SmartM&M
|
Солидарност кон Википедија на руски јазик
уредиЗдраво. Википедија на руски јазик денес не е достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:25, 10 јули 2012 (CEST)
Враќање
уредиЗдраво Макс. Ти благодарам што си ми пишал. Како што знаеш имаме многу проекти и многу статии кои треба да се руедуваат. Ако ти е желба да уредуваш за книжевни дела, можеш уште веднаш да започнеш.:) Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:32, 7 август 2012 (CEST)
- Како што знам, постои ВикиПроект Книжевност и доколку го оживееме би можеле да направиме список со статии кои би требало да бидат уредени. Се сеќавам на статијата „Шагринска кожа“, којашто ја имаше напишано, и морам да признаам дека е една од најдобрите статии некогаш уредени. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:41, 7 август 2012 (CEST)
Готово
уредиВП:ФИЛМО --Brainmachine (разговор) 20:34, 10 август 2012 (CEST)
Re:Мала помош
уредиЗдраво SmartM&M. Значи ова едно време ми го имаше многу убаво објаснето ценетиот Корисник:Bjankuloski06. За да не го препишувам, едноставно го пренесувам неговиот одговор околу тоа како правилно треба да се пишуваат кралевите или слично (Види:Именување на кралеви). Мислам дека ова ќе биде од корист, доколку сакаш дополнителна, слободно ме прашај. Поздрав--Тиверополник (разговор) 22:19, 12 август 2012 (CEST)
- Пониските титули треба да си останат како што се. На пример: Томас Болејн и Елизабет Ховард. А во врска со Ана, како што објасни Б. Јанкулоски треба да завршува со -ска. Елизабет од Баварија треба да биде Елизабета Баварска на пример. --Тиверополник (разговор) 22:41, 12 август 2012 (CEST)
Владетели
уредиСе извинувам за задоцнетиот одговор, но никако да најдам доволно сили да напишам. Владетелите се пишуваат со нивното име честопати македонизирано, но не секогаш: начелно, правилото е дали постои македонски еквивалент на името, со исклучок на англиските и британските монарси од прибл. XV век наваму, кога се оставаат. На пр. Јован Безземниот, но Џорџ VI, не Ѓорѓија VI и сл) и редниот римски број. Придавките се само во титули што не се кралски (може да се владетели, но најчесто не) како на пр. „Катерина Арагонска“. Никако не се применува англиската практика од типот „Philip V of Spain“: не е ниту Филип V од/на Шпанија, ниту Филип V Шпански. Едноставно насловот ќе гласи „Филип V (Шпанија)“ кога би имало други владетели со тоа име (во случајов, македонски крал). Кога нема, не се кажува (на пр. „Оскар I“). Кога има почесна титула или славен прекар, тогаш се задржува (на пр. Антигон I Едноокиот, Фридрих Велики и сл.) Кога сме веќе кај македонските кралеви, би сакал да нагласам дека придавните титули „Филип II Македонски“ и сл. се исклучок и во нашиот јазик се однесуваат само на неколку македонски кралеви и за никој друг. Одговор на второто прашање: треба да е „Ана Болејн“. Иако е обично име и презиме, бидејќи се работи за личност тесноповрзана со кралско семејство, тогаш името ѝ се македонизира (кај имињата што имаат наш еквивалент). Таков пример е Катерина, војвотката од Кембриџ, чие немакедонизирано име е Кетрин, но името се македонизира од моментот кога станува член на кралското семејство. Сето ова што го напоменав секако важи за сите земји. Болејн, колку што јас знам е обично презиме, а не титула изведена од име на династија или место (како што се Ото Хапсбуршки, или Вилем Орански), па затоа треба да се транскрибира како што е на англиски.
За крај би сакал да напоменам дека кога станува збор за некралски владетели, тогаш важи истиот принцип: Алберт II (иако неговата владетелска титула е кнез, а не крал, бидејќи Монако е кнежевство - нешто слично на Црна Гора во XIX век и сл.) Секако, англискиот не разликува prince кој е владетел и оној кој не е. Кај нас, и во многу јазици, едниот е принц (на пр. Принцот Чарлс), а другиот е Кнезот на Монако, Кнезот на Лихтенштајн и тн. Кога станува збор за владетел, тогаш придавката се менува: не е „од“, туку „на“ бидејќи тој владее со таа географска целина, а не само дека титулата му води потекло од таму. Можеби има други работи што ги имам испуштено, па затоа слобоно прашувај ме колку што сакаш и ти треба, а јас ветувам дека ќе ти одговарам во многу, многу пократок рок од досегашниот. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:39, 19 август 2012 (CEST)
Јубилејни статии
уредиЗдраво, Макс. Сакам да те известам дека од неодамна го воведовме изборот на јубилејни статии на Википедија на македонски јазик. Всушност, станува збор за избор на статија од оние кои се создадени на денот на надминување на секоја илјадита статија (пр. 60.000, 61.000 итн.). Гласањето е со доделување исклучиво на гласови „За“ и тоа по еден за било колку статии. Моментно е во тек изборот на јубилејна статија по повод надминувањето на бројот од 60.000 статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:55, 20 август 2012 (CEST)
Вики-средба
уредиЗдраво, Макс. Се сеќавам дека едно време беше заинтересиран да присуствуваш на една Вики-средба, но не беше во можност да дојдеш. Следната Вики-средба ќе ја организираме утре во Скопје, во хаклабот КИКА, со почеток во 19:30, па намини доколку си во можност за да се запознаеме (повеќе). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:07, 20 август 2012 (CEST)
Избор на јубилејна статија
уредиЗдраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:02, 29 август 2012 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:00, 18 септември 2012 (CEST)
Уредувачки маратон
уредиЗдраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:47, 30 ноември 2014 (CET)
Национална библиотека на Франција
уредиЗдраво, видов дека си гласал на тема на оваа статија, но мислам дека не си го разбрал делот дека се прави „ревизија“ на самата статија, односно се гласа дали да и се одземе статусот, а не дали да и се додели, зашто статијата, како што спомнува и во воведот и во соопштението била промовирана во „избрана“ без согласност, па затоа е сега ревизијата. Заклучувајќи од твојот коментар јасно е дека гласаш за одземање на статусот, но сепак добро е да го преместиш од „против“ во „за“. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 23:18, 5 јануари 2016 (CET)
- Да, нема проблем ќе го сторам тоа, само каде да ја најдам страната со гласањето? --Макс(разговор) 21:20, 21 март 2017 (CET)
Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“
уредиВо тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91
Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија
уредиЗдраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)
Уредувачки натпревар за вулкани
уредиЗдраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)
1000 статии што секоја Википедија мора да ги има
уредиЗдраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)
Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018
уредиЗдраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)
Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија
уредиЗдраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)
Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019
уредиЗдраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.
Да ги средиме статиите за државите во светот
уредиЗдраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)
Нов уредувачки натпревар
уредиЗдраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)
Ракомет
уредиЗдраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
уредиЗдраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)