Метамфетамин

хемиско соединение
(Пренасочено од Methamphetamine)

Метамфетамин, исто така познат и како мет, мраз, кристал, стакло, тик, Н-метиламфетамин, метиламфетамин и дезоксиефедрин, е психостимуланс од класата на психоактивни супстанции фенетиламин и амфетамин.

Метамфетамин
Систематско (IUPAC)
N-methyl-1-phenylpropan-2-amine
Клинички податоци
Бременосна
категорија
  • US: C (Ризикот не е отфрлен)
Начин на издавање
  • AU: S8 (контролирано)
  • CA: Класа I
  • US: Schedule II
  • Class A(NZ)
    Schedule 5(SA)
    Injectable: Class A, Oral: A(UK)
Начин на
примена
Medical: Ingestion

Recreational: Ingestion, Intravenous, Insufflation, Inhalation, Suppository
Фармакокинетички податоци
Биорасположливосторално: 70%[1]
IV: 100%[1]
МетаболизамHepatic
Почеток на дејствоБрзo [2]
Полувреме на елиминација5-30 часа[3]
Времетраење на дејството10–20 часа[2]
ЕкскрецијаRenal
Назнака
CAS-број537-46-2 Ок
ATC кодN06BA03
DrugBankDB01577 Ок
ChemSpider1169 Н
UNII44RAL3456C Ок
KEGGD08187 Ок
ChEBICHEBI:6809 Ок
ChEMBLCHEMBL1201201 Ок
СинонимиDesoxyephedrine
Methamfetamine
Pervitin
Anadrex
Methedrine
Methylamphetamine
Syndrox
Desoxyn
Хемиски податоци
ФормулаC10H15N
Моларна маса149.233 g/mol
 НОк (што е ова?)  (провери)

Метамфетаминот се јавува во два енантиомери, декстроротарен и леворотарен. Декстрометанфетаминот ги поседува добро познатите психостимулативни ефекти на лекот, додека левометанфетаминот не влијае на централниот нервен систем (ЦНС) и е ЦНС-неактивен. Иако ретко се препишува, декстрометанфетаминот е одобрен од администрацијата за храна и лекови (FDA) за лекување на дефицит на внимание и хиперактивно пореметување (ADHD) и за прекумерна дебелина под името Дезоксин, додека левометанфетаминот може да се купи без рецепт како инхалатор за одзатнување на нос

Незаконски, метамфетаминот може да се продава како чист декстрометанфетамин или во рацемична смеса. И декстрометанфетаминот и рацемичниот метамфетамин се супстанции кои се контролирани во САД според Распоред II, и слично, производството, дистрибуцијата, продажбата и поседувањето на метамфетамин е забрането или нелегално во многу држави. На меѓународно ниво, метамфетаминот е ставен на Распоред II во Конвенцијата на Обединетите нации за психотропни супстанции.

Во мали дози, метамфетаминот може да ги зголеми вниманието, концентрацијата и енергијата кај заморени личности. Во поголеми дози, може да предизвика манија со придружна еуфорија, чувство на самодоверба и зголемување на либидото. Метамфетаминот има висок потенцијал за злоупотреба и зависност, го активира психолошкиот систем за наградување и предизвикува каскадно ослободување на допамин во мозокот карактеризирано со Амфетамин / стимулативна психоза.

Хроничната злоупотреба може да доведе до синдром на пост-повлекување, како резултат на метамфетамин-индуцираната невротоксичност на допаминергичните неврони. Синдромот на пост-повлекување по оставањето на метамфетаминот може да се задржи со месеци, а понекогаш и до една година. До психолошко оштетување, или до физичко оштетување - кое главно се состои од кардиоваскуларни оштетувања - може да дојде со хронична употреба или акутно предозирање.

Употреба

уреди

Метамфетаминот се употребува како медицински лек и како рекреативна дрога.

Медицинска Употреба

уреди
 
Дезоксин (метамфетамин) таблети од 5 mg

Метамфетаминот е одобрен од администрацијата за храна и лекови (FDA) за лекување на дефицит на внимание и хиперактивно пореметување (ADHD) и за егзогена дебелина (дебелина која е предизвикана од фактори кои се надвор од контрола на пациентот) кај деца и кај возрасни.[4][5]

Метамфетамин е лек од Распоред II во САД и се продава под името Дезоксин, заштитено од страна на Данската фармацевтска компанија Лундбек.[4]

Дезоксинот може не одобрено да се препише за лекување на нарколепсија и депресија резистентна на терапија.

Рекреативна употреба

уреди

Метамфетаминот се користи како рекреативна дрога заради неговите еуфорични и стимулансни својства.[6]

Ефекти

уреди

Физички

уреди

Во физички ефекти спаѓаат анорексија, хиперактивност, проширени зеници, испуштена кожа, прекумерно потење, немир, сува уста и бруксизам (што доведува до "мет уста"), главоболка, забрзано чукање на срцето, забавено чукање на срцето, неправилен срцев ритам, брзо дишење, висок крвен притисок, низок крвен притисок, висока телесна температура, дијареја, констипација, замаглен вид, вртоглавица, грчеви, несоница, вкочанетост, палпитации, тремор, сува кожа, чешање на кожата, акни, бледило, и - со хронични или високи дози - конвулзии, срцев удар, мозочен удар и смрт.[4][7]

Психолошки

уреди

Во психолошки ефекти спаѓаат еуфорија, анксиозност, зголемување на либидото, будност, концентрација, зголемена енергија, зголемена самодоверба, самодоверба, дружељубивост, раздразливост, агресивност, психосоматски нарушувања, психомоторна агитација, дерматиломанија (компулсивно подигање на кожата), влечење на коса (трихотиломанија), заблуди на грандиозност, халуцинации, прекумерно чувство на моќ и непобедливост, повторливо и опсесивно однесување, параноја,[4][7][8] и - со хронична употреба или високи дози - амфетамин психоза.[9]

Повлекување

уреди

Симптомите на повлекување на метамфетамин првенствено се состојат од замор, депресија и зголемен апетит. Симптомите може да траат со денови при повремена употреба, и недели или месеци при хронична употреба, зависно од должината на времето на употреба и количината на метамфетамин. Симптомите на повлекување може да вклучат вознемиреност, раздразливост, главоболка, нервоза, немир, прекумерно спиење, живописни или луцидни соништа, длабоко РЕМ спиење, и мисли за самоубиство.

Долгорочно

уреди

Употребата на метамфетамин е високо поврзана со депресија и самоубиство, како и сериозно оштетување на срцето, амфетамин психоза, страв и насилно однесување. Исто така, постои многу висок ризик од зависност од метамфетамин.

Метамфетаминот не е директно невротоксичен, но долготрајното користење може да има невротоксични несакани ефекти. Неговата употреба е поврзана со зголемен ризик од Паркинсонова болест, со оглед на фактот дека неконтролираното испуштање на допамин е невротоксично. Долгорочното зголемено ниво на допамин, кое настанува како резултат на злоупотреба на метамфетамин, може да предизвика невротоксичност за која се верува дека е одговорна за предизвикување на трајни когнитивни дефицити, како што се губење на меморијата, нарушено внимание, и намалена извршна функција. Слично на невротоксичните ефекти врз системот за допамин, метамфетаминот исто така може да резултира со невротоксичност врз системот за серотонин.

