам транскрибирано како „о“, што воопшто не сум сигурен дека е точно. На другите кирилични изданија видов дека е предадена со „е“, но пред да се уверам решив да те прашам за сигурно. Инаку, досега создадени такви статии ми се Михаел Морков и Крис Анкер Соренсен. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:34, 19 јули 2012 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:03, 20 јули 2012 (CEST)
прифати
уредиприфати Шаблон:Класична_Механика
Еве
уредиЗдраво Бојан. Како си? Не знам зошто ама „ич“ не сакам загради во имињата на јазиците па се мислев дали може да се извади придавка од името „Еве“. На пример, евејски или евеански јазик? Позз--Никола Стоіаноски 13:00, 25 јули 2012 (CEST)
Германска граматика
уредиЗдраво Бојан. Јас ја преименив Граматика на германскиот јазик во Германска граматика бидејќи така ги именуваме граматиките. Прво затоа што е полесно и второ нема што да се збунат читателите, една е германската граматика. Позз--Никола Стоіаноски 13:47, 27 јули 2012 (CEST)
Придавка од дожд
уредиТокму на тоа и јас помислив при уредувањето, но си реков чим е така до сега оставено најверојатно е прифатливо. Како и да е, веќе е променета и претпоставувам дека повеќето се сложуваме со тој наслов. Поздрав Kekev (разговор) 15:28, 3 август 2012 (CEST)
Наградени сте!
уредиНаграда за трудољубивост | |
:) M4r51n (разговор) 00:48, 12 август 2012 (CEST) |
Кралски имиња.
уредиЕј, здраво. Имам мал проблем, па мислам можеш да ми помогнеш. Зборував со Тиверополник и ми помогна доста, но сакам и со тебе да се консултирам. Прашањето ми е каде можам да се консултирам за правилна транскрибција на имиња на историски личности, конкретно кралеви и кралици. Тиверополник ме упати на еден ваш разговор, кој ми помогна, но ме интересира каде официјално е оваа тематика застапена. Во правописот не е, барем колку што видов. Во тој случај каде?
Како и да е, конкретно ме интересира транскрибцијата на Anne Boleyn, нашата статија е именувана Ана Болејн. Други варијанти би биле, Ен Болен, Ана Болена, Ана Боленска? Katherine of Aragon, од она што го имаш објаснето би била: Катерина Арагонска, така? А доколку станува збор за личност со пониска титула, како грофови и барони во тој случај транскрибирам како обично име, да речеме, доколку Катерина била само грофица тогаш: Кетрин од Арагон, или не?
Фала однапред. --Макс(разговор) 17:05, 13 август 2012 (CEST)
Барања за ботови
уредиЗдраво, Бојан! Те молам среди ги следниве барања за одобрување на бот: ВП:БЗОБС#JYBot и ВП:БЗОБС#BrainmachineBot. Има поминато повеќе од 3 месеци од претпоследното неодговорено барање, па би те замолил да ја следиш страницата, бидејќи кусо ни доаѓаат бирократи. Поздрав, Brainmachine (разговор) 13:35, 18 август 2012 (CEST)
- Извини, грешка направив, јас мислев дека си бирократ :) Уживај, не треба ништо да правиш. :) --Brainmachine (разговор) 16:33, 19 август 2012 (CEST)
Слики
уредиЗдраво Бојан. Сликата што си ја подигнал во статијата на Музејот на македонската борба беше избришана поради прекршување на авторските права. Во иднина ќе те замолам да внимаваш при подигање на слики. Или подигнувај твои на ризницата или користи ги постоечките таму. Недопусливо е еден администратор да неводи сметка за авторските права на википедија. BTW ризницата располага со десетици илјади слики од Македонија од сите области. Поздрав--Р ашо 22:53, 18 август 2012 (CEST)
- Да, можеби, НО најверојатно како CC BY-NC-SA 3.0. А кај википедија нема Noncommercial.....Тука е се слободно, а таа слика подлежи на права кои тука не се покриени. Впрочем со таа лицанца која ти ја користиш, ние можеме се живо да користиме, но е баш така.--Р ашо 02:21, 19 август 2012 (CEST)
Кралски имиња II
уредиВоопшто не се грижи што задоцни, никаде не се брзав. Благодарам за исцрпниот одговор и ако треба уште нешто ќе те прашам. Уште едно благодарам :D Поздрав --Макс(разговор) 20:39, 19 август 2012 (CEST)
Инфокутија:Место во Германија
уредиЗабележав доста промени во инфокутијата во последно време и можам да кажам секоја чест за досредувањето, бидејќи навистина на некои работи не им беше местото таму. Сега, според мене, останува уште еден проблем, кој најверојатно е настанат преку директното копирање на англиската инфокутија. Станува збор за големината на површината, значи кога сакам да ставам запирка и да ја прикажам точната големина на површината на таа општина/град ми пријавува грешка во делот за густина на населението, односно не може да го пресмета. Јас разгледував што може да биде проблемот, но не успеав. Доколку знаеш што би можело да биде, поправи го, ако не може и вака да тераме, сепак не е којзнае колку голем проблем. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 13:42, 24 август 2012 (CEST)
Избор на јубилејна статија
уредиЗдраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:02, 29 август 2012 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:59, 18 септември 2012 (CEST)
