Разговор со корисник:Bjankuloski06/Архива 16
Општинска заедница или Амт
уредиЗдраво Бојан. Започнувајќи со обработка на нова покраина во Германија (Бранденбург) ми се појавија некои недоумици во врска со тоа дали да ги именувам заедниците како Амт, како што официјално според германската терминологија гласи, или пак Општинска заедница, решение кое досега го применував и за кое сме разговарале и претходно. Имено, знам дека постои разлика помеѓу нив во Германија, но во суштина се сведува на едно исто, заедница на општини. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 17:58, 7 мај 2013 (CEST)
- Мене најмногу ми беше за категориите, но и јас мислам дека е најдобро сите овие поими да ги ставиме под едно исто име. Во догледно време, кога би имал повеќе време, планирам да ја средам статијата Општинска заедница, во која би ги навел сите термини и објаснување кој во која покраина се користи. --Ehrlich91 (разговор) 20:58, 8 мај 2013 (CEST)
- Сепак ми излезе проблем. Во самата {{Инфокутија Место во Германија}}, веќе биле распределени поимите, па така најверојатно едните составени во поголем број покраини сме го превеле како „општинска заедница“, додека „Амт“ како месна заедница. Во самата статија за Амт може да се прочита дека овој термин се сретнува само во покраините Бранденбург, Мекленбург-Западна Померанија и Шлезвиг-Холштајн. Работата е дали да одиме за сите со општинска заедница или само за овие три со „Амт“ или „месна заедница“. Можеби ти здосадив со темава, но сакам на почеток да ја средиме терминологијава, да немам проблеми понатаму. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:03, 10 мај 2013 (CEST)
- Бидејќи ги имам создадено и двете статии, мислам дека најдобро би било да ги поделиме, за овие три покраини да употребуваме „Амт“ (како што е наведено), а за останатите како што е досега општинска заедница. Само се мислам како би ја именувал категоријата, односно множина од Амт, сепак е странски термин, па не знам како оди таа постапка. --Ehrlich91 (разговор) 00:08, 11 мај 2013 (CEST)
- На крај вака решив, да употребувам „амт“ за тие три покраини, но категоријата да остане на сите иста, односно „Општински заедници во“, како и имињата на шаблоните, додека во самите имиња ќе употребувам „амт“, како Бург (амт), каде стои дека е општинска заедница, но статијата води кон амт. Вака ми делува најправилно, иако и да употребуваме општинска заедница за сите нема да е никаква грешка. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:49, 12 мај 2013 (CEST)
- Бидејќи ги имам создадено и двете статии, мислам дека најдобро би било да ги поделиме, за овие три покраини да употребуваме „Амт“ (како што е наведено), а за останатите како што е досега општинска заедница. Само се мислам како би ја именувал категоријата, односно множина од Амт, сепак е странски термин, па не знам како оди таа постапка. --Ehrlich91 (разговор) 00:08, 11 мај 2013 (CEST)
- Сепак ми излезе проблем. Во самата {{Инфокутија Место во Германија}}, веќе биле распределени поимите, па така најверојатно едните составени во поголем број покраини сме го превеле како „општинска заедница“, додека „Амт“ како месна заедница. Во самата статија за Амт може да се прочита дека овој термин се сретнува само во покраините Бранденбург, Мекленбург-Западна Померанија и Шлезвиг-Холштајн. Работата е дали да одиме за сите со општинска заедница или само за овие три со „Амт“ или „месна заедница“. Можеби ти здосадив со темава, но сакам на почеток да ја средиме терминологијава, да немам проблеми понатаму. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:03, 10 мај 2013 (CEST)
Агенс
уредиПоточно би било причинител (иницијатор) и претрпител (undergoer). Овие се семантички поими и многу често, скоро секогаш се поистоветуваат со синтаксните „вршител“ (подмет, subject) и „трпител“ (предмет, object). Се мислев да ги именувам со македонските имиња, ама ќе се збунуваат читателите. Истото важи и за афиксите (освен за наставка и претставка). Чинам имаше меѓујазични врски, или грешка сум? Ќе видам сега... позз--Никола Стоіаноски 13:12, 8 мај 2013 (CEST)
- Ова е зезнато со wikidata. Ако направиш пренасочување на некоја статија, а не ја ажурираш македонската меѓуврска на wikidata, тогаш не го дава меѓуврските. Треба да се оди и на википодатоци и таму да го смениш старото име со ново.--Никола Стоіаноски 13:18, 8 мај 2013 (CEST)
Помош
уредиЗдраво Бојан. Навистина извини што пречам, само треба мала поправка во Шаблон:Нумери. All lyrics треба да се преведе. Еве види што излегува во поднасловот Список на песни.--Вик Ретлхед (разговор) 12:49, 12 мај 2013 (CEST)
Прашање
уредиДали може да си прикачиме наша слика во нашата корисничка сметка? Благојче Дишоски
Здраво!!!