Кај преку 20% од луѓето зависни од метамфетамин се развива долготрајна психоза слична на шизофренија по прекинот на метамфетамин. Состојбата трае подолго од 6 месеци и често е отпорна на третман.

Толеранција

уреди

Како и за другите амфетамини, толеранцијата на метамфетаминот не е целосно разбрана, но познато е дека е доволно комплексна и не може да се објасни со било кој поединечен механизам. Степенот на толеранција и брзината со која се развива варира помеѓу поединци, дури и кога станува збор за едно лице. Толеранцијата високо зависи од дозата, времето на користење и честотата на внесување. Тешко се развива толеранција на ефектот за будење на амфетамините, што ги прави погодни за третман на нарколепсија. Краткорочна толеранција може да биде предизвикана од осиромашените нивоа на невротрансмитери во рамките на синаптичките везикули достапни за ослободување во синаптичката пукнатина по последователна повторна употреба (тахифилакса).

Краткорочната толеранција обично трае додека нивото на невротрансмитери целосно не се обнови, заради токсичните ефекти на допаминергичните неврони, и може да потрае повеќе од 2-3 дена. Продолжената прекустимулација на допаминските рецептори предизвикана од метамфетамин може да предизвика подрегулација на рецепторите, со цел да се компензира зголеменото нивото на допамин во синаптичката пукнатина. За да се компензира, потребни сè поголеми количини на лекот со цел да се постигнат истите ефекти.

Исто така, може да се случи обратна толеранција или сензибилизација. Ефектот е добро воспоставен, но механизмот не е добро разбран.

Негативни ефекти

уреди

Зависност

уреди

Метамфетаминот лесно создава зависност. Додека повлекувањето само по себе може да не биде опасно, симптомите на повлекување се јавуваат по зголемена употреба, при што влошувањето на здравјето е честа појава.

Хиперстимулацијата на патиштата на задоволство индуцирана со метамфетамин може да доведе до анхедонија и неколку месеци по укинување на употребата. Предложено е истражување на третманите кои влијаат на нивото на допамин како што е бупропионот, и на психолошките третмани со кои се подига нивото на среќа, како што е терапијата за активирање на однесувањето. Можно е секојдневното внесување на аминокиселините Л-тирозин и Л-5ХТП/триптофан да помогне во процесот на обновување, бидејќи му помага на телото полесно да се прочисти од допамин, норепинефрин и серотонин. Иако некои студии кои вклучуваат употреба на овие аминокиселини имаат покажано одреден успех, сè уште не е покажано дека овој метод на опоравување е доволно ефикасен.

Се покажува дека земањето на аскорбинска киселина пред употребата на метамфетамин може да помогне во намалување на акутната токсичност на мозокот, ако на стаорци се даде доза еквивалентна на човечка доза од 5-10 грама на аскорбинска киселина 30 минути пред дозата на метамфетамин да има токсично дејство. Сепак ова најверојатно ќе биде од мала корист во решавањето на другите сериозни проблеми во однесувањето поврзани со употребата на метамфетамин и зависноста која многу корисници ја искусуваат. Големи дози на аскорбинска киселина исто така ја намалуваат уринарната pH вредност, намалувајќи го полураспадот на елиминација на метамфетамин, а со тоа намалувајќи го и времетраењето на неговото дејство.

Во борба против зависноста лекарите почнуваат да користат и други форми на стимуланси, како на пример декстроамфетамин, декстрораторниот (десен) изомер на молекулата на амфетамин, со цел да се скрши циклусот на зависност на начин сличен со употребата на метадон во третманот на зависниците од хероин. Нема јавно достапни лекови споредливи со Налоксон, кој го блокира опивањето на рецепторите и затоа се користи при лекување на зависност од опиуми, за примена кај проблемите со метамфетамин. Сепак, експерименти со некои моноаминооксидни инхибитори на реапсорпција, како Индатралин, покажале успех во блокирање на дејството на метамфетамин. Постојат студии кои укажуваат дека флуоксетинот, бупропионот и имипраминот може да ја намалат желбата за метамфетамин и да го подобрат придржувањето кон третманот. Истражувањето исто така сугерира дека модафинилот може да им помогне на зависниците да престанат со употреба на метамфетамин, како што може топираматот.

Зависноста од метамфетамин е една од најтешките облици на зависност за лекување. Се користат бупропион, арипипразол и баклофен за лекување на желбата за метамфетамин по прекинувањето, иако стапката на успешност е ниска. Модафинилот е малку поуспешен, но ова е дрога што спаѓа во Класа IV. Во Европа успешно се користи ибогаин, којшто е дрога од Класа I и е достапна само за научни истражувања. Во некои мали истражувања се предлага употреба на миртазапин.

Бидејќи фенетиламин фентерминот е составен изомер на метамфетаминот, се смета дека може да биде ефикасен при лекувањето на зависност од метамфетамин. Фентерминот е стимуланс за централниот нервен систем кој делува на допаминот и норадреналинот. Кога се споредуваат (+)-амфетамин, (+ / -)-ефедрин и фентермин, една клучна разлика помеѓу трите лекови е нивната селективност за ослободување на норепинефрин (NE) наспроти ослободувањето на допамин (DA). NE / DA стапките за селективност на овие лекови, одредени во ин витро [(EC (50) NE (-1)) / (EC (50) DA (-1))] се (+ / -)-ефедрин (18,6)> фентермин (6.7)> (+)-амфетамин (3,5).

Наглото прекинување на хроничната употреба на метамфетамин резултира со синдром на повлекување во речиси 90% од случаите. Менталната депресија поврзана со повлекувањето на метамфетамин трае подолго и е потешка од онаа при повлекувањето на кокаин.

Мет уста

уреди

Корисниците и зависниците од метамфетамин може да ги загубат своите заби ненормално брзо, состојба која што неформално е позната како мет устата.[10] Според американската стоматолошка асоцијација, мет уста "најверојатно е предизвикана од комбинацијата на психолошките и физиолошките промени предизвикани од дрогата, што резултира со ксеростомија (сува уста), подолг период на лоша орална хигиена, често конзумирање на високи калории, газирани пијалаци и бруксизам (чкртање со забите и стегање)".[10][11] Некои извештаи шпекулираат дека разјадувачката природа на дрогата е факторот што придонесува за опаѓање на забите. Метамфетаминот исто така има потенцијал да предизвика прекумерно пушење кај корисниците кои веќе се пушачи. Ова во комбинација со метамфетамин може лесно да доведе до "мет уста". Слично, иако далеку помалку сериозни, симптомите се пријавени и при клиничка употреба на амфетамин, каде ефектите не се влошуваат при подолг период на лоша орална хигиена.

Јавни здравствени проблеми

уреди
 
Заостанати отпадоци од лабораторија за метамфетамин

Краткорочната изложеност на високи концентрации на хемиски испарувања, кои може да постојат во лабораториите за метамфетамин, може да предизвика сериозни здравствени проблеми, па дури и да резултира со смрт. До изложеност на овие супстанции може да дојде преку испарување на емисии во воздухот, излевање, пожари и експлозии. Лабораториите за метанфетамин често се откриваат од страна на пожарникари, кои одговорат на повик за пожар.