Molba
уредиDa li bi mogao da odobriš ovu izmenu, dosta sam se potrudio da izgleda bolje i dodao navode, hvala.--Soundwaweserb (разговор) 03:49, 4 октомври 2012 (CEST)
Пренасочување
уредиЗдраво, како си? Пренасочувањето на Парламентарни избори 1994 година во Македонски парламентарни избори, 1994 мислам дека е погрешно ако се знае дека во истата година освен во Македонија, парламентарни избори имало и во друѓи земји. Поздрав--Тиверополник (разговор) 12:49, 16 октомври 2012 (CEST)
GND+PND+VIAF: Great work! Greetings from Germany --Kolja21 (разговор) 06:07, 24 октомври 2012 (CEST)
- PS: In the German language Wikipedia we don't use SELIBR anymore. In mk it's only used once and the template has got an error. Вернер фон Хејденстам: "GND: 119112280 · Шаблон:Нормативна контрола/SELIBR" (the SELIBR nr. 60001 is not shown). --Kolja21 (разговор) 06:26, 24 октомври 2012 (CEST)
Заедница на општини
уредиВо последно време започнав со уредување на статии поврзани со Тирингија и тука се сосретнав со проблем во именувањето на „заедниците на општини“. Имено, кога уредував слични статии за места во Саксонија-Анхалт, јас ја формирав оваа синтагма за именување на германскиот збор Verbandsgemeinden. Но, подоцна сфатив дека во скоро сите германски покраини, истата форма на здружување на неколку општини во некаков сојуз се нарекува различно на германски, така се сретнуваат и другиве термини, најдобро може да се види на следнава категорија. Прашањето ми е, дали сметаш дека е правилно сите да ги именувам со ист термин како „заедница на општини“, или пак сите тие заедници да се именуваат со посебно специфично име. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:39, 29 октомври 2012 (CET)
- Најпрвин за „општинска заедница“. Малку ми звучи чудно, но потполно те сфаќам дека во заградите не треба да претеруваме со зборови. Може да го примениме следниов формат, со назнака дека за мене ова ќе значи плус работа, за преместување на сите досега создадени статии како заедници на општини. Чим се согласуваш да биде еден единствен термин за сите останати термини, во соодветната статија за овој термин (која постои како заедница на општини и Амт) да се опишат сите модификации на терминот низ покраините во Германија, во која би биле понудени и други варијанти за превод на терминот.
- Што се однесува за окрузите, посебно за наведениот пример, уште кога ги создадов се мислев дали да ги преведам целосно или пак да биде само обична транскрипција, бидејќи не бев сигурен. Инаку постојано практикувам да се проверувам со руските статии, бидејќи тие се скоро единствено кирилично издание кое го сретнувам низ статиите. Доколку мислиш дека имињата на овие окрузи треба да бидат преведени, тогаш немам ништо против. Што се однесува за примерите на окрузи од типот Х-Крајс, јас се водев од примерот за првиот округ за кој пишував статија Бургенландкрајс, каде сретнав дека првично името на округот било Бургенланд, а подоцна властите решиле да го вратат минатото име Бургенландкрајс, па оттаму заклучив дека попаметно е да гласи целосното име без кратење на Крајс, сметајќи го како неизоставен дел.
- Деновиве ќе те прашам и за некои ситни правила за транскрибирање во германскиот јазик, кои ги сретнувам низ местата во Германија, а за кои нашиот правопис се нема изјаснето како би требало да звучат, се со цел еднаш засекогаш да ги разрешам дилемите, кои ми се моткаат за одредени термини. Но, поради недостиг на време во теков на колоквиумскава недела, ќе го оставам ова за понатаму. Инаку, извини за долгиов одговор и фала за насокиве --Ehrlich91 (разговор) 23:16, 29 октомври 2012 (CET)
Добро, во иднина ќе практикувам да го употребувам тој формат, без Крајс (истовремено, ќе се потрудам да ги направам и промените низ статиите). Инаку, што станува со Цвикауер Ланд и сличните окрузи, дали сметаш дека е правилно да останат така или пак да постапиме како Русите, кои ги именувале само со Цвикау (округ), односно не го зеле в предвид „Ланд“. --Ehrlich91 (разговор) 23:31, 29 октомври 2012 (CET)
- Бидејќи не сум во можност сега да се впуштам во преместувања и уредувања на статиите според овој формат, доколку ги преместуваш, биди внимателен дека некои статии, како на пример Цвикауер Ланд, доколку стане Цвикау (округ), мора да биде определен и временски, бидејќи моментално постои округ со името Цвикау (округ). --Ehrlich91 (разговор) 23:39, 29 октомври 2012 (CET)
Германски места (превод)
уредиПовторно да те прашам нешто. Во скорешните промени забележав дека си направил одредени преводи на одредени места, особено за географските насоки. Па затоа би те прашал дали да продолжам со таа практика и во останатите статии, како на пример во статијата за округот Берде, каде нејзините општински заедници можат да се преведат како Горен Алер и Западно Берде, или пак дел од општините како Високо, Ниско Берде и слично.