уредиДали може вака да изгледа нашата корисничка сметка, т.е прашањето ми е дали можиме да си ја уредуваме по наш сопствен избор ? Ви благодарам однапред!!! Поздрав!!! http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA:Blagojcedisoski --- Благојче Дишоски
Скриен коментар
уредиМоже ли да дадете дополнително објаснување на вашиот скриен коментар овде?--brest (разговор) 10:27, 13 мај 2013 (CEST)
Ваше мислење
уредиЗдраво Бојан. Сакам да ве замолам да се изјасните по повод дискусијата и предлог-решенијата „арбитража“ или „одземање администраторски права“ на корисникот Brest. Дискусијата е водена тука.--Никола Стоіаноски 18:02, 15 мај 2013 (CEST)
Здраво!!!
уредиДали може веќе подигнатите податотеки, да ги искористиме? Пр: правиме статија за APPLE INC. и да ги искористиме сликите од англиската верзија на википедија ? -----Благојче Дишоски
Бришење слика
уредиАј ако сакате избришете ја податотекава(сликава) ППЃП.jpg ( http://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%9F%D0%9F%D0%83%D0%9F.jpg ) Ви благодарам !!! -- Благоје Дишоски
Германски езера
уредиПри создавање на статија за некое езеро во Германија, дали треба да се транскрибираат имињата или да се променат со наша наставка. Прашањето ми е, дали треба Зенфтенбергзе или Зенфтенбершко Езеро, што е правилно? Гледам низ другите јазици се употребуваат и обата примера, па ме збунија дополнително. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 13:03, 19 мај 2013 (CEST)
Номинирани статии
уредиМоже да ми кажете што значи оваа опција и која е нејзината функција? Мислев за точката номинирана статија....еве видете овде можеби ке ви стани јасно ? http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%9F%D0%83%D0%9F --Благојче ДишоскиЧлен ППЃП 18:20, 19 мај 2013 (CEST)
Птиците и пак птиците
уредиОсвен првичната литература со имињата на птиците во Македонија, конечно се сетив да го консултирам професорот Б. Мицевски и за класификацијата, бидејќи заглавив малку со неа. Тој ми даде литература и ми сугерираше да ја поправам статијата со класификацијата која беше превод од српската. Тоа, за жал ќе повлече доста поправки и на други статии и категории. Иако и јас како тебе одев по логиката дека ако е ред птици, тогаш се „-видни“, ако е фамилија, тогаш е некоја множина, а самиот вид во еднина (на пр. ред: пеликановидни, фамилија: пеликани; вид: обичен пеликан). Ама, во нашата најстручна литература не било баш така. Мислам дека би било добро да се раководиме по најновава поправка, а јас деновиве ќе го досредам списокот со птиците според неа. Исто така, Категоријата:Птици по класификација; не ми изгледа баш добро, зашто таму има доста фамилии кои се напишани со наставката - видни. Јас запрев со статиите за редови и фамилии кај Charadriiformes зашто знаев дека мојот личен назив не е добар. Ги напишав како „барски птици“, а во стручнава литература, само за тоа, воопшто нема превод, туку е оставено така, ред: Charadriiformes. Но, бидејќи подредот Charadrii е преведен како бекасови (земено од бугарскиот), во статијата на класификацијата напишав бекасови птици (ми изгледа подобро отколку да остане Charadriiformes). Што значи, мојата статија за редот барски птици, треба да се преименува во бекасови птици. Инаку, се сложувам со розовото фламинго (кај нас е само фламинго, зашто е едно, ама во светот не е така), а во право си и што си го напишал со мала буква, ама сепак, цел список е со големи букви и сега само тоа штрчи. Јас ги пишував со големи зашто мислев дека само така ќе се поврзат со статијата (а таа ми беше прва статија), а не дека е така правилно. И сега не знам дали паааааак и тоа да го поправам? Поздрав Guc zc (разговор) 03:13, 5 јуни 2013 (CEST)
- Освен во врска со редот и фамилиите во Charadriiformes, ништо произволно не сум напишала. А тука дилемите се заради тоа што во суштина не постои превод (што значи - да, и „блатарки“ е прилично произволно, како и „пескари“). Мислам дека јас и ти треба да одлучиме што ќе официјализираме. Искрено пескаровидни не ми се допаѓа, зашто ми нема смисол (самиот збор). На пр. кокошковидни ми има - во вид на кокошки, а овде повеќе асоцира на песок отколку на некаков облик на животно. Според мене, мислам дека заради енциклопедијата, и стручнава литература што сега ја земав, сепак не е лошо да се задржиме на бекасови птици, не бекасововидни, не барски, не блатни, не пескаровидни. Стварно не знам. Кога ќе одлучиш кажи ми, да почнам да се раководам по тоа.