Приготвувачите на метамфетамин, нивните семејства, и првите пожарникари што пристигнуваат се во најголем ризик од акутни здравствени ефекти од хемиската изложеност, вклучувајќи оштетување на белите дробови и хемиски изгореници на телото. По одземање на лабораторија за метамфетамин, често постои ризик за ниска изложеност на хемиски остатоци, па тоа контаминација треба да се санира. Лабораторискиот отпад и хемиските остатоци кои се оставаат зад себе во поранешните лаборатории за метамфетамин може да резултираат со сериозни здравствени проблеми за луѓето кои го користат имотот, затоа локалните здравствени служби треба темелно да го проценат имотот од опасностите пред да дозволат повторно да биде населен, особено од страна на деца. Оние што бараат дом во области со тешка употреба на метамфетамин треба да бидат особено внимателни додека бараат дом и задолжително да извршат испитување на својствата пред да го купат имотот.

Бременоста и доење

уреди

Метамфетаминот присутен во крвотокот на мајката, поминува низ плацентата во фетусот, и исто така се излачува во мајчиното млеко. Се покажува дека бебињата родени од мајки кои неконтролирано употребувале метамфетамин, имаат значително помал гестациски возрасно-прилагоден обем на главата и се раѓаат со помала тежина. Изложеноста на метамфетамин, исто така, е поврзана со неонаталните симптоми на повлекување, во кои спаѓаат вознемиреност, повраќање и тахипнеа. Овој синдром на повлекување е релативно лесен и бара лекарска интервенција во приближно 4% од случаите.

Ризик од сексуално преносливи болести

уреди

Мажите кои користат метамфетамин, кокаин, екстаза и кетамин, двапати е поверојатно да имаат незаштитен полов однос од оние кои не користат такви дроги, според британските истражувања. Американскиот психолог Пери Н. Халкитис извршил анализа со користење на податоци собрани од членови на заедницата помеѓу геј и бисексуални мажи за да ја испита поврзаноста помеѓу нивната употреба на метамфетамин и преземањето на ризик во сексуалното однесување. Се покажало дека употребата на метамфетамин е поврзана со зголемено практикување на незаштитен полов однос и кај ХИВ-позитивни и кај непознати случајни партнери според студијата на населението. Врската помеѓу употребата на метамфетамин и незаштитениот полов однос е поизразена кај ХИВ-позитивните поединци. Овие наоди сугерираат дека употребата на метамфетамин и впуштањето во незаштитен анален секс се взаемни ризични однесувања кои потенцијално го зголемуваат ризикот од пренесување на ХИВ помеѓу геј и бисексуалните мажи. Метамфетаминот им овозможува на корисниците од двата пола да се вклучат во продолжена сексуална активност, која може да предизвика генитални рани и гребнатинки. Метамфетаминот, исто така, може да предизвика рани и гребнатинки во устата заради бруксизамот (чкртање со забите и стегање), што може да претвори ниско ризична сексуална активност, како орален секс, во сексуална активност со висок ризик. Како при инјектирање на било која дрога, ако една група на корисници дели заедничка игла, може да се пренесат крвно преносливи болести, како ХИВ или хепатит.

Нивото на користење на заедничка игла помеѓу корисниците на метамфетамин е слично на она кај корисниците на другите видови на дроги кои се внесуваат со шприц.[12]

Фармакокинетика

уреди

По оралното внесување, метамфетаминот лесно се апсорбира во крвотокот, при што највисоките плазма концентрации се постигнуваат по околу 3,13 - 6,3 часа по конзумирањето. Метаболитот на амфетамин достигнува врвови од 10 до 24 часа по внесувањето. Метамфетаминот исто така добро се апсорбира со вдишување и со интраназално внесување. Тој се дистрибуира до повеќето делови на телото. Познато е дека метамфетаминот ги произведува централните ефекти слични на другите стимуланси, но во помали дози, со помалку периферни ефекти. Високата липофилност на метамфетаминот му овозможува да ја премине крвната мозочна бариера побрзо отколку другите стимуланси, каде што е постабилен против деградација од моноаминооксидаза (МАО). Метамфетамин се метаболизира во црниот дроб заедно со главните метаболити кои се амфетамин (активен) и 4-хидрохиметамфетамин (фоледрин); други помали метаболити вклучуваат 4 - хидрохиметамфетамин, 4 - хидрохинорефедрин и норефедрин. Други лекови кои метаболизираат. во амфетамин и метамфетамин се бензфетамин, фурфенорекс и фампрофазон. Селегилин (кој се продава како Депренил, Емсам и друго) се метаболизира во помалку активни L-изомери на амфетамин и неактивни L-изомери на метамфетамин. Иако само D-изомерот на селегилин ќе метаболизира во активни метаболити, двата изомери може да предизвикаат позитивен резултат за метамфетамин и амфетамин при тест за дрога, во одредени случаи. Метамфетаминот се излачува преку бубрезите, со стапка на излачување во урината која во голема мера зависи од уринарната pH вредност. Помеѓу 30-54% од оралната доза се излачува во урината како непроменет метамфетамин и 10-23% како непроменет амфетамин. По интравенска доза, 45% се излачува како непроменет метамфетамин и 7% амфетамин. Полураспадот на метамфетаминот е променлива со средна вредност помеѓу 9 и 12 часа.

На илустрацијата е прикажано нормално функционирање на допаминергичниот терминал од лево, и допаминергичниот терминал во присуство на амфетамин од десно. Забележете ги спротивните акции на носителот на допамин (DAT), на везикуларниот моноамино носител (VMAT) и намалувањето на стандардниот везикуларен невротрансмитер кој истекува. Амфетаминот овозможува допаминот да се движи во двете насоки (сини и црвени стрелки) од терминалот, за разлика од допаминските инхибитори на реапсорпција (како што е кокаинот), кои го блокираат повторниот влез на допаминот кај терминалот и кај пумпата за реапсорпција, додека агентите за ослободување на допамин овозможуваат повторен влез и излез кај двата.

Откривање во биолошките течности

уреди

Метамфетаминот и амфетаминот често се мерат во урината, потта или плунката како дел од програмата за тестирање на злоупотреба на дрога, во плазмата или серумот за да се потврди дијагнозата на труење кај хоспитализирани жртви, или во крвта со цел да се помогне при судска истрага на сообраќајни или други кривични дела или во случај на ненадејна смрт. Може да се применат хирални техники за да се потврди изворот на дрогата, дали е добиена законски (преку рецепт) или незаконски, или можеби е формирана како резултат од користење на лек како фампрофазон или селегилин. Потребна е хирална поделба за да се оцени можниот придонес на L-метамфетамин (Викс инхалатор) при позитивен резултат од испитувањето. Во 2011 година, истражувачите од Џон Џеј Колеџот за правда објавиле дека исхраната со додатоци од цинк може да го маскира присуството на метамфетамин и другите лекови во урината. Слични тврдења се наведени на разни интернет форуми на таа тема.

Фармакологија

уреди

Како член на семејството на фенетиламини, метамфетаминот е хирален, со два изомери, леворотарен и декстроротарен. Леворотарната форма, наречена левометамфетамин, е лек кој може да се купи без рецепт и се користи кај инхалаторите за одзатнување на нос. Левометамфетаминот (дериват на левоамфетаминот) не предизвикува никаква значајна активност врз централниот нервен систем и не поседува својства на зависност. Оваа статија се занимава само со декстрораторната форма, наречена декстрометамфетамин и рацемична форма.