Исто така, би те прашал дали да продолжам да го користам терминот општинска заедница и за германскиот збор „Verwaltungsgemeinschaften#. Знам дека не е со исто значење, но сепак станува збор за иста општинска соработка само под различно име. Дали мислиш дека е добро да продолжиме со истиот термин за сите овие варијации, или пак да одиме со сосема нов термин.--Ehrlich91 (разговор) 18:33, 30 октомври 2012 (CET)
Шампањ-Арден
уредиЗдраво Бојан. Сакам да те информирам дека името го сменив од Шампања-Ардени во Шампањ-Арден бидејќи е грешно (верувам инспорирано по српскиот превод). На француски изговорот е [ʃɑ̃paɲ aʁdɛn]. Поздрав--Никола Стоіаноски 23:54, 8 ноември 2012 (CET)
- Па да за тоа дека не е секогаш исто како изговорот, но јас знам дека регионот кај нас е Шампањ. А и Арден нема /и/ во името. --Никола Стоіаноски 00:03, 9 ноември 2012 (CET)
- Шампања е само на српски и мислам словенечки. Ај да видам во правопис дали има па ќе ти пишам. --Никола Стоіаноски 00:05, 9 ноември 2012 (CET)
- Видов и во правописот нема за Шампањ. Мислев дека е споменато некаде. Француските имиња во глобала се доста чудни, ама како мислите дека е најточно така нека стои. Јас сум за Шампањ :)--Никола Стоіаноски 00:09, 9 ноември 2012 (CET)
- Да, со Бретања си во право. Да не ја должам многу, ако сметаш дека треба да е Бретања смени го, не е нешто кој знае што ова. --Никола Стоіаноски 00:15, 9 ноември 2012 (CET)
- Видов и во правописот нема за Шампањ. Мислев дека е споменато некаде. Француските имиња во глобала се доста чудни, ама како мислите дека е најточно така нека стои. Јас сум за Шампањ :)--Никола Стоіаноски 00:09, 9 ноември 2012 (CET)
- Шампања е само на српски и мислам словенечки. Ај да видам во правопис дали има па ќе ти пишам. --Никола Стоіаноски 00:05, 9 ноември 2012 (CET)
- Па да за тоа дека не е секогаш исто како изговорот, но јас знам дека регионот кај нас е Шампањ. А и Арден нема /и/ во името. --Никола Стоіаноски 00:03, 9 ноември 2012 (CET)
Празни категории
уредиКако резултат на преименувањето на германските окрузи настанаа многу категории за преименуваните окрузи, за кои јас направив нови со соодветните имиња, кои сега се празни. Оттаму те замолувам ако можеш да ги избришеш, се со цел да не се создаде забуна. Сите кои се наменети за бришење се обележани со соодветниот шаблон за бришење и се наоѓаат на страницата за брзи бришења, но подолго време не се избришани. Исто така, од претходните именувања и вметнување на нови окрузи ми останаа уште три окрузи, за кои верувам наредниве денови и тие ќе ги поминам, кои исто така ќе ги обележам со шаблонот за брзо бришење. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:18, 16 ноември 2012 (CET)
Заштитувања
уредиЗдраво Bjankuloski06. Морам да забележам дека премногу либерално ја користите алатката за заштитување. Нивото на заштита кое го поставувате е премногу рестриктивно што не е исправно и во духот на википедија, со што директно ги оневозможувате оние кои немаат администраторски привилегии слободно да ги искористат своите потенцијали во уредувањето на содржините на википедија. Последните заштитувања кои ги имате направено ги тргнав а на дел од нив го намалив степенот на заштита. За да не дојде до „војна на администраторите“ доколку и понатаму сметате дека е потребно ниво на заштита кое вие го применувате молам да поведете дискусија на селска чешма во која ќе ги образложите на пошироката викизаедница вашите гледишта околу потребата и неопходноста на заштитувањата кои ги правите. Поздрав. --brest (разговор) 06:29, 22 ноември 2012 (CET)
Статија со ББ
уредиЗдраво Bjankuloski06. Незнам дали си видел, но во статиите за мерни единици се јавува грешка со појава на шаблонот ББ. Погледни ако сакаш--Тиверополник (разговор) 12:21, 23 ноември 2012 (CET).
- Кога ќе се реши проблемот се е полесно... Поздрав--Тиверополник (разговор) 23:03, 23 ноември 2012 (CET)
Бен Невис
уредиПоздрав Бојан. Ако имаш време, помогни ми со инфокутијата за Бен Невис. Останатите поднаслови би можел да ги пополнам. Позз.--Вик Ретлхед (разговор) 12:30, 25 ноември 2012 (CET) Пожелно е и да поставиш категории и некои шаблони, доколку постојат.--Вик Ретлхед (разговор) 12:32, 25 ноември 2012 (CET)
Алтес Ланд
уредиНавистина не знам зошто сум ја создал статијата под тоа име, можеби лани кога сѐ уште не бев толку навлезен во уредувањето сум помислил дека тоа е соодветно име, иако уште се чудам како можело да ми текне такво нешто. Како и да е, фала што си го извршил преместувањето. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 12:53, 25 ноември 2012 (CET)
Три пута је ревертовао па Граматика на српскиот јазик
уредиТри пута је ревертовао па би администратори требали да реагују!-- Лингви (разговор) 22:12, 27 ноември 2012 (CET)
- Смешки :0 , види му ги уредувањата :) --Никола Стоіаноски 22:19, 27 ноември 2012 (CET)
Боже, и вакво нешто дочекавме. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:09, 27 ноември 2012 (CET)
Saint George's
уредиЗдраво Бојан. Како е? Имево на градов е многу чудно за транскрипција и затоа го оставив како Сент Џорџ. Имено, оригиналниот изговор на името е /sent dʒɔ:dʒɪz/ и најприближен македонски еквивалент е Сент Џорџис. Но гласот /ɪ/ не е ист со македонскиот /i/, и поради тоа се слуша некогаш како да оди кон „е“. Што мислиш за ова?--Никола Стоіаноски 11:20, 1 декември 2012 (CET)
