Вернер фон Хејденстам
Карл Густав Вернер фон Хејденстам (швед. Carl Gustaf Verner von Heidenstam; 6 јули 1859 – 20 мај 1940) — истакнат шведски поет и романописец, добитник на Нобеловата награда за литература во 1916 г. и член на Шведската акдемија. Делата му се одликвуаат со родољубивост и страст за татковината, народот и неговите обичаи и карактер.
Вернер фон Хејденстам Carl Gustaf Verner von Heidenstam | |
---|---|
Роден/а | Карл Густав Вернер фон Хејденстам 6 јули 1859 Олшамар, Шведска |
Починат/а | 20 мај 1940 Евралид, Шведска | (возр. 80)
Занимање | поет, романописец |
Националност | Швеѓанец |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 1916 |
Роден е во Олшамар, Еребру во благородничко семејство. Почнал да студира историја на уметноста во Уметнчката акдемија во Стокхолм, но набргу ги напуштил студиите за да патува по Европа, Африка и Азија. Стихозбирката „Патешествие и талкање“ (1888) — инспирирана од доживувањата на Исток и претставува пресвртница во неговиот стил. Со неа Хејденстам го напушта натурализмот кој тогаш преовладувал во шведската книжевност.
Хејденстамовата љубов кон убавото е јасно изразена во алегоричниот роман „Ханс Алиенус“ (1892). Во стихозбирката „Песни“ (1895) и историскиот роман „Карловците“ (2 тома, 1897–1898), Хејденстам ја искажува неговата страст кон татковината и сето она што е шведско. Двотомното дело „Лозата на Фолкунзите“ (1905–07) — епопеја заснована на историјата на овој шведски клан од средниот век.
Неговата стихозбирка „Нови песни“ (1915) обработува филозофски тематики, особено воздигнувањето на човекот од самотија на повисок степен на човештво.
Дела
уреди- „Од Кол ди Тенда до Блоксбег (Från Col di Tenda till Blocksberg , 1888)
- „Патешествие и талкање“ (Vallfart och vandringsår, 1888)
- „Ренесанса“ (Renässans, 1889)
- „Ендимион“ (Endymion, 1889) - роман
- „Ханс Алениус“ (Hans Alienus, 1892)
- „Песни“ (Dykter, 1895)
- „Карловците“ (Karolinerna 1897–98) - роман
- „Свети Ѓорѓија и змејот“ (Sankt Göran och draken, 1900)
- „Поклонението на Света Бригита“ (Heliga Birgittas pilgrimsfärd, 1901)
- „Народот“ (Ett folk, 1902)
- „Шумски шепот“ (Skogen susar, 1904)
- „Лозата на Фолкунзите“ (Folkungaträdet, 2 тома, 1905–1907)
- „Швеѓаните и нивните поглавари“ (Svenskarna och deras hövdingar, 1910) - предавања на историска тема
- „Нови песни“ (Nya Dikter, 1915).
Македонски изданија
уреди- „Избрани стихови“, Вернер фон Хејденстам; препев од шведски јазик Ивица Челиковиќ. - Битола : Микена, 2009, ISBN 978-9989-55-255-7[1]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Вернер фон Хејденстам - Проект Рунеберг (шведски)
- Дела од Вернер фон Хејденстам на проектот „Гутенберг“ (англиски)