Метамфетаминот е моќен стимуланс за централниот нервен систем кој влијае на неврохемиските механизми одговорни за регулирање на срцето, температурата на телото, крвниот притисок, апетитот, вниманието, расположението и емоционалните реакции поврзани со будноста или алармантните услови. Акутните физички ефекти од лекот многу наликуваат на физиолошките и психолошките ефекти предизвикани од епинефрин, наречени “борба-или-лет одговор”, вклучувајќи зголемување на отчукувањата на срцето и на крвниот притисок, вазоконстрикција (стегање на артериските ѕидови), бронходилатација, и хипергликемија (зголемен крвен шеќер). Корисниците доживуваат зголемена концентрација, зголемена ментална будност, елиминирање на заморот, како и намалување на апетитот. Познато е дека произведува централни ефекти слични на другите стимуланси, но во помали дози, со помалку периферни ефекти. Својството за разградување на масти на метамфетаминот му овозможува да навлезе во мозокот побрзо отколку другите стимуланси, каде што е постабилен против деградација од моноаминооксидаза (МАО).

 
Модел на молекула на метамфетамин

Метил групата е одговорна за потенцирање на ефектите во споредба со соодветните соединенија на амфетамин, правејќи ја супстанцијата поспособна да раствора масти, го подобрува транспорт низ крвно-мозочната бариера, и ја прави постабилна против ензимска деградација од моноаминооксидаза (МАО). Метамфетаминот предизвикува транспортерите на норадреналинот, допаминот и серотонинот (5HT) да ја променат својата насока на проток. Оваа инверзија доведува до ослободување на овие предаватели од везикулите во цитоплазмата и од цитоплазмата во синапсите (ослободувајќи моноамини кај стаорци со стапка од околу NE: DA = 01:02, NE: 5HT = 1:60), предизвикувајќи зголемена стимулација на пост-синаптичките рецептори. Метамфетаминот исто така индиректно ја спречува реапсорпцијата на овие невротрансмитери, предизвикувајќи да останат во синаптичката пукнатина подолг временски период (спречувајќи го враќањето на моноамините кај стаорци со стапка од околу: NE: DA = 1:2.35, NE: 5HT = 1:44.5). Метамфетаминот исто така е во интеракција со ТААР1 и предизвикува фосфорилација на ПКА и ПКЦ, за конечно да резултира со интернализација на носителите на допамин. Пресинаптичката ќелија е помалку способна ефикасно да го отстрани допаминот од синапсите. Врзувањето на метамфетаминот со ТААР1 ја активира аденилил циклазата, која што придонесува за зголемување на внатреклеточниот цАМП. Земено во целина, врзувањето на метамфетаминот со ТААР1 резултира во масовно истекување на неврогени моноамини со постојано синаптичко присуство.

Метамфетаминот е моќен невротоксин, за кој е покажано дека предизвикува допаминска дегенерација. Високи дози на метамфетамин предизвикуваат загуби на неврони на допамин и серотонин во неколку делови на мозокот. Концентрацијата на допамин и серотонин, навлегувањето на допамин и 5HT, и активностите на тирозин и триптофан хидроксилазата се намалуваат по внесувањето на метамфетамин. Се сугерира дека допаминот игра улога во невротоксичноста предизвикана од метамфетамин, бидејќи експериментите кои го намалуваат производството на допамин или го блокираат ослободувањето на допамин ги намалуваат токсичните ефекти од внесувањето на метамфетамин. Кога се распаѓа допаминот, произведува реактивни видови на кислород, како водород пероксид. Многу е веројатно дека приближното дванаесеткратно зголемување на нивото на допамин и последователниот оксидативен стрес што се случува по земањето на метамфетамин ја предизвикува неговата невротоксичност. Во лабораторија на Дејвид Сулзер и неговите колеги од Универзитетот Колумбија е развиена техника позната како "внатреклеточна електрохемија на точка" за мерење на концентрациите на допамин во цитозолот, за кои е утврдено дека масовно се зголемуваат по употребата на метамфетамин, што доведува до "митохондриската допамин хипотеза" за невротоксичност, во која оксидацијата на допамин, особено во близина на синаптичките везикули, произведува оксидативен стрес кој пак води кон влошување на автофагијата што може да ги уништи аксоните и дендритите.

Неодамнешни истражувања објавени во весникот за фармакологија и експериментална терапија (2007) укажуваат на тоа дека метамфетаминот активира и дека се врзува со G белковински спарени рецептори наречени ТААР1. ТААР се ново откриено семејство на рецептори чии членови се активираат со голем број на молекули слични на амфетамин наречени трага амини, тиронамини, и со одредени испарливи одоранти.

Покажано е дека високата собна температура ги зголемува невротоксичните ефекти на метамфетаминот.

Појава во природата

уреди

Метамфетаминот природно се појавува во багремот berlandieri, а можеби и во багремот rigidula, дрва кои растат во западен Тексас. Долго се мислело дека метамфетаминот и амфетаминот се строго човечки синтетизирани, но багремите ги содржат овие, како и бројни други психоактивни соединенија (на пример, мескалин, никотин, диметилтриптамин), познато е дека и сродното соединене β-фенетиламин се јавува во бројни видови на багрем. Како и да е, пронаоѓањата никогаш не биле потврдени или повторени, што навело некои научници да веруваат дека резултатите се резултат на вкрстена контаминација.

Начини на внесување

уреди
 
Стаклена цевка која се користи за пушење метамфетамин

Истражувањата покажуваат дека субјективното задоволство од употреба на дрога (зајакнувањето на компонента на зависност) е пропорционално на брзината со која нивото на дрога во крвта се зголемува. Овие наоди укажуваат на тоа дека применетиот начинот на внесување влијае на потенцијалниот ризик за психолошка зависност независно од другите фактори на ризик, како што се дозата и честота на употреба. Интравенската инјекција е најбрз пат на внесување на дрогата, предизвикувајќи концентрациите во крвта многу брзо да се зголемат, потоа следуваат пушењето, супозиторното внесување (анално или вагинално вметнување), инсуфлација (шмркање), и голтање. Голтањето не произведува брза, акутна трансцендентна состојба на еуфорија кај почетниците и кај високо искусните корисници на метамфетамин, таа е најизразена со интравенски пат на внесување. Додека постигнување на саканото дејство со помош на инјекција може да се случи за неколку секунди, оралниот пат на внесување бара околу половина час пред да се почувствува саканото дејство.

Инјекција

уреди

Инјекцијата носи релативно поголем ризик од другите методи на внесување. Хидрохлорид солта на метамфетаминот е растворлива во вода. Интравенските корисници може да ја користат било која доза, помала од 100 милиграми до повеќе од еден грам, со користење на поткожен игла, иако треба да се напомене дека обично уличниот метамфетамин се "сече" со материјал за сечење растворлив во вода, што претставува значителен дел од уличната доза на метамфетамин. Интравенските корисници ризикуваат развивање на белодробна емболија, блокада на главната артерија на белите дробови или една од нејзините гранки, и најчесто им се развива осип на кожата (познат како "брзи испакнатини") или инфекција на местото на инјектирање. Како и при инјектирање на било која дрога, ако една група на корисници дели заедничка игла без соодветни процедури на стерилизација, може да се пренесат крвно преносливи болести, како ХИВ или хепатит.