- Да, ама сепак не е гласот „е“. Се мислев дали е подобро да биде Сент Џорџис?--Никола Стоіаноски 11:33, 1 декември 2012 (CET)
- Не би се сложил со тоа, ама ај, имаме една нелогичност во правописот за англиски имиња. --Никола Стоіаноски 11:39, 1 декември 2012 (CET)
Смртта на Иван Илич
уредиБојан, направив мала збрка. Некој создал две статии за книгата Смртта на Иван Илич, ама на втората Иван Илич го напишал со мали букви, и јас таа сум ја средувал. Ако можеш да направиш некакво пренасочување, па моите уредувања да ги префрлиш на правилната страница. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 09:09, 3 декември 2012 (CET)
- Извини за непотребното вознемирување. Постоеше таква грешка, ама Boyan се нафати и ја поправи. Само не знам дали е добра таа статија, зашто е целосна копија од еден блог посветен на лектири (makedonski jazik i literatura).--Вик Ретлхед (разговор) 10:02, 3 декември 2012 (CET)
- Моментално не можан да почнам да ја викифицирам, зашто средувам некои синглови од Мегадет. Ама и кога би можел, премногу има за работа, а и не сум баш навлезен во тоа што е напишано.--Вик Ретлхед (разговор) 10:13, 3 декември 2012 (CET)
Џиро
уредиГодинава веќе еднаш имаме разменето мислење за името на оваа италијанска велосипедска трка, но повторно би сакал да те запрашам, бидејќи планирам да создадам статијата и нејзините врски низ другите статии. Според мене би требало да биде некоја варијанта како „Џиро д’Италија“, бидејќи како што гледам и српската и руската википедија оваа трка ја именувале со ова име. Според тебе кое име би било најпаметно да го користиме. Сега сфаќам дека ми беше глупо моето објаснување и продолжување на пишување на „Италиа“ наместо „Италија“, но подобро да исправиме некогаш, отколку така да продолжи да се провлекува. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 16:51, 8 декември 2012 (CET)
- Сега ја сфаќам разликата и се чудам зошто се спротивставував на тоа. Доколку те послушав тогаш, сега немаше да имам потреба на непотребна работа. Како и да е, фала ти за помошта. --Ehrlich91 (разговор) 23:11, 8 декември 2012 (CET)
Инструкции
уредиДобар ден Бојан. Те молам достави ми на мојата страница за разговор инструкции како да ја преведам инфокутијата за студиски албум и како на направам пренасочувања кон други статии. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 10:07, 10 декември 2012 (CET)
- Еве, види го Endgame, па ако можеш преведи го. Позз.--Вик Ретлхед (разговор) 23:55, 12 декември 2012 (CET)
Македонски грб во шаблоните за селата
уредиЗдраво Бојан. Грбот на Македонија го ставав во сите шаблони што ги правев за селата. Така се пополнува и од лева и од десна страна со сликичка, а текстот е во средина и стои естетски добро. Мислам нема потреба од бришење на истиот. Позз--Никола Стоіаноски 10:43, 23 декември 2012 (CET)
Елена Чаушеску
уредиБојан, доколу уште си на Википедија, ќе можеш да поставиш инфокутија за Елена. Не сум сигурен дали треба онаа за политичар или за личност (биографија). Да, ќе заборавев, и категории. Поднасловите ќе ги пополнам нешто подоцна. Пријатна работа.--Вик Ретлхед (разговор) 08:51, 24 декември 2012 (CET)
- Ако може преименување на Ревизор во Ревизор (комедија) и да има преглед на шаблонот за Гогољ.--Вик Ретлхед (разговор) 10:25, 26 декември 2012 (CET)
Статии за бришење
уредиБојан, обележав неколку статии кои ми изгледаат како неквалитетен превод од англиските. Погледај ги и види дали се за бришење. Ги означив со шаблонот за брзо бришење.--Вик Ретлхед (разговор) 00:46, 4 јануари 2013 (CET)
- Среќни празници Бојан. Еве некои ситни работи:
- Треба да се преименува Дејан Савиќевиќ во Дејан Савичевиќ. Готово
- Има две статии за Мит Ромни, целосно исти.
- Може да се избрише Граѓанската војна во Америка (го префрлив текстот во Американска граѓанска војна) Готово
- Преименување на Methamphetamine во кирилично Готово
Придавки, ацтечки јазик
уреди- Разговорот е префлен на Селската чешма. --Никола Стоіаноски 12:47, 9 јануари 2013 (CET)
Наградени сте!
уредиПосебна награда | |
Признание за вложениот труд и посветената работа. За администраторот кој ја усоврши македонската Википедија. Вик Ретлхед (разговор) 02:35, 17 јануари 2013 (CET) |
Санскритски
уредиБојан, стварно причините се без врска. Може и постои придавка санскритски, не ти ја сфаќам логиката.--Никола Стоіаноски 13:13, 17 јануари 2013 (CET)
- Бидејќи не постоело народ Санскрити (што нема врска со изведување придавки), да ја смениш категоријава во Зборови и фрази од санскрит. Нели нема придавка?--Никола Стоіаноски 13:15, 17 јануари 2013 (CET)
Мислев дека ова конечно го расчистивме. Врската е следнава: јазикот како именка има придавен облик доколку припаѓа на народ или место. Во спротивно мора да го задржи истиот именски облик, а не да биде придавна именка. Постојат јазици чие изворно име не значи „јазик на/од“, туку нешто сосем вон тие параметри, па така, предавајќи го на македонски, може да се третира само како чиста именка. Во случајот санскрит“ значи „културен говор“. Не означува група или место, па затоа не може името да има придавен облик. Тоа е причината што не стои со -ски на ниедна друга јазична верзија во меѓувики.
