Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)Одговори

Нов уредувачки натпревар

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)Одговори

Ракомет

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)Одговори

Средување на статијата за Крвавиот Четврток

Поздрав. Направив неколку измени на статијата „Упад во Собранието на Македонија (2017)“, главно во однос на ситни грешки во пишувањето, но исто така и за поднасловот „Лица кои напаѓале“ каде што го отстранив списокот на наведените лица, причината ја наведов во самата измена, се надевам дека тоа не е проблем. Бидејќи ти си најзаслужен за оваа статија, но исто така бидејќи ти ги имаш прикачено фотографиите од повредените пратеници, би сакал да го слушнам твоето мислење за тоа дали понатаму треба да останат овие фотографии овде. Според мене тие се доста непријатни, а до оваа страница може да пристапат и деца, но и други луѓе кои не би се чувствувале пријатно кога ќе ги погледнат. Джеiкоб (разговор) 01:41, 23 јули 2020 (CEST)Одговори

Еј здраво колега, извини за бавниот одговор. На Википедија сум отсутен со години, не сум во тек што и како се случува, така да слободно уредувај како мислиш дека е најдобро. Поздрав и секое добро. Retrohead (разговор) 13:13, 31 јануари 2021 (CET)Одговори

Земи учество во СИЕ Пролет 2021

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)Одговори