Пушење

уреди

Пушењето амфетамин се однесува на негово испарување и вдишување на добиените гасови, а не негово горење за да се вдиши добиениот чад. Тој најчесто се пуши во стаклени цевки направени од Пурекс цевки и светилки. Исто така може да се пуши и со алуминиумска фолија, која се загрева со пламен од долната страна. Овој метод е познат како "Бркање на белиот змеј" (додека пушењето хероин е познато како "Бркање на змејот"). Постојат малку докази дека инхалацијата на метамфетамин резултира со поголема токсичност од било кој друг начин на внесување. Пријавено е оштетување на белите дробови при долгорочна употреба, но се манифестира во форми независно од начинот на внесување (пулмонална хипертензија (ПХ)), или ограничено на корисниците со инјектирање (белодробна емболија (БЕ)).

Инсуфлација

уреди

Друг популарен начин за внесување на доза метамфетамин е инсуфлација (шмркање). Овој метод овозможува метамфетаминот да се апсорбира преку мекото ткиво на слузокожата во синусната празнина, а потоа и директно во крвотокот, заобиколувајќи го значителното намалување пред да стигне до крвотокот.

Супозиторно

уреди

Супозиторното внесување (анално или вагинално вметнување) е помалку популарен метод на внесување кој се користи во заедницата со релативно малку истражувања за неговите ефекти. Информациите за употребата на овој метод во голема мера се анегдотски, со извештаи за зголемено сексуално задоволство и подолготрајни ефекти на дрогата, иако метамфетаминот е централно активен во мозокот, овие ефекти најверојатно се искусени заради високото присуство на дрогата во крвотокот (второ по инјектирањето) и побрзиот почеток на дејство (од инсуфлација). Прекари за овој метод на внесување во некои заедници во кои се користи метамфетамин вклучуваат "butt rocket", "booty bump", "potato thumping", "turkey basting", "plugging", "boofing", "suitcasing", "hooping", "keistering", "shafting", "bumming" и "shelving" (вагинално).

Историја

уреди
 
Кристалниот метамфетамин за првпат бил синтетизиран во 1919 година од страна на Акира Огата

Откривање

уреди

Набргу по првата синтеза на амфетамин во 1887 година, метамфетаминот бил синтетизиран од ефедрин во 1893 година од страна на јапонскиот хемичар Нагаи Нагајоши. Терминот "метамфетамин" е изведен од елементите на хемиската структура на ова ново соединение: метил алфа-метил фенил етил амин. Во 1919 година, кристализиран метамфетамин бил синтетизиран од страна на фармакологот Акира Огата преку намалување на ефедринот со користење на црвен фосфор и јод.

Воена употреба

уреди

Една од најраните употреби на метамфетамин била за време на Втората светска војна, кога бил користен од страна на Оската и Сојузничките сили. Компанијата Темлер произведувала метамфетамин под регистрираното заштитено име Первитин, а истото го правеле и германската и финската војска. Исто така, бил наречен "Чоколадо за пилоти" или "Сол за пилоти". Бил широко дистрибуиран низ одредите и дивизиите, од елитните сили до тенковските екипи и авионскиот персонал, со милиони таблети кои се дистрибуирале во текот на војната. Неговата употреба од страна на германските Панзер екипи, исто така, довело до тоа да биде познат како "Panzerschokolade" ("Панзер чоколада" или "тенковско чоколадо"). Повеќе од 35 милиони три милиграмски дози на Первитин и сличен на него Изофан биле произведени за германската армија и воздухопловните сили во периодот помеѓу април и јули во 1940 година. Од 1942 година, па сè до неговата смрт во 1945 година, на Адолф Хитлер можеби му биле давани интравенски инјекции на метамфетамин од неговиот личен лекар, Теодор Морел. Можно е дека го употребувале за лекување на шпекулираната Хитлерова Паркинсонова болест, или дека неговите Паркинсонови симптоми кои се развиле од 1940 година па наваму резултирале од користење метамфетамин. Во Јапонија, метамфетаминот се продавал под регистрираното заштитено име Филопон (ヒロポン хиропон) од фармацевтската компанија Даинипон (денешна Даинипон Сумитомо Фарма) за цивилна и воена употреба. Како и со остатокот од светот во тоа време, несаканите ефекти од метамфетамин не биле добро проучени и регулативата не била изведена како што е потребно. Во 1940-тите и 1950-тите години дрогата широко се давала на јапонските индустриски работници за да се зголеми нивната продуктивност. Метамфетамин и амфетамин се давал на сојузничките пилоти - бомбардери во втората светска војна за да ги одржи во борба против заморот и да им ја подобри концентрацијата за време на долгите летови. Експериментот не успеал бидејќи војниците станувале вознемирени, не можеле да ја пренасочат нивната агресија и покажале оштетено расудување. Наместо тоа, Декстроамфетаминот (Декседрин) станал изборен лек за американските пилоти - бомбардери, кој се користел на доброволна основа од приближно половина од пилотите на американските воздухопловни сили за време на војната во Персискиот Залив, практика која станала актуелна во некои медиуми во 2003 година, по извршување на погрешен напад врз канадски војници.

Медицинска и легална продажба

уреди

По употребата на амфетамин (на пример како Бензедрин, воведен во 1932 година) во 1930-тите година за лекување на астма, нарколепсија и симптоми на настинка, во 1943 година, компанијата Абот Лаборатории побарала дозвола од администрацијата за храна и лекови за користење на метамфетаминот за лекување на нарколепсија, блага депресија, постенцефалитичен паркинсонизам, хроничен алкохолизам, церебрална артериосклероза, и поленска треска, која и била доделена во декември 1944 година. Продажбата на масовните повоени залихи на метамфетамин во Европа, Северна Америка и Јапонија ги стимулирала цивилните потреби. По втората светска војна, големи јапонски воени залихи на метамфетамин, познати под својот заштитен знак Филопон, го преплавиле пазарот. Пост - воена Јапонија ја искусила првата епидемија од метамфетамин, која подоцна се проширила во Гуам, Маршалските Острови во САД, и на Западниот брег од САД. Во 1948 година, заштитеното име Филопон дошло до добро публицирана правна тужба од страна на Филипс корпорацијата. Од Филипс, преку нивниот оддел во јапонија, поднеле тужба против Данипон фармакологијата, за да престане со користење на името Филопон како комерцијално име за метамфетамин. Од Филипс тврделе дека го имаат ексклузивното право за користење на трговската марка добиена со сврзување на Филипс и Нипон, јапонското име на земјата. Адвокатите на Данипон го предизвикале претставништвото на Филипс да тужи како странска (холандска) корпорација. Предметот на крај бил решен на суд во 1952 година, со согласност од Данипон Фармакологијата да плаќа 5% провизија на Филипс за светската продажба на метамфетамин продаден од нивна страна под името Филопон. Јапонското министерството за здравство го забранило производството на Филопон помалку од една година подоцна. Во 1950-тите години имало пораст во легалното препишување на метамфетамин на американската јавност. Во изданието од 1954 година за фармакологија и терапија, индикациите за метамфетамин вклучувале "нарколепсија, постенцефалитичен паркинсонизам, алкохолизам, некои депресивни состојби, и третман за дебелина." Метамфетаминот содржи половина од амфетамин-солите од оригиналната формула на диеталниот лек Обетрол, кој подоцна се преименувал во Адерал. Метамфетаминот исто така се продавал за воспаление на синусите како и за не медицински цели, како "апчиња за живост" или "бензедрин".