Од друга страна, придавката како придавка (а не како име на јазик) секако може да се користи во врска со него. Нема тука ништо збунувачко. Гледам во речникот што си го навел дека прво дале исправна дефиниција - дека нешто е санскритски ако се однесува на јазикот и ако е напишано на тој јазик (на пр. санскритски текст), а потоа ја оплескале во примерите кога навеле „санскритски јазик“. Тоа е сигурно погрешно и нема никаква логика. Образложението е погоре. Јас пак, можам да го наведам овој лексикон, каде јасно се дава кое е името на јазикот (не придавката, тоа е друго). --Б. Јанкулоски (разговор) 21:30, 17 јануари 2013 (CET)
- Не е точно дека е разрешено. Малку не ми држи вода ова со народот, нема стабилна врска. Има еден куп имиња на јазици кои немаат „народ“ или пак имињата на народите се различни. Едно пример е тој што не го решивме, ацтечки, друг е ѕонгка итн. Тоа е твое мислење и тумачење, не е убаво што викаш ја оплескале. Секогаш се фаќаш за причини кои тешко држат вода. Минатиот пат беше демек веќе била сменета во придавка, арно ама не во македонскиот, туку во ацтечкиот, а сега не било народ. И на бугарската убаво си пишува, а „понекога и санскритски език“ (види грчка, турска, есперанто, латвиска и други верзии). А и има еден уште попрост пример, нема народ србохрвати, а има српскохрватски. Да не го споменувам индонезиски јазик, нема таков народ. По таа логика треба да се вика „бахаса индонезија“ јазикот. Сепак придавката постои и не знам зошто да не се користи, без разлика каков е јазикот. --Никола Стоіаноски 23:56, 17 јануари 2013 (CET)
- Плус, ако одиме во детали во етимологијата на имињата на јазиците, тогаш и сите чукотско-камчатски јазици треба да ги смениме, зошто добар дел од нив имињата им се со значење: „локален“, „селски“ или каков и да е говор. --Никола Стоіаноски 00:00, 18 јануари 2013 (CET)
- Не е точно дека е разрешено. Малку не ми држи вода ова со народот, нема стабилна врска. Има еден куп имиња на јазици кои немаат „народ“ или пак имињата на народите се различни. Едно пример е тој што не го решивме, ацтечки, друг е ѕонгка итн. Тоа е твое мислење и тумачење, не е убаво што викаш ја оплескале. Секогаш се фаќаш за причини кои тешко држат вода. Минатиот пат беше демек веќе била сменета во придавка, арно ама не во македонскиот, туку во ацтечкиот, а сега не било народ. И на бугарската убаво си пишува, а „понекога и санскритски език“ (види грчка, турска, есперанто, латвиска и други верзии). А и има еден уште попрост пример, нема народ србохрвати, а има српскохрватски. Да не го споменувам индонезиски јазик, нема таков народ. По таа логика треба да се вика „бахаса индонезија“ јазикот. Сепак придавката постои и не знам зошто да не се користи, без разлика каков е јазикот. --Никола Стоіаноски 23:56, 17 јануари 2013 (CET)
Овие причини не само што држат вода, туку се нешто многу обично и стандардно во нашиот јазик. Не раков само од народ, туку од народ или топоним. Твоиве примери не се неповолни кон тезата. „Српскохрватски“ е кованка од две придавки. Индонезиски јазик е исправно, бидејќи „бахаса индонезија“ значи тоа - индонезиски јазик (не е апстрактно име на јазикот). За Ацтеците, можеш да наватлски не одеше бидејќи веше имаше јазик (ќе беше како „бахасаиндонезиски“). Се надевам дека со ова излагање сум појасен. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:50, 18 јануари 2013 (CET)
- За индонезиски си грешка, прочитај етимологија. Бојан, пак ти со тие твои идеи. Whatever, do what you want. Не губам време за вртење во круг. --Никола Стоіаноски 00:52, 18 јануари 2013 (CET)
Како сум грешка? Сакав да дополнам, но си реков дека нема потреба. Во индонезискиот, придавките се, на пр. „јазик Индонезија“, што се преведува како „јазик на Индонезија“, а бахаса значи просто „јазик“ и не е име на јазикот, т.е. лична именка на јазикот како што е санскрит, урду и сл.
Не разбирам зошто имаш неубав однос кон мене. Аргументирам нешта што не се мои идеи, туку со кои највеќето луѓе би се согласиле веднаш бидејќи се толку очигледни во нашиот јазик. Не ми префрлај мене, јас не сум автор на нашиот јазик (а патем истото важи за купишта јазици) --Б. Јанкулоски (разговор) 01:14, 18 јануари 2013 (CET)
Наградени сте!
уредиНаграда за неуморност | |
заслужено :) M4r51n (разговор) 13:34, 22 јануари 2013 (CET) |
wiki books
уредиЕјј друже како е :)? Сакам да те прашам дали има нешто за да се аплицира за администратор или нешто околу тоа за вики букс? Вики букс полно е со „вандализам“ пробав отстранував нешто .... Поздрав :) --M4r51n (разговор) 23:38, 22 јануари 2013 (CET)
Molba
уредиDa li mozes da proveris izmene na ovoj stranici.--Soundwaweserb (разговор) 00:35, 28 јануари 2013 (CET)
- Bojane ali i dalje stoji da nije provereno? Dve izmene?--Soundwaweserb (разговор) 01:52, 28 јануари 2013 (CET)
Здраво Бојан. Што мислиш за додавање на уште една колона во табелата? Се мислам да додаеме колона за правилна употреба на предлозите за место („на“ и „во“). Предлогот за присвојност „на“ се користи за сите држави подеднакво (пр. Економија на Македонија, Економија на Косово). Но брканица станува кога се употребуваат предлозите за место (правилно Јазици во Македонија, Јазици на Косово). Луѓето почесто пишуваат „во“ наместо „на“ кај држави кои теба да имаат „на“. Ќе ставаме таква колона или нема потреба?--Никола Стоіаноски 17:00, 30 јануари 2013 (CET)