Што се однесува до „луња“ воопшто не размислив. Во право си - луња значи едно, луна сосема друго. Луња си е вистинското (поправи ги, зашто јас не знам како - во насловот). Има и други називи до кои уште не сум дошла, ама последно што забележав беше - биљбиљ (така си е во правпис и така треба да биде); ќос??? - па го преправив во кос (зашто така си го знаеме, нели) и плус таа не е ќоса (ќелава), како и звингалки - што според правопис треба да се ѕвингалки, кои уште не сум ги сменила, ама ќе ги сменам. (И секако дека во стручната литература секогаш има грешки, а особено од аспект на правопис). Во врска со статијата за лештарката. Мислам дека е поубаво сите птици да ни бидат во горе-долу ист шаблон. Односно, 1-2 воведни реченици, па поднаслови со: распространетост, опис, живеалиште, исхрана, размножување и ако има уште нешто. Може да ја направам така? И не знам што друго требаше да одговорам на твојот маратонски текст :), ама кога ќе се сетам, ќе ти кажам.Guc zc (разговор) 15:32, 5 јуни 2013 (CEST)
Move page
уредиPlease, move Аутес to Оутес, because I think that Оутес is the correct transcription for Outes. --Vivaelcelta (разговор) 23:35, 9 јуни 2013 (CEST)
- You are welcome :). In this wiki do you have a this template en:Template:Otheruses? Please add its interwiki in Wikidata. --Vivaelcelta (разговор) 16:18, 12 јуни 2013 (CEST)
- Can you respond me? --Vivaelcelta (разговор) 11:15, 15 јуни 2013 (CEST)
Ako si zainteresovana možeš ovde staviti poptis tako bot može pozdravljati korisnike u tvoje ime. Pozdrav! --Kolega2357 (разговор) 11:59, 15 јуни 2013 (CEST)
Hot Cat
уредиЗдраво Бојан. Извини што ме немаше последниве две недели, бев зафатен со матурските испити. Туку, зборот ми беше ако сакаш да ми објасниш за што служи Хот Кет, гледам се користи за додавање категории, па би ми било полезно и јас да го имам. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 08:18, 18 јуни 2013 (CEST)
- Пак јас. Те молам оди во архивава и тргни ја 2011 од горниот редослед (на вики сум од 2012).--Вик Ретлхед (разговор) 20:30, 18 јуни 2013 (CEST)
Обединета Македонија
уредиЗдрвао Бојан. Како е? Ај ако сакаш дади објаснување тука. Поз--Никола Стоіаноски 12:59, 30 јуни 2013 (CEST)
Name change
уредиI would like to request a rename of user Mitar to something else. I would like to use username Mitar as unified username accross all Wikipedias. Mitar 24.7.113.205 (разговор) 07:42, 6 јули 2013 (CEST)
Darkicebot
уредиCould you please remove the bot flag from my bot, User:Darkicebot? It will not be active. Thanks, Razorflame (разговор) 03:23, 25 јули 2013 (CEST)
Конкурс за фотографија
уредиЗдраво Бојан, дали ќе сакаш да пишеш свое мислење (ти се чини корисно или не) околу конкурсот за фотографија на споменици во Македонија. На селска чешма ја отворив темата - линк. Поздрав --Виолетова (разговор) 14:18, 2 август 2013 (CEST)
Issue on Meta
уредиHi there mate, there was an issue earlier on Meta that I think deserves you being informed about. I was logged in on Commons, and followed a link to Meta. When I arrived on meta.wikimedia.org the interface was in zh-hans (unusual for a Macedonian user to be using a Chinese interface), and I was logged in as yourself, instead of in my own login. I was still logged into commons and da.wp under Russavia. I was able to view your Special:Preferences on Meta, which included your email address, etc. Whilst I was bringing this to the attention of techs on #wikimedia-tech, another editor confirmed that they too were logged in as yourself on Meta, meaning the bug wasn't restricted to myself. You may wish to contact Tim Starling to see what the issue was exactly, but as you can see from this edit, there were obviously others logged in as yourself on Meta as well (that was not me who made that edit). After techies believed they had killed the cookie session making people being logged in as yourself, I was still logged in, and I did make this edit confirming that not only was I logged in as you, but I was able to edit as you.
Please be aware that whilst there were others also being logged in as you, your email address was visible in the Special:Preferences on Meta. I was going to try and remove that, not knowing who else had access to your account, but to change your email it required your password, which I did not have access to. The fact the interface was in zh-hans would indicate to me that others did have access to your account and made that change themselves. Rest assured, any private information I saw was not kept, taken a copy of, nor shared with any other individuals, and at no stage did I (I believe) have the ability to change passwords, etc. But as a precautionary measure, you may wish to change your SUL password, and if you have any concerns, please get in touch with Tim Starling or jump on #wikimedia-tech on IRC and ask them for what the issue was so you have a better understanding.