Рекреативна употреба и регулативи за забрана

уреди

Во 1950-тите години јапонското министерството за здравство го забранило производството на стимуланси, но фармацевтските компании и понатаму продолжиле со производство на стимуланси кои ги пласирале на црниот пазар. Од 1951 до 1954 биле донесени серија акти од страна на јапонската влада во обид да се спречи производството и продажбата на стимуланси, меѓутоа, производството и продажбата на стимулативни дроги и понатаму продолжило преку криминалните синдикати и криминалните организации како Јакуза. Покрај по неговото заштитно име, на улиците уште е познат и како S, Shabu, и Speed. Во 1960-тите започнала значителна употреба на тајно произведен метамфетамин, кој главно се произведувал од моторџиски банди. Исто така, се препишувал од страна на клиниките во Сан Франциско за лекување на зависност од хероин. Во почетокот на 1990-тите, производството на метамфетамин во сопствените домови за лична и рекреативна употреба станало популарно. Во 1970 година во САД, метамфетаминот бил регулиран со закон за контролирани супстанции, и била спроведена јавноoобразована кампања против него. До 2000-тите, единствените две одобрени законски примени на метамфетамин биле за лекување на дефицит на внимание и хиперактивно пореметување (ADHD) и за краткорочно лекување на прекумерна дебелина, иако клинички е утврдено дека дрогата е ефикасна и за лекување на нарколепсија.

Моментална состојба

уреди

Производството, дистрибуцијата, продажбата и поседувањето на метамфетамин е забрането или нелегално во многу држави. Метамфетаминот е ставен во Распоред II во Конвенцијата на Обединетите нации за психотропни супстанции.

Северна Кореја

уреди

Северна Кореја можеби се соочува со една од најлошите мет епидемии во светот. Иако тајноста на владата на Северна Кореја значи дека секој извештај може да биде само приближен, постојат повеќе знаци кои укажуваат дека метамфетаминот е широко распространета низ целата земја, и дека се користи рекреативно и како лек. Метамфетаминот е наречен бингду (빙두) во корејскиот јазик.

 
Anti-meth sign on tank of anhydrous ammonia (Otley, Iowa). На сликата се прикажани резервоари со безводен амонијак (Отли, Ајова). Безводниот амонијак се користи во производството на земјоделски ѓубрива и е главен елемент за изработка на метамфетамин. Во 2005 година, државата Ајова се откажала од огромни количини на безводен амонијак со цел да го спречи пристапот на криминалците до резервоарите. Во 1983 година во САД биле донесени закони за забрана на поседување на наркотици и опрема за производство на метамфетамин. Еден месец подоцна и во Канада биле донесени слични закони. Во 1986 година, владата на САД донела закон за извршување на засилена контрола над супстанциите, во обид да се запре сè поголемата употреба на синтетизирани дроги. И покрај ова, употребата на метамфетамин се ширела од својата почетна база во Калифорнија, кон руралните подрачја на САД, особено кон средниот запад и кон југ. Владини претставници во многу од државите во САД го пријавуваат метамфетаминот како најсериозен проблем од проблемите со дрога. Се вели дека употребата на метамфетамин е особено честа појава во американските западни држави, каде супстанцијата е со голема побарувачка. Држави како Монтана, Јужна Дакота, Ајдахо, Колорадо и Аризона прават зголемени напори - приватни и јавни - за да ја запрат употребата на метамфетамин.

Нелегално производство

уреди

Синтеза

уреди
 
Незаконски синтетизиран кристален метамфетамин
По својата структура, метамфетаминот е многу сличен на меткатинон и амфетамин. Синтезата е релативно едноставна, но вклучува ризик заради користењето на запаливи и корозивни хемикалии, особено растворувачите, кои се користат за извлекување и прочистување. Затоа, нелегалното производство често се открива преку пожари и експлозии предизвикани од неправилното ракување со испарливите и запаливи растворувачи. Шесте главни начини на производство започнуваат или со фенил-2-пропанон (П2П) или со едно од двете изомерни соединенија псевдоефедрин или ефедрин.
 
Синтеза од фенил-2-пропанон и метиламин во присуство на алуминиум амалгам
[13]

Во една постапка се користи редуктивнa аминација на фенил-2-пропанон (фенилацетон) со метиламин. Иако постојат многу други методи, П2П вообичаено се добива од фенилацетична киселина и ацетичен анхидрид, додека фенилацетичната киселина се добива од бензалдексид, бензил, или бензил хлорид. Метамфетаминот е клучен во сите тие методи, и се произведува од авионското гориво нитрометан, или од формалдексид и амониум хлорид, или од метил јодид со хексамин. Ова некогаш бил омилениот начин на производство на моторџиските банди од Калифорнија, сè додека ограничувањата на хемикалиите од страна на ДЕА не го отежнале процесот. Псевдоефедрин, ефедрин, фенилацетон и фенилацетична киселина во моментов се наоѓаат на списокот I, а ацетичниот анхидрид на списокот II во списокот на ДЕА за хемикалии кои подлежат на регулација и контролни мерки. Овој метод може да вклучи примена на живин хлорид и остава зад себе жива и олово како отпад во средината. Метамфетаминот произведен на овој начин е рацемичен, кој делумно се состои од непосакуваниот изомер на левометамфетамин.

Алтернативниот начин познат како “Леукарт” исто така се потпира на употребата на П2П за да се произведе рацемичен производ, но се врши со преработка на метилформамидот од мравјата киселина во среден Н-формил-метамфетамин, кој потоа се прочистува со хлороводородна киселина.

Пријавени се и два ретко користени начини на редуктивна аминација. Првиот е "нитропропан начин", во кој бензалдексидот се кондензира со нитроетан за производство на 1-фенил-2-нитропропен, кој потоа дополнително се разредува со хидрогенизација на двојната врска и намалување на нитро групата со користење на водород во паладиумов катализатор или литиум алуминиум хидрид. На "оксим начинот" се користи реакцијата на фенил-2-пропанол со хидроксиламин за да се произведе еден преоден оксим, кој исто така се хидрогенизира со користење на водород во паладиумов катализатор или литиум алуминиум хидрид. Недозволениот метамфетамин најчесто се прави со редукција на ефедрин или псевдоефедрин, при што се добива повеќе активниот изомер д-метамфетамин. Максималната стапка на претворање на ефедрин и псевдоефедрин е 92%, иако вообичаено нелегалните лаборатории го претвораат до стапка од 50% до 75%. Повеќето методи за нелегално производство вклучуваат протонација на хидроксилната група на ефедрин или псевдоефедрин молекула.