- Според досегашното искуство следниве зборови се проследени со „на“: економија на X, политика на Х, историја на Х, географија на Х, демографија на Х и слични области. Присвојното „на“ се користи да се означи некој сектор кој посредно ѝ припаѓа на државата. За да се каже нешто што се наоѓа во државата, тогаш се користо „во“: култура во Х, сообраќај во Х, јазици во Х (несомнено јазиците се проследени од „во“), човекови права во Х, религија во Х и слично. Сите овие се однесуваат за неостровски држави. За островски држави треба да се користи „на“, но во пракса гледам совршено функционира и „во“ (Религија во Сао Томе и Принсипе, некако е подобро од Религија на Сао Томе и Принсипе). Ова е сепак како се гледа ентитетот, дали како остров/ покраина или како политичка единица. Затоа и има различни употреби. Едно е сигурно до сега, членувани се само имињата на државите кои се множина или се описни освен ако има едноставна географска или политичка одредница (спореди: Религија во Македонија, Религија во Јужна Кореја, Репигија во Република Конго, Религија во Соединетите Американски Држави и Религија на Маршалските Острови). Има проблеми со употреба на „на“ и „во“. Дали да правиме едно кратко правило за тоа каде се користат „во“ и „на“ кај копнени и островски држави, без разлика дали се во единина и множина?--Никола Стоіаноски 23:02, 30 јануари 2013 (CET)
Јубилејна статија
уредиПоздрав Бојан. Денес избираме јубилејна статија (веќе надминавме 68 000), а доколку сте во можност, вашиот глас можете да го оставите овде. Ви благодарам.--Вик Ретлхед (разговор) 10:08, 2 февруари 2013 (CET)
- Добра вечер. Во статијата Метал (албум), во поднасловот Список на песни забележав дека на крајот стои англиското Total length. Ако може некако да се исправи. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 22:27, 9 февруари 2013 (CET)
Карта
уредиГледам дека правиш статии за департмани во Колумбија, па да те прашам дали ќе ја преведеш картава или да ја преведам денес/ утре? Не е лошо да ја имаме на македонски.--Никола Стоіаноски 22:15, 16 февруари 2013 (CET)
- Зошто ги избриша департманите? Има по неколку села/ градови со исти имиња. Ова е принцип кој го користиме за сите држави, види Перу, Боливија, Венецеула, итн.--Никола Стоіаноски 22:19, 16 февруари 2013 (CET)
Веќе ја преведов картата со алатка, но испадна дека не се прикажува на сликата. Необична ситуација. Проблем е што ќе треба да се бришат и да се внесуваат одново, погодувајќи ја големината на буквите кај разните департмани. Ќе ја направам јас. А за бришење, не знам на што мислиш. Немам бришено ништо. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:23, 16 февруари 2013 (CET)
- Пробај со Инкскејп, најубаво е. Со алатките не ми одеше и мене. Шаблонот го уредив, и ми ги ревертира сите уредувања. Некои департмани немаа појаснување „(департман)“, ги додавав овие, ама ти ме ревертира. Нема врска, сепак треба да има во заграда појаснување зошто топонимите во Латинска Америка се исти секаде. На пример, Чоко мора да има појаснување зошто има и јазик чоко/ чокоански. Поз--Никола Стоіаноски 22:26, 16 февруари 2013 (CET)
- Eве, си ме ревертирал пак. --Никола Стоіаноски 22:28, 16 февруари 2013 (CET)
- Пробај со Инкскејп, најубаво е. Со алатките не ми одеше и мене. Шаблонот го уредив, и ми ги ревертира сите уредувања. Некои департмани немаа појаснување „(департман)“, ги додавав овие, ама ти ме ревертира. Нема врска, сепак треба да има во заграда појаснување зошто топонимите во Латинска Америка се исти секаде. На пример, Чоко мора да има појаснување зошто има и јазик чоко/ чокоански. Поз--Никола Стоіаноски 22:26, 16 февруари 2013 (CET)
Тоа не знаев. Само го направив тоа што го бев замислил, да го дадам редоследот и начинот што го ставив и во самата статија. Ми се виде како да не сум го зачувал успешно, бидејќи редоследот не беше кириличен (што во меѓувреме го менував за да биде). Менувај ги како што е обичајот (во шаблоноти на статијата), но запази го азбучниот редослед што го направив. Потрошив извесно време, не е лесно. Инаку јас со таа програма работам превод на карти, но проблемот е истиот. Го дава како слика, а не како текст што може да се преведува. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:31, 16 февруари 2013 (CET)
- Да, ми текна сега по втор пат кога го уреди шаблонот. Пробав јас со една алатка, но проблемот беше во текстот. Алатката е за свг слики, ама текстот бега од првичната местоположба. --Никола Стоіаноски 22:34, 16 февруари 2013 (CET)
Инаку, при уредувањето, внимавав кои имиња се повторуваат, а кои не, па затоа не ставав секаде „(департман)“. Многу од департманите во Боливија не се повторуваат никаде. Но ако баш мораме да се држиме до тоа правило, нека биде. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:42, 16 февруари 2013 (CET)
Шаблони
уреди- Бојан, ако можеш, кога создаваш статии за географија, стави ги шаблониве ({{Сзр}}{{ВПГ}}) на страницата за разговор. Поз--Никола Стоіаноски 23:17, 22 февруари 2013 (CET)
- Штом има категорија Држави во Западна Африка, нема потреба да ја ставаш наткатегоријата Држави во Африка. Едно те исто е.--Никола Стоіаноски 12:57, 26 февруари 2013 (CET)
- Патем како е подобро, да ги има сите категории во статијата за државата и истите категории во главната категорија со исто име како државата или во статиите да стои само категоријата со името од државата а сите останати (категории република, држави во западна африка, итн...) да стојат само во главната категорија (не во статијата)? Јас мислам ова второво е подобро, низ статиите да има само една категорија. --Никола Стоіаноски 13:12, 26 февруари 2013 (CET)
- Штом има категорија Држави во Западна Африка, нема потреба да ја ставаш наткатегоријата Држави во Африка. Едно те исто е.--Никола Стоіаноски 12:57, 26 февруари 2013 (CET)
Велосипедист