Anyway, I am just giving you a heads up that this occurred earlier, so that you are informed that your details on Meta may have been compromised by this flaw which is now fixed. Cheers, Russavia (разговор) 13:00, 19 август 2013 (CEST)
- Hi again, this might give you some further information on what occurred, etc. Russavia (разговор) 16:17, 19 август 2013 (CEST)
Избрани статии
уредиЗдраво Бојан. Извини што пречам, само да те замолам да го затвориш гласањето за избрани статии. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 12:03, 20 август 2013 (CEST)
Molim te obriši ovaj članak jer je u pitanju Cross Wiki obama i prevara. Pozdrav! --Kolega2357 (разговор) 01:43, 29 август 2013 (CEST)
Obriši ovu korisničku stranicu jer korisnik pod tim imenom ne postoji. --Kolega2357 (разговор) 10:10, 4 септември 2013 (CEST)
За еден природонаучник
уредиВо последниве статии почесто ми се појавува Coenraad Jacob Temminck, и баш убаво што си ја направил статијата за него на македонски. Патем, сега дури гледам колку ти најмногу работиш на Википедија, алал да ти е. Секоја пофалба! Зборот ми е, мислам дека презимето би требало да биде Теминк, а не Темник, како што стои во насловот, па ако не ти тешко, види... Поздрав Guc zc (разговор) 16:09, 5 септември 2013 (CEST)
Градови во Сар
уредиЗдраво, после цело лето неактивност на Википедија, повторно се зафатив со пишување и веднаш ми се појави недоумица. Имено, се работи за градовите во сојузната покраина Сар во Германија, особено за Saarlouis. Летово токму се наоѓав во овој дел на Германија, па имав прилика да го слушнам изворното изговарање на овие градови, кои ги изговараат со „З“, а за градов беше употребено „Зарлуј“. Знам дека кај нас се користи „С“ за Сар па така нема што да се расправа за првиот дел, но што ќе биде со вториот дел. Русите го имаат транскрибирано како „Саарлуи“, Србите како „Сарлоуис“ (што е без врска). Прашањето ми е дали да биде „Сарлуи“ или „Сарлуј“. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 13:51, 13 септември 2013 (CEST)
Talk pages
уредиHi. Do you have a local policy here on mk.wikipedia that says that it's OK to remove other users contribution on talk pages? I'm thinking of this where the user doesn't seem neutral to the subject. -- Tegel (разговор) 20:02, 21 септември 2013 (CEST)
MFA.Kabinet.RM i Capital Punishment Penalty
уредиBlokirati ove korisnike trajno jer zloupotreba vise naloga u pitanju. --Kolega2357 (разговор) 14:39, 1 октомври 2013 (CEST)
Sakri ovu reviziju. --Kolega2357 (разговор) 12:25, 2 октомври 2013 (CEST)
Hoćeš li sakriti gore navedenu reviziju ili nećeš? --Kolega2357 (разговор) 00:18, 4 октомври 2013 (CEST)
Čovek preti da ću biti ubijen zar to nije protiv Vikipedijinih pravila? --Kolega2357 (разговор) 01:23, 4 октомври 2013 (CEST)
Tačno slažem se da može služi kao dokaz onda ne treba sakrivati ok. Pozdrav! --Kolega2357 (разговор) 02:13, 4 октомври 2013 (CEST)
Анонимен уредувач
уредиЗдраво Бојан. Ако може да видиш што е работата со корисникот на кој му изреков опомена. Мислам дека користи разни IP-адреси за да прави штетни уредувања. Стварно е упорен и не можам да трчам по него постојано. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 15:08, 3 октомври 2013 (CEST)
Помош со птиците
уредиБојан, за некој ден ќе ги завршам статиите за видовите птици во Македонија, ама со фамилиите и редовите имам проблем, навистина ми се многу тешки. Сакам целата страница со „Списокот“ да биде „сина“, ама кога ќе погледнам било која англиска статија за фамилија, паника ме фаќа - не знам како да ги преведам видовите, а да не зборам за фосилите и сличните работи со кои немам никакво искуство. Се надевам дека ти би можел да помогнеш тука, ептен добро ги правиш таквите статии. А и нешто друго сакав да те прашам, ама ај пиши ми на меил, да се договориме, може? bibebog@gmail.com Поздрав Guc zc (разговор) 23:28, 3 октомври 2013 (CEST)
/* Komentar za Kolega2357*/
уредиМојот предлог е да се тргнат коментарите од Kolega2357. Не им е место овде.