 
Редукција на ефедрин со користење на јодоводород со присуство на црвен фосфор

]

Од откривањето на дрога па наваму, начинот на Нагаи не станал популарен помеѓу нелегалните производители сè до околу 1982 година, а се користел во 20% од производството во Мичиген во 2002 година. Тој начин вклучува црвен фосфор и јодоводород (исто така познат како јодоводородна киселина). (Јодоводородот се заменува со јод и вода во "Московскиот начин") Јодоводородот се користи за да се разреди ефедринот или псевдоефедринот во метамфетамин. При нивно греење брзо се јодизираат со јодоводород за да се добие јодоефедрин. Фосфорот помага во вториот чекор, со конзумирање на јод за да формира фосфор тријодид (кој во вода се разградува на фосфорна киселина, регенерирајќи јодоводород). Бидејќи јодоводородот постои во хемиска рамнотежа со јод и водород, реакцијата на фосфорот ја менува рамнотежата кон произведување на водород кога јодот се конзумира. Во Австралија, познато е дека криминалните групи го заменуваат "црвениот" фосфор со хипофосфорна киселина или фосфорна киселина ("Хипо-начин"). Ова е опасен процес за аматерски хемичари, бидејќи како резултат од ин ситу производството на јодоводород се добива фосфин гас, кој е исклучително токсичен за дишење. Реакцијата исто така може да создаде отровен, запалив отпад од бел фосфор. Метамфетаминот произведен на овој начин вообичаено е повеќе од 95% чист.

[[File:Methamphetamine from ephedrine via chloroephedrine en.png|thumb|250px|Синтеза на тионил хлорид

Концептуално сличниот “Емде” начин вклучува разредување на ефедринот во хлороефедрин со користење на тионил хлорид (SOCl 2), проследено со каталитичка хидрогенизација. Катализатори за оваа реакција се паладиум или платина. Во начинот на Росенмунд исто така се користи водород и паладиум катализатор затруен со бариум сулфат (Росенмундово растворање), но се користи перхлорна киселина наместо тионил хлорид.

“Бреза” начинот, исто така наречен "нацистички метод", станал популарен некаде од средината кон крајот на 1990-тите години, и најголемиот дел од производството на метамфетамин во Мичиген во 2002 година било изведено на овој начин. Во него, псевдоефедринот реагира со течен безводен амонијак и со алкални метали, како што се натриум или литиум. Реакцијата е дозволена сè додека не испари амонијакот. Меѓутоа, овој начин е опасен бидејќи алкалните метали и амонијакот се исклучително реактивни, и температурата на вриење на течниот амонијак ги прави реактантите подложни на експлозија кога ќе се додадат. Ова е нај популарен метод во земјите од среднозападен САД, поради достапноста на ѓубривата со течен амонијак во земјоделските региони.

Во последниве неколку години, популарна станала поедноставената "Тресете и Печете" синтеза во еден сад. Овој метод е погоден за мали области во кои ограничувањата за псевдоефедрин се помалку ефикасни. Се користат хемикалии кои полесно се добиваат (иако не е помалку опасен од традиционалните методи), и методот толку лесно се спроведува, што некои зависници ја направиле дрогата додека возеле. Вклучува поставување на издробени таблети од псевдоефедрин во некомпримиран сад кој содржи амониум нитрат, вода, и хидрофобен растворувач како Колман гориво, или течност од акумулатори, на кој се додава луга и литиум (од литиумските батерии). Хлороводородниот гас што се произведува од реакцијата на солта со сулфурна киселина потоа се користи за да се обноват кристалите за прочистување. Садот треба повремено да се отвора за да се ослободи акумулираниот притисок, бидејќи изложеноста на литиумот на воздух може да предизвика искра за пожар, па една ваква напуштена реакција станува сериозна опасност за пожарникарите. Реакцијата на литиумската батерија со вода може да го разбие садот и потенцијално да предизвика пожар или експлозија.

Производство на метамфетамин на овој начин може да биде исклучително опасно и е поврзано со неколку фатални настани. Бидејќи корисниците често ја носат реакција во дво-литарско шише кое го држат во близина на телото, кое може да експлодира ако капакот прерано се отстрани или ако случајно се дупне, постапката има доведено до голем број на сериозни изгореници - на пример, околу 70 во Индијана за време на 2010 и 2011 година. Бидејќи 90% од ваквите случаи во САД немаат здравствено осигурување, а просечната цена за нивниот третман е $ 130.000 (60% повеќе од просечно), која е само делумно надоместено од фондот за здравство, овој метод на синтеза е обвинет за затворање на одделите за изгореници во болниците и за зголемување на даноците за десетици или стотици милиони долари.

Производство и дистрибуција

уреди

До раните 1990-ти години, метамфетаминот наменет за пазарот на САД претежно се произведувал во лаборатории водени од трговци со дрога во Мексико и Калифорнија. Државната полиција на индијана има најдено 1.260 лаборатории во 2003 година, во споредба со само 6-те во 1995 година, иако ова делумно може да биде резултат и на зголемената полициска активност. Почнувајќи од 2007 година, податоците од запленувањето на дрогата и откривањата на лабораториите укажуваат дека околу 80 проценти од метамфетаминот кој се користи во САД, потекнува од поголеми лаборатории управувани од страна на мексикански засновани синдикати од двете страни на границата, и дека околу 20 проценти потекнува од мали токсични лаборатории во САД. Мобилни и мотел-засновани лаборатории за метамфетамин го привлекуваат вниманието на медиумите и полицијата во САД. Таквите лаборатории може да предизвикаат експлозии и пожари, и ја изложуваат јавноста на опасни хемикалии. Оние кои произведуваат метамфетамин често се оштетени од токсичните гасови. Многу полициски оддели имаат специјализирани работни групи обучени да одговорат на случаите за производство на метамфетамин. Во националната проценка за закана од дрогата во 2006 година, направена од страна на Министерството за правда, се вели дека е намалено домашното производство на метамфетамин во малите и големите лаборатории, но и дека намалувањето на домашното производство на метанфетамин се надоместува со зголемување на производството во Мексико. Во извештајот се заклучува дека не е веројатно достапноста на метамфетамин да се намали во блиска иднина. Лабораториите за метамфетамин испуштаат исклучиво штетни гасови, како фосфин, метиламин, пареа од растворувачите, ацетон или хлороформ, пареа од јод, бел фосфор, безводен амонијак, хлороводород / солна киселина, јодоводород, литиум и натриумови гасови, етер, или пареа од метамфетамин. Ако се изведува од аматери, производството на метамфетамин може да биде исклучително опасно. Ако црвениот фосфор се прегрее, поради недостаток на вентилација, може да се произведе фосфин гас. Овој гас е многу токсичен и доколку е присутен во големи количини, многу веројатно е да експлодира по самозапалување на диофосфинот, кој се формира од прегревање фосфорот. Во јули 2007 година мексиканските служби во пристаништето Лазаро Карденас заплениле брод што пренесувал 19 тони псевдоефедрин, суровина потребна за производство на метамфетамин. Пратката потекнувала од Хонгконг и поминала низ пристаништето Лонг Бич во САД пред да пристигне во Мексико.

Нечистотии и примеси

уреди

Во Јапонија, метамфетаминот обично се добива од бели кристали со висока чистота, но содржи нечистотии кои варираат во зависност од начинот на производство, а понекогаш се додаваат и примеси. Дијагностички нечистотии се нафталините 1-бензил-метилнафталин и 1,3-диметил-2-фенилнафталин, кои се добиваат со “Нагаи” и “Леукарт” производството, и цис- или транс- 1,2-диметил-3-фенилазиридин, ефедрин, или еритро-3,4-диметил-5-фенилоксазолидин, кои се добиваат со “Нагаи” и “Емде” производството; овие се отсутни во редуктивниот аминативен начин. Карактеристичните нечистотии за “Бреза” производството вклучуваат Н-метил-1-(1-(1,4-циклохексаденил))-2-пропанамин. Метамфетаминот произведени на “Бреза” начин содржи фенил-2-пропанон, претходник за редуктивниот аминативен начин, како деградивен производ. Меѓутоа, одредена дијагноза на нечистотии не е многу веродостојна во пракса, па работа на форензичарските техничари е да го проценат поголемото присуство на други соединенија.