уредиПовторно јас со прашање за транскрипција, како ми почнуваат ова тркиве, одново ми се отвораат дилемите. И како вообичаено главен проблем, Фламанец/Белгиец со чудно презиме, кое баш не можам да му го најдам крајот. Се работи за овој велосипедист. По мое би дошло нешто како Јенс Дебушере, но воопшто не сум сигурен. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:56, 4 март 2013 (CET)
Текст за бришење
уредиДобра вечер Бојан. Ако може да видиш дали пасусот историја од статијата за село Лески е за бришење. Напишана е на бугарски. Пријатно.--Вик Ретлхед (разговор) 23:03, 5 март 2013 (CET)
Тимбу
уредиИако Тимпу е најблиску до оригиналниот ѕонгка изговор, Тимбу е традиционално име за градот во македонскиот јазик. --Никола Стоіаноски 11:15, 6 март 2013 (CET)
- Исто така, сите статии за градови по држава немаат „список на градови во“, туку само „градови во“.--Никола Стоіаноски 11:19, 6 март 2013 (CET)
- По карти стои Тимбу, и јас го вратив. Сепак, ваков сличен разговор имавме за Латвија/ Летонија и се одлучивме да го користиме најблиското име до оригиналот. Можеме и за овој град да го користиме името најблиску до оригиналот, Тимпу, иако го немам сретнато до сега како такво.--Никола Стоіаноски 11:39, 6 март 2013 (CET)
Лидер
уредиКој поим е најсоодветен на македонски за поимот „лидер“?--brest (разговор) 17:21, 6 март 2013 (CET)
- Тогаш имаме потреба од нови пренасочувања: http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B8_%D0%B2%D0%BE_2003_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0&diff=2922416&oldid=2922361 --brest (разговор) 22:07, 6 март 2013 (CET)
Martijn Keizer
уредиТи благодарам за брзиот одговор за претходното прашање. Инаку, повторно прашање за тебе и повторно за холандски велосипедист. Знам дека ми имаше кажано дека кога се сретнува дифтонгот IJ дека најчесто се предава со „е“, но дека е можно и со „еј“, па така сум малку во недоумица. Гледам дека вакво име, Русите најчесто го предаваат со „еј“, па ме збуни малку. А и презимето не е баш лесно, ќе биде само Кезер или и тука нешто се менува. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 00:27, 7 март 2013 (CET)
Консултација
уредиЗдраво Бојан. Бидејќи само јас и ти уредуваме статии за јазици, не гледам зошто би пишал за моето прашање на Селска чешма. Затоа се консултурам со тебе. Има двоумица која класификација за австронезиските јазици да ја следиме? Првата е традиционалната презентирана на Етнолог, а втората е преработената класификација според Базата на осовни австронезиски зборови. На англиската тежнеат да ја користат Базата, но имаат една голема мешавина од двете. Тоа се пресликува и кај нас. Сакам да одредиме една класификација и според неа да одиме. Традиционалната е полесна за преглед, но има многу недостатоци и нејасни групирања. Базата дава друга класификација, и не знам дали сите австронезиски јазици се опфатени од двете класификации. Според тебе, која би ја користел? Сакам една да користиме.--Никола Стоіаноски 13:05, 15 март 2013 (CET)
Пренасочувања
уредиЗошто ги избриша пренасочувањата кон наската култура? Чинам некои се користат по статии.--Никола Стоіаноски 11:12, 1 април 2013 (CEST)
Климатска табела
уредиЗабележав дека си го уредувал овој шаблон и навистина изгледа добро, но сепак на сите статии се користи стариот шаблон, каде се користат англиските називи и сега сите тие табели стојат празни. Ја сфаќам потребата шаблонот да биде напишан на македонски, но мораме да најдеме решение за сите овие статии кои буквално имаат, ама како да немаат во себе климатска табела. Можеби е добро да постои и шаблонот со англиските вредности, бидејќи вака ќе треба сите одново да ги пишуваме. Исто така, забележав дека во шаблонот нема можност за податоци, на пример, колку просечно врне дожд изразено во денови. --Ehrlich91 (разговор) 21:03, 10 април 2013 (CEST)
- Дури сега видов дека промените си ги направил вчера, извини што те прекинав во работата. Бидејќи ја уредував статијата за Ерфурт, па приметив дека ја нема табелата, па помислив дека тоа е некаква грешка. Поздрав и фала ти на брзиот одговор --Ehrlich91 (разговор) 22:57, 10 април 2013 (CEST)
Потенцијална грешка
уредиЗдраво Бојан. Увидов една грешка во статијата за акцелератор. Интер-викито носи до статиите за циклотрон, а и текстот е за циклотрон. Забележав и дека се изедначени тие поими, што не е точно. Статијата акцелератор треба да води до англиското Particle accelerator, додека циклотронот до Cyclotron.
- Предлагам податоците од акцелератор да се пренесат на циклотрон, а потоа статијата акцелератор да се избрише. Исто така да се поправи и интервикито. Пријатно.--Вик Ретлхед (разговор) 20:18, 11 април 2013 (CEST)
Пренасочувања
уредиКако е? Стварно не знам зошто ги пришеш пренасочувањата. На пример, модерен арапски не би пренасочувал кон литературен арапски? Некој може ќе го бара под името модерен. Затоа и постојат пренасочувањата, да има повеќе називи за еден поим, се разбира сите македонски.--Никола Стоіаноски 10:59, 12 април 2013 (CEST)
- Да, има страшни грешки, за тие не зборам. Но модерен се користи (иако всушност зборот има друга смисла). Мислев и за Јудео-арамејски јазик, нека пренасочува во јудеоарамејски јазик. Не е штета да се има и тоа. --Никола Стоіаноски 11:15, 12 април 2013 (CEST)
- Бојан пак ти не ме разбираш :) Не зборам за грешки од типот енглески јазик, швеѓански јазик, ираниски јазик, зборам од типот на „јудео-арамејски“, „индо-европски“ и некои слични, кои имаат алтернативни правописни и зборовни форми.--Никола Стоіаноски 11:29, 12 април 2013 (CEST)
- Да, има страшни грешки, за тие не зборам. Но модерен се користи (иако всушност зборот има друга смисла). Мислев и за Јудео-арамејски јазик, нека пренасочува во јудеоарамејски јазик. Не е штета да се има и тоа. --Никола Стоіаноски 11:15, 12 април 2013 (CEST)
