Книжевен музеј на модерната
Книжевен музеј на модерната (герм. Literaturmuseum der Moderne, LiMo) — музеј посветен на книжевноста на модернизмот (модерната) во состав на Германскиот книжевен архив (Deutsches Literaturarchiv) во градот Марбах на Некар, Германија
Книжевен музеј на модерната | |
---|---|
'Literaturmuseum der Moderne' | |
Книжевниот музеј на модерната | |
Општи податоци | |
Град | Марбах на Некар |
Земја | Германија |
Завршена | 6 јуни 2006 |
Трошок за изградба | 17 млн. евра |
Нарачател | Германски книжевен архив, Управа на Шилеровиот национален музеј |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Дејвид Чиперфилд |
Музејот е отворен во септември 2006 г. и е дело на архитектот Дејвид Чиперфилд, поради кое во 2007 ја освоил престижната Стерлингова награда.. Изградбата чинела 10 милиони евра. Изведувач е Leonard Weiss GmbH, а инженерското решение е на Ingenieurgruppe Bauen.
Сместен е на карпеста висорамнина во пејзажниот парк во Марбах и гледа на долината на реката Некар. Во музејот се изложени и со архивирани ракописи и материјали поврзани знаменити книжевни дела од XX век. Меѓу позначајните ракописи се вбројуваат „Процес“ од Франц Кафка и „Берлин Александерплац“ од Алфред Деблин.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Дејвид Чиперфилд изгради музеј во Германија (англиски)
- Германски книжевен архив - Марбах Архивирано на 26 јули 2010 г. (германски)
- Книжевен музеј на модерната - World Architecture News (англиски)