Вообичаена примеса е диметил сулфон, растворувач и козметичка база без познати ефект врз нервниот систем, други примеси вклучуваат диметиламфетамин HCl, ефедрин HCl, натриум трисулфат, натриум хлорид, натриум глутамат, и мешавина од кофеин со натриум бензонат. Во САД, недозволениот метамфетамин доаѓа во различни форми, со цени кои многу варираат со текот на времето. Најчесто, се наоѓа како безбоен цврст кристал. Нечистотиите може да резултираат со кафеава или тен боја. Шарени ароматизирани апчиња кои содржат метамфетамин и кофеин се познати под името Ја Ба ("луда медицина" на тајландски).

Нечиста форма на метамфетамин се продава како кафеав прашок или нечисто бели камења, и често се нарекува "чудо од путер од кикирики". Таа може да се разреди или намали со не психоактивни супстанции како инозитол, изопрофилбензиламин или диметилсулфон. Друг популарен метод е да се комбинира метамфетаминот со други стимулативни супстанции, како кофеин или катин, во пилула позната како "камиказа", која што може да биде делумно опасна поради синергетските ефекти на повеќето стимуланси. Во 2007 година, во медиумите, како и помеѓу локалните извршители на законот, кружеле извештаи за појава на ароматизиран "брз мет со вкус на јагода", но бил разоткриен во 2010 година од страна на ДЕА, а покрај него, бил запленет и метамфетамин во различни бои.

Ретко, нечиста реактивна мешавина од јодоводород произведена со црвен фосфор била користена без понатамошна модификација, вообичаено со инјекција, и била наречена "крв од вол". "Мет нафта" се однесува на суровата база на метамфетамин произведена со процедури на синтеза. Вообичаено таа е прочистена од изложеноста на хлороводород, како решение или како меурест гас, и извлекувањето на резултантната сол настанува со таложење и/или рекристализација со етер/ацетон.

Сленг термини

уреди

Сленг термините за метамфетамин, особено чести кај незаконските корисници, се бројни и се разликуваат од регион до регион. Некои од имињата се "кристален мет", "мет", "спид", "кристал", "мраз", "срча", "п", "шабу", "стакло", "чудак", "бату/батунас","скант","риз","рок","тина" и "колд". Некои термини се разликуваат според регионот или субкултурата. Некои регионални термини се основани на оригиналните трговски марки; како "필로폰" ("Пилопон") во Јужна Кореја, "Пико" за чист метамфетамин во Бугарија или "Пико" во Чешка, Словачка и Полска според трговското име "Первитин”. Исто така, "Пери" ("пердуви", фонетички слично на "Первитин") и "Перник" ("медењак", фонетички слично на "Первитин") во Чешка. Во Нов Зеланд се нарекува "P" (според буквата “p” во “pure", Нов Зеланд).

Други локални имиња се "冰毒" (Бинг Ду, кинески за "ледена дрога") во Кина, "ya ba" (тајландски за "лудa медицина", Тајланд), "ya ice" (тајландски за "ледена дрога", Тајланд) "DJA" (виетнамски за "мраз", Виетнам), "batu kilat" (Малезиски за "свети камења", Малезија), "bato" (филипински за "карпа" или "камен", Филипини) "شیشه" (во превод "стакло", трансфирмирано во "Shishe", Иран) "tik" (Јужна Африка), "dimineata speciala aurie" ("Специјалнo златнo утро", Романија), "bala" во португалija, и "ספיד" во Израел.

"Винт", Руски за "штраф", посебно се однесува на многу нечистата домашна форма на метамфетамин во Русија.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Rau T, Ziemniak J, Poulsen D (2015). „The neuroprotective potential of low-dose methamphetamine in preclinical models of stroke and traumatic brain injury“. Prog. Neuropsychopharmacol. Biol. Psychiatry. 64: 231–6. doi:10.1016/j.pnpbp.2015.02.013. PMID 25724762. In humans, the oral bioavailability of methamphetamine is approximately 70% but increases to 100% following intravenous (IV) delivery (Ares-Santos et al., 2013).
  2. 2,0 2,1 Riviello, Ralph J. (2010). Manual of forensic emergency medicine : a guide for clinicians. Sudbury, Mass.: Jones and Bartlett Publishers. стр. 41. ISBN 978-0-7637-4462-5. Архивирано од изворникот 18 март 2017. Посетено на 4 септември 2017.
  3. Schep LJ, Slaughter RJ, Beasley DM (Август 2010). „The clinical toxicology of metamfetamine“. Clinical Toxicology. 48 (7): 675–694. doi:10.3109/15563650.2010.516752. ISSN 1556-3650. PMID 20849327. S2CID 42588722. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Desoxyn Prescribing Information“ (PDF). United States Food and Drug Administration. December 2013. Архивирано (PDF) од изворникот 2 January 2014. Посетено на 6 January 2014.
  5. Hart CL, Marvin CB, Silver R, Smith EE (February 2012). „Is cognitive functioning impaired in methamphetamine users? A critical review“. Neuropsychopharmacology. 37 (3): 586–608. doi:10.1038/npp.2011.276. PMC 3260986. PMID 22089317.
  6. San Francisco Meth Zombies. [TV documentary]. National Geographic Channel. August 2013. http://channel.nationalgeographic.com/drugs-inc/episodes/san-francisco-meth-zombies/. 
  7. 7,0 7,1 Westfall DP, Westfall TC (2010). „Miscellaneous Sympathomimetic Agonists“. Во Brunton LL, Chabner BA, Knollmann BC (уред.). Goodman & Gilman's Pharmacological Basis of Therapeutics (12. изд.). New York: McGraw-Hill. ISBN 978-0-07-162442-8. Архивирано од изворникот на 2013-11-10. Посетено на 2021-01-28.
  8. O'Connor PG (February 2012). „Amphetamines“. Merck Manual for Health Care Professionals. Merck. Архивирано од изворникот 6 May 2012. Посетено на 8 May 2012.
  9. Darke S, Kaye S, McKetin R, Duflou J (May 2008). „Major physical and psychological harms of methamphetamine use“. Drug Alcohol Rev. 27 (3): 253–262. doi:10.1080/09595230801923702. PMID 18368606.
  10. 10,0 10,1 Hussain F, Frare RW, Py Berrios KL (2012). „Drug abuse identification and pain management in dental patients: a case study and literature review“. Gen. Dent. 60 (4): 334–345. PMID 22782046.
  11. „Methamphetamine Use (Meth Mouth)“. American Dental Association. Архивирано од изворникот на June 2008. Посетено на 15 December 2006.
  12. „Methamphetamine Use and Health | UNSW: The University of New South Wales – Faculty of Medicine“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 16 August 2008. Посетено на 15 January 2011.
  13. Otto Snow (2002). Amphetamine syntheses. Thoth Press. ISBN 0-9663128-3-X. p. 90.

Надворешни врски

уреди
документарци
Академски извори