Бирократ
уредиЗдраво колега. Бидејќи на оваа Википедија очигледно ѝ требаат повеќе бирократи, дали се согласуваш да те номинирам за бирократски статус? -- Бојан имаш за кажување? 11:33, 16 април 2013 (CEST)
- Тогаш, нека е со среќа, те номинирав овде. Поздрав! -- Бојан имаш за кажување? 12:04, 16 април 2013 (CEST)
- Само чиста формалност, Бојан оди кај твојата страна за номинација за бирократ, одговори ги прашањата и прифати ја кандидатирата. Позз--Никола Стоіаноски 10:54, 17 април 2013 (CEST)
- Честитки колега Јанкулоски, изгласан си за бирократ. Ти посакувам успех во извршувањето на оваа функција. Имај убав ден! :) -- Бојан имаш за кажување? 10:09, 23 април 2013 (CEST)
Па, нема некој hot topic што би повлекувал со себе заедничка / организирана дејност на бирократи; единствено нешто за кое најчесто јас, на пример, сум добивал барања е за преименувања на корисници и одобрување бот-статуси. Сега со новите опции, има и по некое барање за доделување определен статус (уредувач, оценувач, патролер...). Сетоа тоа се наоѓа во „Раководење со кориснички права“ од лева страна на екранот, во алатникот. Е сега, узурпацијата на кориснички имиња е малку покомплицирана, бидејќи прво треба да се праша корисникот (чие корисничко име е цел за узурпирање) дали го одобрува тоа, меѓутоа многу кориснички сметки се одамна напуштени... Затоа, поради овие бирократски функции, подобро е да има повеќе бирократи, па затоа и поттикнав номинирање. Инаку, колку што се сеќавам, нема дополнително чекање за одобрување на бирократ, ти веќе ги имаш бирократските додатоци. -- Бојан имаш за кажување? 11:57, 23 април 2013 (CEST)
- Честитки Бојан за стекнатите бирокаратски права!--Kiril Simeonovski (разговор) 17:47, 23 април 2013 (CEST)
Италијански јазик
уредиВо ред е Бојан разбрав што сакаш да ми кажеш, но сепак кај некој имиња од странските јазици може да ми се случи некоја грешка јас не сум експерт за јазици, но битно овие групи од италијанскиот јазик pi, bi, fi, chi, ghi итн. ќе ги имам во предвид кога ќе пишувам некоја статија.
Истотака ќе ги преправам и имињата на стадионите. Сакам само уште да те прашам, зошто викаш дека тим не треба да се употребува па сакам да те прашам дали може да се употребува зборот клуб? Carshalton (разговор) 12:28, 17 април 2013 (CEST)
Edit links
уредиТи благодарам за ова што ми го кажа, бидејќи и јас мислев да те прашам пред некој ден ама заборавив. Успеав да се снајдам со тоа. Поздрав Carshalton (разговор) 16:06, 20 април 2013 (CEST)
Чучурлиги
уредиЗдраво, имај го предвид следниов коментар [4], пре пренасочувањето од Чучрулигите во Чучулиги и останати акции, најдобро би било прво да ги појасниш на страницата за разговор твоите акции, за да нема забуни кај понеискусните уредувачи на википедија. Поздрав. --brest (разговор) 09:07, 24 април 2013 (CEST)
Jel možeš da glasaš ovde? Tebi sam dao podršku za birokratu. Pozdrav i sve najbolje od mene! --Kolega2357 (разговор) 11:03, 25 април 2013 (CEST)
Zaštiti ovaj članak na mesec dana da se nebi pravio rat izmenama. --Kolega2357 (разговор) 08:56, 26 април 2013 (CEST)
Imaš email od mene. --Kolega2357 (разговор) 09:43, 26 април 2013 (CEST)
Imaš od mene vrlo poverljiv mail i molim te odgovori preko emaila. Pozdrav i sve najbolje. --Kolega2357 (разговор) 00:47, 28 април 2013 (CEST)
Jel možeš sad da mi dodeliš da budem patroler sa time što je glasanje isteklo? --Kolega2357 (разговор) 01:13, 1 мај 2013 (CEST)
Уредувач
уредиЗдраво Бојан. Сакам да те прашам како можам да се кандидирам за добивање на уредувачки статус. Поздрав Dimo Morecambe (разговор) 15:11, 27 април 2013 (CEST)
Korisnička imena
уредиPogledajte ovo obaveštenje. Ukoliko neko ima vremena, može i da ga prevede. Poenta je da će od 27. maja svi korisnici imati jedan nalog za sve Wiki projekte, odnosno da će na svim projektima koristiti isto korisničko ime. Pošto trenutno imamo situaciju da različiti korisnici na različitim projektima koriste isto korisničko ime, svima njima će biti promenjeno korisničko ime (hteli oni to ili ne). Druga novina je da posle toga birokrate više neće imati mogućnost da menjaju korisnička imena, već će to raditi stjuardi. --Kolega2357 (разговор) 12:19, 30 април 2013 (CEST)
Molim te prevedi ovo na makedonski vrlo je važno i bitno za sve korisnike. Pozdrav! --Kolega2357 (разговор) 12:19, 30 април 2013 (CEST)
Hi, sorry for writing in English. I'm writing to ask you, as a bureaucrat of this wiki, to translate and review the notification that will be sent to all users, also on this wiki, who will be forced to change their user name on May 27 and will probably need your help with renames. You may also want to help with the pages m:Rename practices and m:Global rename policy. Thank you, Nemo 18:53, 3 мај 2013 (CEST)
Hi, sorry for writing in English. I'm writing to ask you, as a bureaucrat of this wiki, to translate and review the notification that will be sent to all users, also on this wiki, who will be forced to change their user name on May 27 and will probably need your help with renames. You may also want to help with the pages m:Rename practices and m:Global rename policy. Thank you, Nemo 18:53, 3 мај 2013 (CEST)
Hi, sorry for writing in English. I'm writing to ask you, as a bureaucrat of this wiki, to translate and review the notification that will be sent to all users, also on this wiki, who will be forced to change their user name on May 27 and will probably need your help with renames. You may also want to help with the pages m:Rename practices and m:Global rename policy. Thank you, Nemo 18:53, 3 мај 2013 (CEST)